Betcity – БетСити

Betcity →Betcity →


⏹️ Општи информации за обложувалницата Betcity (БетСити)

Обложувалницата Betcity (БетСити) го помина патот од локална обложувалница до една од најпрофитните компании за обложување во Русија. Обложувалницата е основана во 2003 година и работеше во Ростовската област. Меѓутоа, благодарение на правилната маркетинг стратегија и активниот развој на пунктовите за прием на облози таа се прошири на федерално ниво. Покрај ова, обложувалницата активно го развива веб-сајтот, кој започна да функционира од моментот на излегувањето на БетСити (Betcity) на пазарот.

Денес облози на спорт или на ТВ-игри може да се поставуваат преку локалните сајтови и пунктови во поголемите градови на Белорусија, Русија и Македонија, а исто така, преку меѓународниот портал за обложување за жителите од други држави. Разликата меѓу нив се состои само во лиценцата, за што ќе стане збор во следниот раздел. Сепак функциите на сајтот и понудата на облозите практично не се разликува. Затоа меѓународната верзија на Betcity (БетСити) брзо ја зголемува популарноста меѓу играчите од поблиските и подалечните земји.

🆗 Лиценца за работа на сајтот БетСити (Betcity)

Корисниците можат да се обложуваат на локалната и на меѓународната верзија на сајтот. Првата им е достапна на русите и белорусите. Обложувалницата Betcity (БетСити) доби национални лиценци во Русија, Белорусија и Македонија, каде што функционираат порталите betcity.ru, betcity.by и betcity.net/mk соодветно. Исто така, во овие држави е развиена мрежата на теренски пунктови за обложување. Затоа играчите официјално можат да ги користат услугите на обложувалницата. Сепак, типувачите ќе мораат да платат данок на добивка и да ги покажуваат нивните приходи на државата.

Меѓународната верзија на betcityru.com или алтернативното огледало ја користи лиценцата Antillephone N.V., издадена во Курасао. Таа се признава во повеќе држави и гемблинг заедници. Оваа дозвола сведочи дека обложувалницата легално работи на интернет. Покрај ова, даноците на приход на играчите ќе бидат минимални. Оваа предност ќе им се допадне на жителите на Руската Федерација, Белорусија и Македонија. Меѓутоа, на територијата на Русија меѓународниот портал е блокиран. Затоа играчите треба да користат VPN-сервиси за промена на IP-адресата.

🖥️ Веб-сајт и апликации од Betcity (БетСити)

Корисниците, кои претпочитаат онлајн-обложување можат да го користат веб-сајтот и мобилната апликација за обложување.

Првото решение – порталот на обложувалницата Betcity (БетСити) – ги содржи сите неопходни опции за анализа на настаните, создавање на облози и нивно следење. Исто така, треба да се издвои удобната навигација. Во саканиот раздел можете да преминете преку горното мени, а во подразделот – преку страничното мени. Исто така, за корисниците има посебна мобилна верзија на сајтот, во која можете да преминете преку соодветната секција над главното мени. На ова, по сè, завршуваат предностите на гемблинг порталот на обложувалницата. Како недостатоци на сајтот можат да се издвојат едноставниот и морално застарениот дизајн, ниската брзина на вчитување на страницата, неудобните функции за анализа и статистика на натпреварите (нема филтри) и статичноста на порталот. Покрај ова, основната верзија, без преминување на мобилната, неправилно се вчитува на малите екрани на телефоните.

Малку подобро стојат работите со мобилните апликации БетСити (Betcity). Преку нив може да се прават речиси сите операции, како и на основниот сајт: да се поставуваат облози на спорт, на сајбер-спорт, на ТВ-игри, да се прегледува статистиката на натпреварите и пренос на игрите во живо. Покрај ова, може да се внесуваат и повлекуваат пари од сметката. Програмите за Android и iOS треба да се преземат од разделот Информација – Апликации на BETCITY. Тука ќе најдете информации за можностите на апликациите и инструкција за нивно инсталирање.

Betcity →Betcity →

✅ Регистрација на сајтот БетСити (Betcity)

Обложувалницата БетСити (Betcity) на корисниците им нуди само една варијанта за создавање на корисничка сметка – пополнување на формуларот во разделот „Регистрација“. Таа ги вклучува следните полиња: корисничко име, лозинка, валута на сметката (достапни се 6 валути за избор), држава, е-пошта и телефонски број. По внесувањето на сите податоци и кликање на копчето „Регистрирај се“ играчот ќе биде пренасочен кон својот профил.

