Betwinner

BETWINNER →BETWINNER →


⭐ Општи информации за обложувалницата Бетвинер

Обложувалницата Бетвинер има повеќе од 10-годишно искуство во работата со типувачите. Компанијата започна да прифаќа корисници преку стационарни канцеларии во Европа уште во 2007 година. Сепак, по брзиот развој на интернет-обложувањето, обложувалницата реши да го насочи своето внимание кон нудење на онлајн услуги. Во 2018 година Betwinner доби лиценца од регистратор во Курасао и активно започна да го промовира својот сајт во сите региони на светот. Компанијата користи интересна маркетинг стратегија, вклучувајќи рекламирање на брендот од страна на познати спортисти. Па така, амбасадор на Бетвинер во Латинска Америка е фудбалската легенда Роберто Карлос.

Според податоците од Betwinner услугите на компанијата ги користат повеќе од половина милион корисници низ целиот свет. Ова кажува за големата доверба кон обложувалницата и интересот на играчите за обложување. Во што се крие тајната на успехот на обложувалницата? Како клучни параметри може да се сметаат удобниот веб сајт, квалитетната поддршка, огромниот избор на облози и игри за сечиј вкус. За овие и за други силни и слаби страни на обложувалницата ќе стане збор во нашиот денешен преглед.

🎯 Лиценца за работа на сајтот Betwinner

Бидејќи Betwinner целосно премина кон онлајн услуги, компанијата нема теренски канцеларии. Затоа таа поседува само една лиценца, која ја регулира работата на сајтот betwinner.com. Компанијата помина сертификација од организацијата Antillephone N.V., која е под јурисдикција на Курасао. Обложувалницата ја доби лиценцата 8048/JAZ, која овозможува прифаќање на играчи онлајн.

Во рамките на лиценцата Бетвинер прифаќа облози на спортски и неспортски настани, ја овозможува работата на казиното, слотовите и другите игри на среќа. Покрај ова, компанијата треба да одговара и на барањата за редовност и износот на добивките. Во случај на нарушување или жалби од страна на играчите, регистраторот може да да ја лиши обложувалницата од лиценцата.

Офшор лиценцата на обложувалницата и дава можност да услужува корисници од различни држави. Сепак, не сите држави ја прифаќаат оваа лиценца и сајтот Betwinner може да биде блокиран. За решавање на овој проблем може да се користи огледало на порталот или да се смени IP-адресата, преку користење на VPN-сервиси.

⏺️ Портал и мобилна апликација од Бетвинер

Корисниците, кои за прв пат го посетуваат веб-сајтот Бетвинер, можат да најдат некои сличности во неговиот дизајн со порталот на друга позната онлајн-обложувалница 1хБет. Всушност станува збор за тоа дека сајтовите на овие две компании се изработени од едно исто веб-студио. Затоа тие имаат слична структура и функции. Сепак, по дополнително запознавање, може да се забележи дека почетната страница на сајтот Betwinner има две, а не три колони. Покрај тоа, порталот се вчитува забележливо побрзо. Ова е резултат на добрата оптимизација на кодот. Исто така, на сајтот се достапни и други настани и игри.

Сајтот на обложувалницата има две верзии:

  • Целосната верзија пред корисниците ги отвара сите можности за управување со својот профил, вршење на трансакции, обложување на спортски и неспортски настани и игри на среќа.
  • Мобилната верзија има упростен дизајн кој е оптимизиран за малите големи на екраните. На корисниците, исто така, им се достапни игри на среќа, меѓутоа нивниот број е ограничен.

Корисниците, кои најчесто го посетуваат сајтот преку телефон или таблет, можат да ја инсталираат мобилната апликација. Програмата можат да ја преземат од сајтот Бетвинер (за корисниците на Android) или да преминат на Apple Store и да ја инсталираат на iOS уредите. Програмата редовно се обновува, благодарение на што на играчите им се достапни нови функции. Во моментот преку апликацијата може да се пополнува и повлекува пари, да се прават спортски и неспортски облози, вклучувајќи live-настани. Исто така, играчите имаат можност онлајн да ги прегледуваат натпреварите. Но сите игри на среќа не се достапни. Затоа апликацијата нема да биде интересна за љубителите на покерот, рулетот, слотовите и другите игри.

