ATG

ATG →ATG →


ℹ️ Воведни информации за АТГ (ATG)

АТГ (ATG) е обложувалница со потекло од Шведска. Историјата на компанијата започнува во 1974 година кога беше создаден оператор за прифаќање на облози на коњски трки. Дејноста на операторот не само што нудеше игри на среќа, но и го поддржуваше спортот со коњи во државата. Тој имаше потпишано соодветен договор со Шведската Асоцијација за тротинг, џокеј-клубот и парламентот на Шведска. Во 90-те години обложувалницата почна да прифаќа облози и за други видови спорт и да ги поддржува, а од почетокот на 2000-те години на порталот се појавија и игри на среќа.

Денес обложувалницата ATG (АТГ) своите услуги ги нуди исклучиво за граѓаните на Шведска и страниците кои имаат дозвола за престој во оваа скандинавска држава. Затоа порталот е достапен на шведски и англиски јазик, а валута на сметката е шведската круна. Сепак, сајтот на обложувалницата има голем број посетители. Можеби во иднина ќе можат да го користат и типувачите од другите европски држави.

©️ Лиценца за работа на ATG (АТГ)

Обложувалницата ATG (АТГ) работи легално нудејќи ги своите услуги за корисниците од Шведска. Компанијата поседува лиценца од Шведската управа за игри на среќа. Благодарение на оваа дозвола обложувалницата прифаќа облози преку теренските канцеларии и онлајн. Сајтот на обложувалницата започна да работи во првата половина на 2000-те години и, исто така, ја користи националната шведска лиценца.

Обложувалницата АТГ (ATG) се придржува до политиката за одговорна игра. Затоа корисниците треба да постават лимит за внесување пари на сметката. Покрај ова, при постојано губење алгоритамот на сајтот може да го ограничи поставувањето на облози на некое време. Ова е направено за играчите да не губат уште повеќе. Исто така, треба да се спомне и политиката за заштита на личните податоци на корисниците. Обложувалницата сигурно ги чува информациите за пристрасноста за обложување и игри на среќа на граѓаните.

🖥️ Карактеристика на веб-сајтот на обложувалницата АТГ (ATG)

Студиото кое го изработуваше дизајнот и функциите на порталот АТГ (ATG) одлично се справи со својата задача. Порталот има стилски проект, во кој главниот акцент е направен на големите фонтови и слики. Притоа, сината, белата и жолтата броја (која е поврзана со националното знаеме на државата) го прават текстот лесно читлив. Едноставните анимации не го одвлекуваат вниманието на корисниците од содржината на страниците.

И покрај тоа што на порталот активно се користат анимации и графика, кодот е добро оптимизиран. Благодарение на ова страниците на сајтот брзо се вчитуваат и преку компјутер и преку телефон. Покрај ова, сајтот е оптимизиран за користење на малите екрани. Ова на посетителите на порталот им дава можност да се обложуваат и да играат преку својот мобилен телефон. Обложувалницата, исто така, подготви мобилна апликација за Android и iPhone. Таа може да се преземе и да се инсталира преку официјалните сајтови.

Сајтот на обложувалницата ATG (АТГ) има јасна структура на страниците. За да преминете кон саканиот раздел ќе ви помогне менито во хедерот и футерот. Исто така, има дополнителни елементи за навигација кои се поставени на страниците. Ова на посетителите им дава можност брзо да го најдат саканиот спортски настан или игра на сајтот.

ATG →ATG →

🧑 Обложувалница ATG (АТГ): регистрација на сајтот

По кликнување на копчето „Öppna konto“ корисникот може да избере еден од начините за регистрација на сајтот ATG (АТГ). Својата корисничка сметка може да ја поврзе со телефонски број, BankID или пасош. По избирање на саканата варијанта, почетникот го наведува својот телефонски број/кодот и понатаму го пополнува формуларот со своите лични информации.