За да се активира корисничката сметка треба да се приложи копија од лична карта или пасош. Ова може да се направи по пополнувањето на картичката во профилот на Betcity (БетСити), преку чат или преку теренските пунктови, каде што обложувалницата работи со локални лиценци. По проверката на податоците типувачот може да ги користи сите услуги на обложувалницата без ограничувања.

Предности и недостатоци
  • Околку 3000 настани во линијата
  • Повеќе од 30 видови спорт
  • 24/7 корисничка поддршка
  • Просечни коефициенти
  • Мал избор на игри на среќа
  • Корисничка поддршка на ограничен број јазици
  • Стар дизајн на сајтот и ограничени функции

🎁 Акции од Betcity (БетСити)

Обложувалницата Betcity (БетСити) не може да се пофали со разновидни бонуси и акции за корисниците. Покрај ова, тие се разликуваат во зависност од верзијата на порталот: локалната и меѓународната. Сепак одвреме-навреме на сајтот се појавуваат интересни понуди, кои можат да ги заинтересираат корисниците. Нив ќе ги најдете во разделот „Акции“.

Од редовните акции, достапни за типувачите е бонусот за регистрација. Тој изнесува до 30 долари. За добивање на бонус треба да се внесат пари како прв депозит. Наградата ќе пристигне во износ од 100%(на меѓународниот портал) или 50% (локалниот сајт на обложувалницата). Тој треба да се искористи во рок од 30 дена по добивањето.

Од другите акции може да се издвои „Кешбек“ за неуспешни облози и „+5% за експрес“. Во првиот случај корисникот може да компензира до 10% од сумата на недобитниот облог, а во вториот – да добие додаток на комбинираниот облог од 4 настани. Исто така, интересни понуди на бонуси и акции може да се најдат на социјалните мрежи (во државите каде обложувалницата користи локални лиценци).

*Или еквивалент во друга валута.

🔽 Спортски облози од БетСити (Betcity)

На порталот БетСити (Betcity) корисниците можат да најдат само спортски, сајбер-спорт настани и ТВ-игри (на меѓународната верзија). Игрите на среќа не се достапни на локалната верзија, што е поврзано со карактеристиките на добиената лиценца. Покрај ова, обложувалницата засега не планира да излегува на меѓународниот пазар со огромна понуда на игри на среќа.

Облози за пред натпревар можат да се најдат на страницата „Линија“. Тука се собрани повеќе од 30 видови спорт, започнувајќи од фудбал и завршувајќи со шах. Исто така, тука има интересна понуда на сајбер-спорт игри. Во овој раздел играчите можат да најдат околу 3000 настани. Затоа корисниците ќе можат да изберат нешто интересно за себе по просечни коефициенти.

Облозите во живо се достапни во разделот „Live“. Тука се дадени оние видови спорт, на кои се изведуваат натпревари. Сепак, може да се постават облози и на сите популарни натпревари. Исто така, на корисниците им е достапна опцијата онлајн преглед на натпреварите, што помага за следење на настаните во живо.
Уште еден вид на игри, достапни на меѓународната платформа Betcity (БетСити) се облозите на ТВ-игри. Тука има рулет и некои игри со карти. Сепак, изборот на игри е мал. Затоа играчите кои користат други портали за обложување, нема да бидат воодушевени од понудата на обложувалницата БетСити (Betcity).

Betcity →Betcity →

💳 Парични трансакции од Betcity (БетСити)

Едно од клучните прашања за корисниците останува можноста брзо да се внесат пари на сметката. Изборот на начини за плаќање зависи од државата во која живее играчот и валутата. Со тековните понуди на платежни инструменти можете да се запознаете во подразделот „Пресметки“, кој е поставен во разделот „Информации“.

За играчите на обложувалницата Betcity (БетСити) достапни се овие методи на плаќање:

  • Платежни картички MasterCard, Visa, МИР (за жителите на Русија).
  • Системите за мобилни плаќање Google Pay, Apple Pay и Samsung Pay (во зависност од државата).
  • Електронски паричници Skrill, Neteller, Qiwi (Русија) итн
  • Банкарски плаќања Тинкоф Банк, Росбанк и др. (Русија)
  • Мобилни пари, на пример, МТС (Русија), Киевстар (Украина) итн.
  • Салоните за мобилна мрежа Свјазној (Русија, Белорусија).
  • Криптовалутите Bitcoin, Ethereum итн.

