Menu

Преднатпреварски и лајв облози: каде се подобри коефициентите?

Предматчевые и live-ставки
Во претходната лекција зборувавме за стратегијата за обложување на фаворити. Меѓу другото, стана збор и за коефициентите: правилниот избор на настани за обложување. Сепак, при формирањето на сопствената стратегија на обложување треба да се обрне внимание не само на преднатпреварските настани, но и на игрите кои се одвиваат во живо. Затоа во статијата ќе го разгледаме ова прашање подетално и ќе ги споредиме преднатпреварските со лајв облозите.

Преднатпреварски спортски облози

Како што беше забележано претходно, почетникот треба да ја усвои теоријата и да ја практикува преку поставување на облози. Најдобриот начин да се научи основата претставуваат преднатпреварските облози или, како што уште ги нарекуваат, преднатпревари. Тоа се облози на натпревари кои ќе се одвиваат во иднина: по 5 минути, час, деноноќие итн. Обично типувачите кои работат со преднатпреварски облози имаат доста време за анализа на играта. Имено заради тоа почетниците високо го оценуваат овој вид на обложување.

Сепак, обложувалницата, нудејќи коефициенти за натпреварите, исто така, ги пресметува потпирајќи се на своите сопствени прогнози. Задачата на обложувалницата е да заработува. Затоа во играта каде што однапред е познат фаворитот, за него обложувалницата нуди низок коефициент. Нема да се задржуваме на ова, бидејќи веќе напоменавме за стратегиите за обложување на потенцијални победници во претходната статија. Сакаме само да забележиме дека обложувањето на фаворит во случај на победа ќе донесе мал приход. Во тоа и се крие проблемот на ваквите облози.

Ќе ги наведеме основните предности и недостатоци на преднатпреварите.

Традиционално ќе започнеме со плусовите:

  1. Голем список со настани. Играчот може да се запознае со стотици, дури и со илјада натпревари за многу видови спортови во различни лиги. Има можност да се избере интересен настан за обложување.
  2. Билтенот се менува бавно. Типувачот има можност да ги оцени силите на екипите или спортистите и да одлучи како ќе игра. Исто така, може да се запознае со коефициентите во различни обложувалници и да ја избере таа обложувалница каде што понудата е подобра.
  3. Не треба да се контролира облогот. Преднатпреварските облози се удобни заради тоа што кога ќе се постават однапред не мора да се седи пред екранот и да се набљудува исходот на натпреварот. Важно е да се направи правилна прогноза.
  4. Коефициентите го карактеризираат натпреварот. Обложувалницата, извршувајќи ја својата аналитичка работа, нуди коефициенти за натпревар кои ја покажуваат силата на екипата или спортистите. Во таков случај, поедноставно е да се користи стратегијата обложување на фаворит.

Како недостатоци на преднатпреаварските облози може да се издвојат:

  1. Точниот билтен. Коефициентите се изработуваат од страна на аналитичарите на обложувалницата. Затоа фаворитот се одредува внимателно и да се победи обложувалницата е речиси невозможно.
  2. Отсуство на информации за финалниот состав на екипата. Во случај на спортски облози со спортски екипи играчот не знае кој состав ќе го пушти тренерот. Тоа, исто така, влијае на финалниот исход на натпреварот.
  3. Отсуство на можност да се контролира натпреварот. Корисникот обично е ограничен во однос на осигурувањето на облозите. Во случај на пораз, нема можност да се влијае на крајниот резултат.
  4. Намалување на коефициентите од типувачите. Колку повеќе корисници ќе се обложат на еден учесник во натпреварот, толку повеќе се намалува коефициентот. Затоа интересни коефициенти има само на почетокот на натпреварот.
  5. Ограничен број на вредни облози. Можност да се постави облог на потценети исходи има само при појавата на настаните. Потоа тие се корегираат од страна на обложувалницата.

Лајв спортски облози

Сега ќе раскажеме накратко за live-облозите или за таканаречените лајвови. Тоа се облози кои играчот може да ги поставува во живо. Денес овој вид на облози добива голема популарност и обложувалницата се труди да ја зголеми понудата на лајвовите. Сепак, нивниот број како и претходно е помал од преднаптреварските облози.

Како предности на live-облозите може да се издвојат:

  1. Присуството на информации за натпреварот. Играчот ги знае сите податоци за составот на екипите, кондицијата на спортистите итн. Благодарение на тоа може да се направи поточна прогноза на исходите.
  2. Понеточен билтен. Против типувачите играат аналитичарите на обложувалниците. Тие ги одредуваат коефициентите во текот на натпреварот и често грешат. Затоа постои можност да се победи обложувалницата.
  3. Повредни облози. Бидејќи аналитичарите на обложувалниците можат да ја потценат екипата или спортистот, типувачот има шанса да добие прилична добивка.
  4. Можност да се покрие облогот. Ситуацијата во играта може да се менува, како и коефициентите. Ова на типувачите им дава можност да се обложат на друг исход и да ја покријат загубата на облогот.
  5. Повеќе „вилушки“ во натпреварите. Искусните играчи можат да се обложуваат без загуба на парите. Вилушките честопати се достапни имено во лајвовите.
  6. Брзо пресметување на натпреварот. По завршувањето на играта корисникот може веднаш да ги добие парите назад. Во преднатпреварските облози тоа не е можно.

Недостатоци на лајвовите се:

  1. Лимитирани облози. Обично обложувалниците ги ограничуваат облозите. За почетниците тоа не претставува проблем, меѓутоа на искусните корисници ова не им дава можност да добиваат голема добивка.
  2. Поголема маржа. Обложувалниците вешто ги пресметуваат коефициентите добивајќи голема маржа.
  3. Брзо одлучување. Типувачот нема многу време за анализирање. За да добие добар коефициент за обложување, типувачот треба брзо да одлучи кој е победникот на натпреварот.
  4. Потребно е да се гледаат натпреварите. За играчот да може да управува со својот облог во текот на натпреварот треба и да го гледа. Оваа можност не ја нудат сите обложувалници. Освен тоа, треба да имате време за да ги гледате спортските игри.
  5. Мал билтен. Настаните за поставување на live-облози се помалубројни отколку преднатпреварските. Затоа треба да се избере од оние што ги нуди обложувалницата.

Кога треба да се избере преднатпревар, а кога лајв?

По краткото разгледување на предностите и недостатоците на преднатпреварските и live-облозите, ќе ги издвоиме оние ситуации кога нивното користење е најоптимално. Така, преднатпреварите најисплатливо е да се прават кога играчот го знае фаворитот на натпреварот и е уверен во неговата победа. Покрај тоа, коефициентите за победникот се прилично високи и одговараат на стратегијата на играта на потенцијалниот победник. Во случај кога играчот ги пресметува коефициентите за преднатпреварските облози и гледа дека се намалени или има време за да го гледа настанот/да управува со исходот, тогаш треба да користи live-обложување.

Секако, при обложувањето треба да се земат предвид многу фактори. Сепак, благодарение на доброто планирање и градење на стратегијата на играта може да се добие прилично добар резултат. Затоа препорачуваме да користите преднатпревари и лајв. Овие облози ќе помогнат за балансирање на банкролот на играчот.


melbet Portugal

Читај исто така