За целосно користење на платформата, корисникот треба да ја помине процедурата за верификација. Авторизацијата се изведува преку банка или преку праќање на копија од лична карта. По проверката на идентитетот од службата за безбедност на АТГ (ATG) ќе може да се внесуваат пари на сметката, да се поставуваат облози и да се игра. Со деталите за верификација на профилот можете да се запознаете во својот кориснички профил.

Предности и недостатоци
  • Повеќе од 20 видови спорт за обложување
  • Високи коефициенти за обложување
  • Поддршка преку телефон
  • Мобилна апликација за Android и iOS
  • Обложувалницата работи во една држава
  • Нема акциски понуди
  • Малку игри на среќа

🎁 Акциски понуди од АТГ (ATG)

Обложувалницата АТГ (ATG) е еден од најпопуларните оператори за спортски облози и игри на среќа во Шведска. Компанијата привлекува голем број на нови корисници и нуди услуги на стотици илјади постојани типувачи и играчи. Според податоците од ресурсот „Top100Bookmakers“, порталот секојдневно го посетуваат повеќе од 378 илјади корисници. Бидејќи дејноста на обложувалницата е сконцентрирана само на една држава, нема потреба од акции.

Произлегувајќи од маркетинг стратегијата обложувалницата ATG (АТГ) става ниска маржа за обложувањето. Покрај ова, широката понуда на спортски настани дава можност за избирање на интересна варијанта за обложување. Сепак, дополнителна награда за обложување на спорт или за играње нема. Обложувалницата не нуди акции ниту за новите ниту за постојаните корисници. Ова е еден од недостатоците на обложувалницата.

🎰 Спортски облози, игри на среќа на ATG (АТГ)

Понудата на обложувалницата ATG (АТГ) условно може да подели на 3 правци: обложување на коњски трки, обложување на останатите видови спортови и казино. Ќе ги разгледаме посебно:

  • Првата страница која корисникот ќе ја види откако ќе влезе на порталот atg.se, вклучува коњски трки. На таа страница, исто така, може да се премине преку менито – раздел „Häst“. На неа се собрани настани од сите агли на светот. Има можност за поставување на облози пред натпревар и во живо. Исто така, некои натпревари корисниците можат да ги гледаат онлајн.
  • Во разделот „Sport“ собрани се повеќе од 20 видови спорт, политички настани и сајбер-спорт натпревари. Тие можат да се класифицираат преку менито и, зависно од понудата, да се направи облог пред натпревар или во живо. Најголем број натпревари има за фудбал, кошарка, тенис. Сепак, интересни натпревари можат да се најдат и за другите видови спортови.
  • На страницата „Casino“ играчите имаат можност да играат слотови, карти, рулет, бинго и виртуелен спорт. Исто така, има соби каде играта ја води вистински крупиер. Нивниот број е мал, до 100 игри, но се прилично барани од страна на корисниците. Исто така, треба да се забележи растечкиот број на другите видови игри на среќа. Нивниот вкупен број надминува илјада.

За подетално запознавање со понудата на обложувалницата АТГ (ATG), препорачуваме да ги посетите сите раздели на порталот.

ATG →ATG →

💳 Методи за плаќање на АТГ (ATG)

Обложувалницата АТГ (ATG) не може да се пофали со голем број методи за плаќање. Ова е поврзано со работата на обложувалницата на локалниот пазар. Сепак, компанијата има неколку предности за разлика од типичните онлајн обложувалници: внесување на парите на депозит и повлекување на добивката преку теренските пунктови за прием на облози. Од другите достапни варијанти за плаќање треба да се спомнат банкарските трансакции, плаќањето со картичките Visa и Mastercard, електронските паричници Skrill и Neteller, платежниот систем PayPal.

По најавувањето во профилот корисниците можат да се запознаат со минималните суми за внесување и повлекување пари и времето за обработка на барањето. Обложувалницата ATG (АТГ) не зема провизија, но дополнителна сума може да биде повлечена од страна на платежниот сервис. Затоа, пред да се изврши трансакцијата овие информации треба да се проверат.