BETWINNER →BETWINNER →

▶️ Регистрација во обложувалницата Betwinner

Процедурата за регистрација на играчите на сајтот Betwinner е многу едноставна. Новите корисници можат да изберат еден од четирите начини за создавање на кориснички профил:

  • Регистрација „со 1 клик“. Играчот ја избира валутата и државата, обложувалницата создава профил со корисничко име и лозинка.
  • Регистрација преку e-mail. Корисникот го пополнува формуларот со своите лични податоци. Потврдувањето на корисничката сметка се изведува преку електронска пошта.
  • Регистрација преку телефонски број. Играчот, исто така, ја наведува државата и валутата на сметката, потврдувајќи го процесот за креирање на сметка преку SMS.
  • Регистрација преку социјални мрежи или месенџер. Играчот креира свој профил преку сметка во VK, Одноклассники, Яндекс, Mail.ru, Telegram.

По влегувањето во профилот играчот треба да ги внесе личните информации кои недостасуваат. Овој чекор може да го направи и подоцна, сепак без верификација на профилот (споредување на внесените податоци од испратената личната карта), корисникот не може да ја добие добивката во акции или да ги повлече своите пари од сајтот.

Предности и недостатоци
  • Современ дизајн со многу функции
  • Повеќе од 1000 акции за спорт во ден
  • Голем избор на акции
  • Многу варијанти за плаќање
  • Сајтот е блокиран во некои држави
  • Дополнителна проверка на сите плаќања
  • Нема теренски канцеларии

🎁 Бонуси и акции од обложувалницата Бетвинер

На играчите, на кои им се допаѓаат акциите на обложувалницата, со сигурност ќе им се допадне и понудата на Бетвинер. Во разделот „PROMO“ има неколку десетици различни понуди како за спортски настани, така и за игри на среќа. Тие дополнително се групирани по категории, што значително го поедноставува запознавањето со понудата на обложувалницата.

Новите корисници често прашуваат дали има бонус за регистрација. Обложувалницата Betwinner на играчите им препорачува да внесат пари на депозитот и да добијат до 100% на својата бонус сметка. Ако корисникот нема да користи промо код од партнер, сумата на наградата ќе биде еднаква на 100 долари*. Во случај на применување на код за време на регистрацијата, износот на бонусот може да порасне до 130 долари*. Ние сме партнери на Бетвинер и ви препорачуваме да го искористете нашиот промо код за зголемување на бонусот за регистрација.

Покрај него, играчите ќе најдат и други акции. Бидејќи ги има многу, ќе издвоиме само неколку од понудените:

  • „Среќник на денот“. Можност за добивање на 500 промо поени во секојдневните спортски извлекувања.
  • „Бонус за серија на неуспешни облози“. Компензација на средствата за серија од 20 неуспешни облози.
  • „100% бонус за пополнување во четврток“. Можност за добивање до 100* долари на бонус сметката.
  • „Бонус за роденден“. Промо код за бесплатен облог за роденденот на корисникот.

*Или еквивалент на оваа сума во националната валута на државата.

🎳 Спортски облози и игри на среќа од обложувалницата Betwinner

Обложувалницата Betwinner подготви голема понуда на облози и игри за корисниците. Според бројот и разновидноста на настаните компанијата може да се вброи во лидерите на пазарот. Играчите имаат можност да направат облог на повеќе од 1000 натпревари во ден, а бројот на игри и неспортски настани надминува неколку стотици.

За да се олесни пристапот до понудата за корисниците, сите облози и игри се поделени во одделни раздели кон кои може да се премине преку менито. Љубителите на спортот можат да ги посетат страниците „Линија“ и „Live“. Тука се дадени најпопуларните натпревари во различни лиги. Обложувалницата нуди настани на повеќе од 40 видови спорт, меѓу кои и на крикет, снукер и трки со кучиња. Играчите имаат можност да изберат повеќе од десетина различни видови на облози, започнувајќи од ординари и завршувајќи со мултиекспреси. Коефициентите на сите настани се средни на пазарот, а на некои ги надминуваат показателите на конкурентите. Корисниците на Бетвинер можат да се обложуваат пред натпревар и во живо. Дополнително, дел од натпреварите во разделот „Live“ може да се гледаат онлајн.

Рулетот, бакаратот и другите класични игри се достапни на страницата „Казино“. Слотовите се наоѓаат во разделот „WinGames“. Покрај тоа, корисниците можат да најдат TV игри, бинго и покер, кои се претставени во истоимените раздели на сајтот на обложувалницата. Игрите се одржувани од најпопуларните програмери, што кажува многу за соодветноста на понудените игри на високите стандарди во обложувањето.

BETWINNER →BETWINNER →

💵 Методи за пополнување на депозитот и повлекување на добивките од Бетвинер

За многу корисници е важно обложувалницата да поддржува различни методи за плаќање. Ова им дава можност да го изберат најдобриот сервис (од гледна точка на удобството и провизијата) за пополнување на депозитот или за префрлување на добивката на личната сметка. Обложувалницата Бетвинер ќе ги задоволи барањата на сите корисници. Компанијата вкупно нуди повеќе од 150 варијанти за плаќање, вклучувајќи меѓународни сервиси и локални инструменти за плаќање.

