Menu

Психологија на обложувањето: кои чекори ќе му донесат успех на играчот?

Психология ставок
Нашата серија на лекции ја продолжуваме со психологија на облози. Можеби ви се чини дека доволно зборувавме на оваа тема, меѓутоа за расположението на играчите, нивниот приод кон решенијата за обложување, емоциите и другите фактори кои влијаат на обложувањето може да се зборува многу. Ние ќе се потрудиме да ги разгледаме само основните принципи кои на почетниците ќе им помогнат да станат поискусни играчи. Затоа, денес ќе стане збор за чекорите кои ќе му донесат успех на типувачот.

Што влијае на успехот во обложувањето?

Во текот на целата наша школа стануваше збор за знаења, пракса, расположение и како резултат – стекнување на искуство. Колку повеќе спортски облози има направено играчот, толку повеќе шанси има правилно да се пресмета исходот на натпреварот и облогот да биде добитен. Во претходната лекција зборувавме за тоа како најпознатите типувачи користат математика за создавање на сопствени стратегии. Покрај формулите, на играчите, исто така, и помага и увереноста во себе. Сето тоа придонесува за добивање колосални резултати во спортското обложување.
Горенаведените аспекти на обложувањето се изучуваат од психологијата за облози. Вештината да се контролира сопствениот разум, добивањето на нови знаења и тренинзи (пракса) сето тоа влијае на успехот во облозите. А бидејќи поимот психологија на облози е многу широк, ние подготвивме 5 основни чекори кои на почетниците ќе им помогнат да станат уште поуспешни.

Поставување на цели во спортски облози

Првиот чекор кој треба да го направи секој играч е поставување цел кон која ќе се стреми. Ако облозите на играчот му предизвикуваат задоволство, тогаш можеби и не треба да се оптеретува со материјалниот дел, туку да направи поедноставна стратегија? А играчите кои се стремат да станат професионалци, треба повеќе да учат и да вежбаат. За ова зборувавме во претходната лекција.

Како треба да звучи целта за обложувањето? Максимално детално и јасно за играчот. На пример, „Јас сакам да станам играч кој добива приход од облози во тек на наредните 6 месеци. Мојата цел е неделен приход од 1000 долари“ или „Мојата цел е да заработувам не помалку од 5000* преку облози за време на фудбалската сезона за 2021г“. На тој начин, поставувајќи ја целта, играчот може да премине кон нејзино исполнување.

Реални очекувања од обложувањето

Поставувањето на цели во обложувањето е навистина важно. Сепак, играчот треба да разбира дека високите очекувања и тешките цели може да донесат разочарувања. Доколку типувачот бавно се движи кон својата желба, тој може да се откаже. Постепеното искачување ќе го однесе типувачот кон неговиот Еверест. Затоа на типувачите им препорачуваме да ја поделат својата цел на неколку потцели кои ќе бидат поедноставни за надминување, и за да добијат задоволство од нејзиното постигнување.

Реалните очекувања при правилното користење ќе служат како позитивен стимул за постигнување на целите. Кога играчот постигнува помала цел, тоа ќе му биде поттик за да продолжи понатаму.

Ќе наведеме пример од размислување на тема очекувања во спортски облози. И така, играчот сака да добива приход од облози и веднаш да го замени со основната заработка. Целта е јасна, но сепак за почетниците ќе биде тешка. Во овој случај треба да се биде реален и да се проба да се достигне 20% од приходот на платата во тек на една година. Тоа ќе биде остварлива потцел со чија помош ќе може да се премине кон следната попатна цел.

Вештина за прифаќање и учење од грешките

Сите играчи прават грешки. Секако, меѓу искусните типувачи нивниот процент е помал отколку кај почетниците. Сепак, нема таков играч кој не изгубил во обложување. Затоа не треба многу да се разочарувате за секој неуспех. Напротив, преку губењето, вашата стратегија и нејзините недостатоци може да ги видете од друг агол.

Важен чекор за секој типувач е извлекувањето на поуки од губењето. Како што се вели, од грешките се учи. Затоа потребно е максимално точно да се проанализираат неуспешните облози, да се размисли како да се избегнат неправилните пресметки во иднина и да се оптимизира стратегијата. Само во тој случај играчот ќе може да достигне ниво на професионалец.

Ќе наведеме пример за работа над грешките. Ако играчот влегол во лоша серија и смета дека ќе може да ги компензира поразите со поставување на повеќе облози и преку зголемување на нивната сума, тогаш тоа е грешна одлука. Во тој случај играчот презема импулсивни постапки и најдобро е да се откаже од нови облози. По неколку дена треба да ја разгледа ситуацијата, и понатаму да сфати со што бил поврзан неуспехот, па дури тогаш да поставува нов спортски облог.

Разбирање дека успехот не доаѓа веднаш

Многу почетници сакаат веднаш да добијат голема добивка од спортските облози. Сепак, после првите неуспеси доаѓа и разочарувањето. Во тој случај потребно е да се подгответе за постигнување на поставената цел. Ако на патот наидете на неуспеси, не треба веднаш да се предавате. Само оние играчи кои успеале да ги надминат пречките ги постигнуваат целите.

Исто така, треба да сфатите дека многу е тешко брзо да се збогатите. Во најголемиот број случаи овој план не работи. Затоа треба да се подгответе за долгорочна работа во поставување на облози. Памтете дека успехот во спортското обложување бара напори и време.

Верување во својата желба

И последниот чекор на патот кон успехот е верување во својата желба. Без разлика која цел ја поставил играчот пред себе, тој треба да верува во нејзиното постигнување. Само во тој случај играчот ќе може да даде максимален напор и да постигне успех.

Вербата во себе е многу важен фактор. Во претходните лекции зборувавме на оваа тема. Сакаме да напоменеме дека знаењата и навиките не можат да имаат ефект ако играчот се сомнева во себе. На пример, да добие 1000 долари приход од облози во квартал. Затоа потребно е да се визуелизира својата желба и да се цели кон неа. Тоа е единствениот начин за постигнување на целите.

Се надеваме дека нашите совети ви беа полесни и на друг начин ќе погледнете на психологијата на обложувањето.


melbet Portugal

Читај исто така