Menu

Кога треба да се зголеми висината на спортските облози?

Увеличивать размер ставок
За почетникот важно е да научи правилно да го распределува својот буџет, за секогаш да остане „на површина“ и во случај на серија на губење да може да ги одигра своите пари во обложувалницата. За ова стануваше збор во лекцијата за формирање на банка на облози. Сепак, секоја од избраните стратегии за формирање на банкрол, дали тоа ќе биде фиксна сума, процент или варијабилна сума, се градат врз основа на искуството на играчот. Колку поуспешни се неговите претходни облози, толку повисока ќе биде и сумата. Кога таа треба да зголемува? Ќе позборуваме во последната лекција од нашата школа.

Време за зголемување на висината на облогот

Во претходните лекции ги замоливме читателите да бидат внимателни со поставувањето на големи суми на облози. Импулсивните облози без дополнителна анализа можат да донесат лоши резултати. Сепак, откако играчот ќе насобере одредено искуство и ќе почне да се чувствува поуверено, може да проба да ја зголеми сумата на облогот.

Играчите кои формирале банкрол и спокојно поставуваат облози по сопствена шема треба да погледнат колку брзо се зголемува нивниот приход. Ако приходот од инвестициите се зголемува бавно, а притоа бројот на победите го надминува бројот на губења, време е за преиспитување на трошоците.

Пред се треба да се започне со аналитичка работа: да се види кои облози носат приход и да се проба да се зголеми висината на облогот. Сепак, за тој чекор треба да се прегледа и банкролот, бидејќи имено од резервниот фонд зависи успехот на целата работа. Висината на банката за облози треба да се зголеми за сума еднаква на сумата на облозите, кои планира да ги прави типувачот.

Откако ќе биде формиран банкролот, може да се зголемува и сумата на облози. Неколку облози ќе покажат дали треба да се прават дополнителни пресметки или да се направи чекор назад.

Прашања кои помагаат во одлуката за повишување на сумата на облози

За почетниците кои добиваат мал, но стабилен приход, потребата за повишување на сумата на облозите не секогаш е очигледна. За да се сфати дека е време, треба да се одговори на неколку прашања:

  • Дали се зголемил капиталот на сметката без дополнително внесување на средства на депозитот?
  • Дали има стабилен неделен или месечен приход?
  • Дали стратегијата на обложување работи?
  • Дали има дневник за облози, кој го потврдува успехот на стратегијата?
  • Дали показателите за враќање на инвестицијата (ROI) се позитивни?
  • Дали играчот се чувствува посамоуверен?
  • Дали постои разбирање за психологијата на облозите и нејзиното влијание на успехот?
  • Дали научивте да ги задржувате емоциите и да не правите импулсивни облози?
  • Дали редовно ги прегледувате грешките и изгубените облози?

Ако играчот одговори потврдно на секое прашање, значи дека треба да ја зголеми висината на спортските облози. Сепак, не треба веднаш да се трошат големи суми. Искусните играчи препорачуваат висината на облозите да се зголемува за 10-25%. Во никој случај облозите не треба да се зголемуваат за и повеќе од 50%. Во тој случај играчот презема висок ризик кој може и да не се оправда. Секогаш треба да се памти правилото дека спортските облози се бизнис, а успехот на бизнисот зависи од правилното управување со средствата.

Во случај ако играчот нема да може да даде позитивен одговор барем на едно од прашањата, тогаш треба да поработи на нив и да ја поправи ситуацијата. Само при целосна увереност во своите сили може да се премине на следното ниво.

Анализа на ситуацијата кога треба да се зголемува сумата на облозите

За конечно да одговориме на прашањата за зголемување на облозите ќе дадеме мал пример.

Да претпоставиме дека играчот има банкрол од 1000 долари. Тој прави облози во висина од 5% од парите. По поставување на 20 облози банката изнесува 1200 долари. На тој начин типувачот успеал да заработи 200 долари или просечно 10 долари од секој облог (не сметајќи ги недобитните). Показателот на ROI изнесува (200/1000)* 100% = 20%.

Во овој случај играчот може да ја зголеми висината на облогот. Ако ROI беше низок до (до 5%) или негативен, тогаш не треба да се брза со зголемувањето на трошоците за облози.

Поздравляем с окончанием школы ставок

Тоа е се што сакавме да го напишеме во оваа лекција. Се надеваме дека информацијата во оваа статија, како и во претходните ќе ви биде интересна, а нашата школа за облози ќе ви помогне да ги раширете вашите знаења за спортското обложување и да го зголемете чистиот приход од спортските облози.

Ви посакуваме среќа!


melbet Portugal

Читај исто така