Menu

Што е спортски облог?

Что такое ставки на спорт
Спортски облог е дејството за време на кое играчот се обидува да го предвиде исходот на определен спортски настан. Типувачот прави облог на резултатот, надевајќи се дека неговата прогноза е точна и ќе добие добивка. Ако облогот ќе биде успешен, играчот ќе го врати својот првобитен облог, а исто така, ќе добие приход (зависи од коефициентите, посочени за даден резултат). Во случај на неправилна прогноза, облогот ќе биде изгубен.

Настанување на пазарот за спортско обложување

Спортското обложување постои уште од дамнешни времиња кога луѓето сфатиле дека може да се обложуваат на резултатите на конкретни настани. Во древна Хелада популарни биле облозите на исходи од Олимписките игри, во Римското царство – на победа на кочијашите и гладијаторите. Сепак, спортското обложување како одделна индустрија, се оформило дури во XIX век, кога во Англија се појавиле првите обложувалници.

Во денешно време спортското обложување е гранка која динамично се развива низ целиот свет. Приходот на обложувалниците изнесува милијарди долари, дел од кој оди за плаќање на даноци.Затоа државите кои ја легaлизирале дејноста на обложувалниците секоја година го пополнуваат својот буџет со милиони долари од спортски облози. А тие држави кои ја забраниле работата на компаниите за игри на среќа или сè уште не донеле соодветни закони, ја губат можноста да го пополнат својот буџет. Покрај тоа, тие никако не можат да се заштитат од глобалната тенденцијата на растот на бројот на игри на среќа во нивните држави. За ова придонесува и распространувањето на интернетот, кој овозможува поставување на облози на сајтовите во други држави.

Според истражувањето на порталот Statista, секој втор жител на САД постар од 18 години во текот на 2020 година направил барем еден спортски облог. На светско ниво овој показател изнесува 20%, т.е. секој петти полнолетен жител на земјата се обложува. Во текот на 2020 година, во врска со пандемијата на COVID-19, се повеќе облози се поставуваат на интернет. Според податоците на истиот портал Statista, тие изнесуваат повеќе од 30% од сите облози.

Раст на популарноста на спортското обложување

Облозите на спортски настани стануваат се попопуларни меѓу играчите на игри на среќа. Овој резултат е остварен благодарение на многу фактори. Прво, спортските тотализатори и обложувалниците во многу држави на светот имаат барем 1 век историја. Второ, дејноста на овој вид на претпријатија најчесто се дозволува, за разлика од казината и салоните со слотови. Трето, обложувалниците се јавуваат како спонзори на спортските екипи или на цели првенства. Четврто, амбасадори на спортски облози стануваат познати спортисти и ѕвезди од шоу-бизнисот. Така, холивудскиот актер Мики Рурк соработува со Мелбет, а екс боксерот Мајк Тајсон со Париматч. И последно, како петто, достапноста на онлајн облозите на корисниците им овозможува да поставуваат облози од кое било место каде што има пристап до интернет.

Сè повеќе обложувалници почнуваат да работат онлајн со играчите. Како што беше забележано претходно, популаризирањето на веб-сајтовите беше потпомогнато од пандемијата на коронавирусот. Сега, откако корисниците ја оценија можноста да анализираат и да поставуваат облози од телефон или компјутер, пазарот на спортското обложување ќе се развива уште подинамично во правец на давање онлајн услуги преку интернет. Затоа играчите на игри на среќа може да очекуваат уште повеќе гемблинг портали, разновидни настани и онлајн бонуси.

Почетниците, кои не се запознаети со спортските облози, во нив гледаат едноставен начин да се заработат пари. Навистина, секој типувач може да успее во обложувањето, меѓутоа, успехот бара дисциплина, трпение и подготвеност за учење. Секако, може да најдете професионално обучување за пари, но ние ќе ви помогнеме да ги научете основите на спортското обложување и ќе ви раскажеме за нијансите за поставување на облози. Цел на курсот претставува помош за почетниците, па дури и за понапредните играчи, да прават облози со чија помош ќе добиваат долгорочен приход од околу 8-10%. Ако и вие сакате да заработувате од облози, ве покануваме кон следната тема на нашата школа за облози.


melbet Portugal

Читај исто така