Menu

Што претставува ROI во обложувањето и како да се пресмета?

ROI в спортивных ставках
Приходот од инвестициите е важен показател за секој инвеститор или играч, кој овозможува да се спореди степенот на приходот со првичната вложена сума на пари. Благодарение на него може да се оцени оправданоста на инвестицијата и да се сфати колку е ефикасна избраната стратегија . Во новата лекција ќе позборуваме за показателот ROI, неговите вредности и начините за пресметување.

Што претставува ROI во спортските облози?

На секој играч кој поставува спортски облози ќе му биде интересно да го дознае приходот од своите облози. За ова треба да се пресметаат инвестициите. За да се добие точен одговор, потребно е да се применат неколку лесни математички формули кои се кријат зад поимот ROI. Оваа скратеница ја крие колокацијата Return on Investment која се преведува како „поврат“ или „оправданост на вложените инвестиции“. Со други зборови, тоа е величина во проценти која помага да се вреднува успешноста на вложените пари во спортски облози.

На тој начин, показателот ROI на типувачите им помага да го анализираат резултатот од направените облози. Благодарение на удобниот показател може да се донесе одлука за понатамошна употреба на избраната стратегија или за менување на начинот за поставување на облози. Затоа почетникот треба да научи да го пресметува повратот на инвестицијата и да го применува во спортското обложување, особено кога типувачот прави многу облози и сака да ја проанализира својата игра.

Како се пресметува повратот на инвестицијата во облози?

Постојат неколку формули за добивање на показателот ROI. Во бизнисот и финансиските инвестиции, каде што високо се цени точноста, се применуваат посложени пресметки. Сепак, за спортското обложување вредноста на стотинките од процентот не е толку важна. Затоа ќе ја наведеме најпростата и најефективната формула за пресметување на ROI.

Општата формула за добивање на показателот за поврат на инвестициите изгледа вака:

ROI (чист приход/ висина на инвестицијата)* 100%, притоа чист приход = сумата на приходот – сумата на инвестицијата.

Пренаменувајќи ја оваа формула за пресметување на ROI во облози ќе добиеме:

ROI = ((сумата на добивката – сумата на облозите) / сумата на облозите)* 100%

Ќе наведеме пример за да стане појасно како да се користи горенаведената формула.

Да претпоставиме дека играчот имал почетен банкролл од 500 долари. Биле поставени 10 облози. 6 од нив биле добитни, а 4 недобитни. Според резултатите од 10 спортски облози, типувачот останува со 700 долари. Врз основа на овие податоци може да се пресмета приходот од спортските облози:

ROI = ((700 – 500) / 500) * 100 = (200 / 500) * 100 = 40%

Така играчот ги оправдал своите инвестиции во облози и добил приход од 40%.

Што дава пресметувањето на показателот ROI во спортски облози?

Многу почетници го поставуваат прашањето „Зошто да се применуваат формули, кога и така е јасно кога си во плус.“ Тоа тврдење може да се земе предвид кога станува збор за мал број на облози поставени од играчот. Во случај кога нивниот број расте, а настаните се расфрлани, обложувалницата долго ги пресметува добитните облози и парите не се префрлаат веднаш на сметката, потребно е да се прави евиденција на целата обложувачка кампања. Во овој случај, нема ништо поудобно за анализирање од користењето на лесната формула преку која се добива показателот ROI или повратот на инвестициите во облози.

Сакаме да забележиме дека ROI во облози може да биде позитивен, негативен и еднаков на нула. Во првиот случај играчот добива приход од потрошените пари на облози. Ако показателот е еднаков на нула, тогаш типувачот не добил ништо од своите облози, но и не отишол во минус, како што е случај при негативниот показател на ROI. На тој начин, освен разбирањето на тоа дали играчот добива приход или не, може да се сфати и колку е ефективна избраната стратегија, и соодветно да се прилагоди.

Почетниците не треба веднаш да се ориентираат на висок ROI во спортски облози. И показателот од 0-10% не е лош резултат. Важно е да не биде негативен. Само по стекнување на доволно знаења и искуство, играчот ќе може да цели кон повисок показател за враќање на инвестициите во облози.

Како заклучок, сакаме да кажеме дека оправданоста на инвестициите е многу моќен инструмент и индикатор за типувачот. Благодарение на ROI може лесно да се дознае како стојат работите кај играчот кој поставува облози. Затоа, ако сè уште не го користете овој начин за анализа, дефинитивно ви препорачуваме да водете дневник за облози и да почнете да го пресметувате својот ROI показател. Тоа е следен чекор кон тоа да станете професионален играч.


22bet RU

Читај исто така