📞 Корисничка поддршка на обложувалницата ATG (АТГ)

На сајтот на обложувалницата има раздел „ATG Kundservice“ во кој има одговори на повеќето вообичаени прашања. Тие се поделени според правецот, а за брзо пребарување на информациите може да се користи соодветниот формулар преку внесување на потребното барање. Исто така, тука има линк за формуларот за повратна врска. Типувачите можат да формулираат барање и да добијат помош од претставниците на поддршката во рок од 24 часа.

Уште една варијанта за поврзување со операторите на АТГ (ATG) е телефонската линија. Таа работи во одредено време, на што треба да се обрне внимание. Информации за тоа можат да се најдат на страницата „ATG Kundservice“. За жал, нема чат за брзо поврзување со поддршката што, исто така, може да се смета како недостаток. Покрај ова, не сите оператори знаат англиски, затоа времето за одговор преку е-мејл може да потрае.

⭐ Заклучок за обложувалницата АТГ (ATG)

Обложувалницата АТГ (ATG) своите услуги на пазарот во Шведска ги нуди од 1974 година. Компанијата својата дејност ја започнува како оператор за обложување на коњски трки, соработува со клубови за спорт со коњи во државата и владата. Сепак, подоцна во понудата на обложувалницата се појавуваат облози на други видови спорт и игри на среќа. И покрај тоа што обложувалницата денес е еден од лидерите на локалниот пазар, таа не планира да излегува во соседните држави. Нејзините услуги, исто така, не можат да ги користат странци ако не живеат на територијата на Шведска.

Обложувалницата ATG (АТГ) го добила признанието од корисниците благодарение на интересната понуда на спортски настани за обложување. Игрите на среќа се изработени од познати студија, затоа нивниот квалитет е, исто така, на високо ниво. Удобниот веб-сајт и мобилната апликација, исто така се плус. Притоа, на сајтот нема акции, поддршка на чат, игри на маса. Бројот на методи за плаќање е мал. Сепак, ова на обложувалницата не и пречи да ја зголемува својата клиентела во Шведска.

ATG →ATG →

⁉️ Чести прашања за ATG (АТГ):

✅ Каква лиценца добила обложувалницата АТГ (ATG)?

Дејноста на обложувалницата АТГ (ATG) се регулира од Шведската управа за игри на среќа. Компанијата управува со работата на теренските пунктови за обложување. Покрај ова, за корисниците достапен е веб-сајт. Сепак, обложувалницата прифаќа само швеѓани и странци кои имаат легално право за престој во државата.

💵 Дали има акции на сајтот на ATG (АТГ)?

Обложувалницата ATG (АТГ) влегува во бројот на најпопуларните во Шведска. Затоа обложувалницата непрекинато добива нови корисници. Па така, компанијата решила да не троши пари на маркетинг. Како резултат на ова на сајтот нема награди за новите и редовните корисници. Ова е еден од клучните недостатоци на обложувалницата.

📱 Какви можности дава апликацијата на АТГ (ATG)?

Заради удобност на корисниците, сајтот на обложувалницата е прилагоден за мобилни телефони. Покрај ова, корисниците можат да ја преземат мобилната апликација АТГ (ATG) за Android и iOS. Програмата дава можност да се извршат повеќе операции достапни на сајтот со исклучок на можноста за играње слотови, рулет, карти итн. Апликацијата за телефони е достапна на официјалните сајтови.

💳 Какви варијанти за плаќање поддржува ATG (АТГ)?

Корисниците на обложувалницата ATG (АТГ) нема да имаат проблеми со пополнувањето на депозитот и повлекувањето на добивката. Обложувалницата на типувачите им нуди можност за извршување на операциите преку пунктовите за обложување, преку банкарски генералии, картичките Mastercard и Visa, електронските паричници Neteller и Skrill или платежниот систем PayPal. Деталите можете да ги дознаете по најавување во својот профил.


ATG FR ATG Portugal ATG RU ATG λλαδα ATG AL ATG AM ATG BY ATG MN ATG RS ATG UA