Играчите на Betwinner можат да користат:

  • Трансакции преку картички, на пример Visa, MasterCard.
  • Банкарски трансакции Sepa и сл.
  • Платежните системи Neteller, ecoPayz итн.
  • Електронски паричници, на пример B-Pay, Epay, QIWI.
  • Терминали за плаќање 24 AllTime, e-Pay итн.
  • Пополнување средства во партнерските канцеларии.
  • Криптовалути, меѓу кои Bitcoin, Monero, Litecoinе.
  • Припејд картички PaySafeCard, AstroPay Card и други.

Подетални информации за сите методи за плаќање можете да најдете во разделот „Плаќања“.

☑️ Корисничка поддршка на сајтот на Betwinner

Ако корисниците имаат какво било прашање или проблем, тие можат да се обратат до 24-часовната служба за поддршка. Операторите на Betwinner навремено одговараат на прашањата на околу десетина јазици. Бројот и адресата можете да ги најдете во разделот „Контакти“. Исто така, достапен е и онлајн чат, кој е сместен во десниот долен агол на страницата.

Времето за одговор зависи од избраниот канал. Максималното време за чекање е еден ден, кога се работи за обраќање преку е-пошта.

📜 Заклучок за Betwinner

Пред да започне да работи на пазарот за онлајн обложување обложувалницата Betwinner своите услуги ги нудеше преку мрежата на стационарни канцеларии низ државите на Европа. Ова искуство на компанијата и помогна правилно да премине кон создавање на веб-сервиси за своите клиенти. Затоа не зачудува тоа што за кратко време обложувалницата успеа да стане забележлив играч на интернет. Нејзините услуги ги користат илјадници типувачи низ целиот свет.

Во прегледот кратко раскажавме за сите карактеристики на Бетвинер и нејзината платформа. Може да се забележи дека силна страна на компанијата се функциите на сајтот, интересната понуда, големиот избор на акции и методи за плаќање. Ако зборуваме за недостатоците, тоа е блокирањето на сајтот од страна на интернет провајдерите во некои држави, отсуството на теренски канцеларии и строгиот финансиски мониторинг. Сепак, и покрај слабите страни, обложувалницата го заслужува вниманието, како на почетниците, така и на професионалните типувачи.

BETWINNER →BETWINNER →

🔽 Често поставувани прашања за обложувалницата Бетвинер:

✅ Кaква лиценца користи обложувалницата Бетвинер?

Обложувалницата Бетвинер е лиценцирана во Курасао. Компанијата ја користи дозволата 8048/JAZ од Antillephone N.V. Благодарение на оваа лиценца сите онлајн сервиси на обложувалницата можат да ги услужуваат корисниците, прифаќајќи облози на спортски, неспортски настани и игри.

💵 На каков бонус за регистрација можат да сметаат играчите на Betwinner?

Новопечените корисници на Betwinner можат да добијат добар почетен бонус. За тоа треба да внесат пари како прв депозит. Веднаш по ова ќе пристигне награда во износ од 100% од сумата на пополнувањето. Ние препорачуваме да го зголемите максималниот износ на бонусот (100 долари) на 30%. За ова во описот ние ви даваме промо код, кој треба да го внесете за време на регистрацијата.

📱 Каде да се преземе апликацијата на Бетвинер?

На сајтот на обложувалницата има страница „Апликација за смартфони“ (кон неа може да се премине преку горното мени). Тука има подетални информации за инсталирање на апликацијата на Android и iOS. Притоа, инсталациониот фајл на Android може да се преземе исклучиво преку веб-сајтот на Бетвинер. Што се однесува на апликацијата за iOS, таа е достапна на официјалниот Apple Store. Други извори за преземање на програмата нема.

💳 Кои методи за плаќање ги поддржува Betwinner?

Според информациите од обложувалницата, на корисниците им се достапни вкупно 150+ методи за плаќање. Обложувалницата поддржува картички на меѓународни и национални платежни системи, електронски паричници, криптовалути, банкарски трансакции, плаќање во готово, со припејд картички итн. Уште една предност на Betwinner е тоа што компанијата не зема провизија за трансакциите, за разлика од платежните сервиси. Затоа препорачуваме да се запознаете со нив и нивните тарифи на сајтот на обложувалницата.


Betwinner FR Betwinner AR Betwinner RU Betwinner GR Betwinner AL Betwinner AM Betwinner AZ Betwinner BY Betwinner KZ Betwinner MN Betwinner RS Betwinner UA