Menu

Обложувалница Мелбет (Melbet): преглед на Андроид апликацијата

Корисниците на телефони со оперативен систем Андроид имаат можност да инсталираат посебна програма на својот уред. Во претходната статија за мобилната апликација Мелбет (Melbet) ние ги опишавме основните карактеристики на програмата и нејзините предности за типувачите. Сепак, кај читателите се појавуваат многу дополнителни прашања во однос на инсталирањето и користењето на апликацијата. Затоа ние решивме подетално да ги разгледаме во новата статија.

Инсталирање на апликацијата Melbet (Мелбет) на Android

Во официјалната „продавница“ на Андроид нема да најдете мобилна апликација за Мелбет (Melbet). Според правилата на Play Market, обложувалниците или казината треба да поседуваат национална, а не офшор лиценца. Бидејќи Мелбел користи дозвола за игри на среќа од регистратор од Курасао, таа не може да ја објави својата апликација на маркетплејсот.

Отсутството на апликација од Melbet (Мелбет) на Андроид маркетплејсот се користи од страна на измамниците, кои нудат линкови за инсталирање на лажни програми. Затоа не препорачуваме да преземате и инсталирате apk-фајлови од непроверени извори. Најбезбедниот начин за преземање на апликацијата на телефон е преку официјалниот сајт на обложувалницата. На порталот постои раздел „Пристап до сајтот“, каде може да го најдете линкот за преземање на инсталациониот фајл. Притоа, верзијата на Android на телефонот треба да биде 4,4 или повисока.

Во случај на блокирање на официјалниот сајт Мелбет (Melbet), на него може да влезете преку промена на IP-адресата. За тоа може да користите VPN-сервис, во вид на посебна програма или како плагин за пребарувачот. Исто така ќе помогне и функционално огледало од обложувалницата. За тоа, како да најдете сајт-клон за Мелбет, пишувавме во одделна статија на нашиот сајт.
По влегувањето на порталот на обложувалницата треба да го преземете инсталациониот фајл на вашиот телефон. Понатаму мануелно треба да ги промените поставките за безбедност, за рачно да ја изведете инсталацијата на apk-фајлот. За ова треба да влезете во разделот „Безбедност“ и да дозволете инсталирање од непознат извор. По завршувањето на инсталирањето на апликацијата, поставките на телефонот можете да ги вратете во почетната состојба. Тоа нема да влијае на понатамошното користење на програмата на уредот.

Приложение Андроид от Мелбет

Карактеристики на апликацијата Мелбет (Melbet) за Android

Веб-сајтот на обложувалницата Мелбет е оптимизиран за обложување преку мобилен телефон. Сепак, апликацијата Мелбет (Melbet) за Андроид си има свои предности. Ќе ги издвоиме клучните „плусови“ на програмата:

  1. Удобен интерфејс. И покрај прилагодливиот дизајн на сајтот, интерфејсот на апликацијата подобро се прилагодува на големината на телефонските екрани. Едноставната навигација и брзото преминување кон саканиот раздел – ова е главната предност на програмата за смартфони.
  2. Поголем избор на функции. Функциите на програмата и основниот сајт за обложување се речиси исти. Корисниците можат да креираат нова корисничка сметка, да го пополнуваат депозитот и да повлекуваат пари, да формираат облози пред натпревар и во живо, да учествуваат во бонус програмите и акциите, да се поврзат со службата за поддршка.
  3. Заобиколување на блокирањето на сообраќајот. При користење на апликацијата Melbet (Мелбет) на Android, играчите нема да имаат проблеми со ограничувањето на пристапот до својот профил. Вградениот VPN-сервис помага да се заобиколи блокирањето на сообраќајот од страна на серверот.
  4. Брзо обложување. Корисникот не треба да го внесува корисничкото име и лозинката за да влезе во својата сметка. Доволно е да ги користи биометриските податоци за брзо најавување. Така заштедува време, кое може да го користи на обложување.
  5. Брзина на работата. Мобилната апликација Мелбет (Melbet) за Андроид работи брзо дури и при ниска брзина на интернетот и дополнително го штеди вашиот сообраќај.
  6. Видео пренос на натпреварите. Преку апликацијата за смартфон достапни се директни видео преноси на спортските настани. Благодарение на тој процес обложувањето во живо стана попривлечно и поудобно.
  7. Автоматско обновување. Корисникот не треба рачно да ја презема и да ја инсталира новата верзија на апликацијата. Програмата се обновува автоматски, давајќи нови опции за обложување.
  8. Безбедност. Мобилната апликација Мелбет (Melbet) безбедно ги чува личните податоци на корисниците, гарантирајќи безбедно обложување.

Мобильное приложение на Андроид Мелбет

Со другите предности на апликацијата Мелбет (Melbet) на Android можете да се запознаете откако ќе ја инсталирате на вашиот телефон.

Обложување преку Андроид апликацијата од Melbet (Мелбет)

Обложувањето преку апликацијата за Android од Melbet (Мелбет) е прилично едноставна операција. Според мислењето на повеќето корисници спортското обложување преку програмата е побрзо отколку преку веб-сајтот. Според нас, се зависи од искуството на клиентот.

Процесот на формирање на облог во апликацијата за Android од Melbet (Мелбет) е многу едноставен и јасен. За извршување на оваа операција потребно е:

  1. Да создадете корисничка сметка или да се најавете со помош на своето корисничко име и лозинка.
  2. Да внесете пари на сметката за играње доколку немате.
  3. Да го изберете видот на облогот (преднатпревар или лајв), и со помош на филтер да го изберете саканиот спортски настан.
  4. Да го најдете саканото првенство или видот спорт.
  5. Во понудата да го изберете исходот на настанот и соодветниот коефициент, да го додадете во тикет.
  6. Да изберете единечен облог (за еден настан) или комбиниран (за две или повеќе настани).
  7. Да ја наведете сумата и да ја потврдите, со кликнување на копчето „Направи облог“.

Како заклучок на горенаведеното ќе забележиме дека мобилната апликација Мелбет (Melbet) за Андроид е одлична програма, која овозможува брз и непречен пристап кон обложувањето, создавајќи удобни услови за обложување преку телефон.


Читај исто така