Обложувалницата БетСити (Betcity) не зема провизија. Минималната сума за пополнување и повлекување на парите од сметката за играње изнесува 10 руски рубљи или аналогна сума во друга валута.

📞 Корисничка поддршка од БетСити (Betcity)

Обложувалницата БетСити (Betcity) на своите корисници им нуди 24-часовна поддршка. Универзален начин за поврзување со секоја верзија на порталот е live-чатот. Во него можете да влезете преку информацискиот блок во долниот десен агол од страницата. Исто така, можете да напишете на мејл достапен во разделот „За компанијата“. Покрај ова, на локалната верзија на порталот типувачите можат да се поврзат со претставниците на поддршката преку Telegram, WhatsApp и Viber.

Операторите на обложувалницата Betcity (БетСити) нудат помош на неколку јазици: руски, англиски и македонски. За корисниците, кои не владеат со еден од овие јазици, обраќањето до поддршката нема да биде едноставно, иако операторите се обидуваат да им помогнат на сите играчи без исклучок.

✳️ Заклучок за обложувалницата Betcity (БетСити)

Обложувалницата Betcity (БетСити) зад себе има повеќе од 15-годишно искуство. Компанијата е создадена во 2003 година. Таа го помина патот од локална обложувалница до обложувалница на државно ниво, а во почетокот на 2010-е излезе на меѓународно ниво. Компанијата е застапена преку теренските пунктови и локалните сајтови во Белорусија, Русија и Македонија. Исто така, обложувалницата прифаќа корисници од државите на ЗНД и се пробива на европскиот пазар.

Од година во година за обложувалницата БетСити (Betcity) знае се поголем број на играчи. Ова стана реалност благодарение на интересната понуда на спортски и сајбер-спорт облози, просечните коефициенти за обложување, 24-часовната корисничка поддршка и разновидните инструменти за обложување. Меѓутоа, сајтот на компанијата изгледа застарено и отстапува по бројот на функции во споредба со конкурентите. Отсуството на игри на среќа на локалните сајтови и малиот избор на меѓународниот портал ја прави оваа обложувалница помалку интересна за играчите. Сепак, што се однесува до спортското обложување оваа обложувалница го заслужува вашето внимание.

Betcity →Betcity →

⁉️ Чести прашања за БетСити (Betcity):

✅Врз основа на која лиценца работи Betcity (БетСити)?

Ова прашање треба да се подели на два дела. Меѓународната верзија на порталот работи врз основа на лиценца од Antillephone N.V. – регистратор во Курасао. Локалните сајтови во Русија, Белорусија и Македонија добија локални лиценци од органите кои ја регулираат работата на обложувалниците. Разликата меѓу дозволите е во тоа што порталот betcityru.com може да биде блокиран во некои држави заради офшор лиценцата, а регионалните сајтови не.

💵 Кој е максималниот износ на бонусот за добредојде во БетСити (Betcity)?

Износот на бонусот за добредојде зависи од избраниот сајт. На меѓународниот портал тој е еднаков на 30 долари или еквивалентна сума. Шемата за добивање и одигрување исто така малку се разликуваат.

📱Каде да се преземе мобилната апликација Betcity (БетСити)?

Корисниците на кои обложувањето преку телефон им е поудобно можат да ги инсталираат апликациите за Android и iOS. Саканата програма можете да ја преземете од сајтот на обложувалницата, во разделот „Апликации од Betcity“. Тука се дадени детални инструкции за инсталирање на апликациите на телефоните“.

💳Кои начини за плаќање се поддржуваат од БетСити (Betcity)?

Изборот на методи за плаќање зависи од државата во која живее играчот. Затоа бројот на варијанти може да варира. Сепак, како универзални инструменти можеме да ги наведеме трансакциите преку платежните картички, електронските паричници, мобилните плаќања и банкарските трансакции. Називот на сервисите е различен. Затоа тековните информации можете да ги најдете на страницата „Пресметки“.


Betcity FR Betcity Portugal Betcity AR Betcity RU Betcity GR Betcity AL Betcity AM Betcity AZ Betcity България Betcity BY Betcity KZ Betcity MN Betcity RS Betcity UA

Тековниот бонус ќе го најдете на сајтот на обложувалницата

Регистрација Регистрација