Odibets

Odibets →Odibets →


⭐ Воведни информации за Odibets (Одибетс)

Обложувалницата Odibets (Одибетс) започна да ги нуди своите услуги за обложување на спорт и е-спорт во 2018 година. Со операторот управува компанијата Kareco Holdings Ltd., која е регистрирана во Кенија. Обложувалницата, исто така, е ориентирана на корисниците од оваа држава и не прифаќа корисници од соседните држави иако по бројот на секојдневниот сообраќај на сајтот влегува во ТОП-25 обложувалници во светот (според верзијата на Top100Bookmakers). Не е исклучок дека овој неверојатен успех ќе придонесе за излез на пазарот и во други африкански држави.

Во што се состои успехот на обложувалницата Одибетс (Odibets)? Како прво, во интересниот избор на спортски и е-спортски настани за обложување. Како второ, во удобниот веб-сајт кој исправно работи на сите видови уреди. Покрај ова, порталот има многу други силни страни кои ќе ги разгледаме во денешниот преглед.

🎯 Лиценца за работа на Одибетс (Odibets)

Игрите на среќа во Кенија, за разлика од многу други африкански држави се легални од 1966 година. Сепак, обложувалницата Одибетс (Odibets) реши да се фокусира на спортски облози, а не на игри со карти. Затоа на порталот нема игри на среќа, освен споменатите настани за обложување.

Работата на обложувалницата Одибетс (Odibets) се регулира со лиценцата на националниот регулатор BCLB (Betting Control and Licensing Board). Ова на обложувалницата ѝ дава можност да ги нуди своите услуги и преку теренските канцеларии за обложување и преку веб-сајтот. Сепак, компанијата се фокусира на работата преку интернет. Притоа, на порталот регистрацијата е достапна само за кенијците и лицата кои таму живеат легално.

⏺️ Веб-сајт на Odibets (Одибетс)

Обложувалницата Одибетс (Odibets) има прилично необична големина на десктоп верзијата на сајтот. Се добива впечаток дека тимот на програмери при создавањето на odibets.com се ориентирал на корисниците на телефони и таблети. Затоа најпрвин била креирана мобилната верзија на порталот, а дури потоа таа била модифициран за компјутери. Можеби затоа страниците не се рашируваат на целиот екран од мониторот.

Ако зборуваме за дизајнот, во цветната гама преовладува зелената, белата и сивата боја. Покрај ова, за издвојување на важните информации во насловите или во навигациските елементи се користат розевата и жолтата боја. Исто така, треба да се забележи статичноста на порталот. Програмерите се откажаа од анимациите и целиот акцент е поставен на текстуалната содржина.

Бидејќи понудата на обложувалницата Одибетс (Odibets) вклучува само облози на спорт и е-спорт, менито на порталот не е комплицирано. Корисникот може да го користи „Хамбургер“ менито за да премине кон клучните раздели. Исто така, во горниот дел на сајтот има пребарувач кој ги покажува достапните натпревари за обложување. Дополнително треба да се издвојат иконките со популарните дисциплини (под хедерот) или популарните лиги (над футерот). Благодарение на сите овие елементи, навигацијата на сајтот е прилично едноставна.

Како што беше забележано претходно, веб-сајтот на обложувалницата добро работи на мобилните уреди. На овој начин се решава проблемот со отсуството на апликација за паметни телефони. Сите операции типувачите можат да ги изведуваат исклучиво преку порталот.

Odibets →Odibets →

▶️ Одибетс (Odibets): регистрација на корисниците

3a да може да ги користи услугите на обложувалницата Одибетс (Odibets), посетителот треба да креира корисничка сметка. Регистрацијата на порталот е прилично едноставна, ако се спореди со онаа на конкуренцијата. Почетникот треба да наведе телефонски број и лозинка, а исто така, да се согласи со правилата на обложувалницата.

По потврдувањето на регистрацијата играчот влегува во својот профил, каде треба да го пополни профилот внесувајќи ги своите лични информации. И последна етапа од регистрацијата е верификацијата на корисничката сметка. Само по приложувањето на податоците од личната карта може да се внесуваат пари на сметката. На тој начин обложувалницата Odibets (Одибетс) ги исполнува барањата во однос на ограничувањето на обложувањето за малолетници.

Предности и недостатоци
  • Сајтот е оптимизиран за мобилни телефони
  • Голем избор на спортски настани
  • Коефициентите се просечни на пазарот
  • Поддршка преку телефонски број
  • Локална обложувалница, фокусирана на Кенија
  • Во понудата нема игри на среќа
  • Сајтот е достапен само на англиски јазик

🎁 Акции од Odibets (Одибетс)

На порталот Odibets (Одибетс) има посебен раздел „Promotions“ во кој се опишани актуелните понуди од обложувалницата. Треба да се забележи дека обложувалницата има многу малку акции. Од постојаните бонуси може да се издвојат само воведната награда која е еднаква на 30 кениски шилинзи или околу 25 центи (американски долар) за фрибет. Ова е смешен бонус кој сепак се бара од страна на корисниците на обложувалницата.

За времето на пишувањето на прегледот на сајтот Одибетс (Odibets) за корисниците беа достапни следниве понуди:

  • Награда за обложување на натпревари од СП во фудбал во Катар 2022. Секој ден 50 корисници добиваат по 50 кениски шилинзи.
  • Парични бонуси за облог на англиска премиер лига. Секој ден 500 играчи ќе добијат 1000 кениски шилинзи.

Исто така на страницата има награди за обложување на локални натпревари.

🎳 Облози на спорт и е-спорт од Одибетс (Odibets)

Како што беше забележано во воведниот дел, на сајтот на обложувалницата Одибетс (Odibets) нема игри на среќа. Обложувалницата го фокусираше своето внимание на спортски настани и на е-спорт. Со понудата на обложувалницата можете да се запознаете во посебни раздели каде се понудени игрите за обложување.

Најголем број понуди има за спортските облози. Обложувалницата нуди игри на повеќе од 20 дисциплини и сите популарни меѓународни и национални шампионати. Во понудата, исто така, има список на африкански лиги. Корисниците можат да постават облог пред натпревар и лајв облози. Коефициентите се средни на пазарот, а на некои натпревари се повисоки од просечните. Маржата на обложувалницата е ниска, благодарение на што компанијата може да си дозволи добри коефициенти.

Вториот правец на обложувалницата Odibets (Одибетс) е е-спорт. Ова се популарни сајбер-спорт игри: фудбал, кошарка, тенис, коњски трки итн. Бројот на натпревари е за степен помал отколку во разделот со спортски игри. Сепак, и овде има што да се избере.

Во плановите на обложувалницата е отварање на казино. Но ова се само планови, а до практичната реализација на производот се уште не е стигнато. Можеби во иднина на порталот ќе се појави посебен раздел со слотови, игри со карти, рулет, меѓу кои и во форма на натпревар против делачите.

Odibets →Odibets →

💵 Методи за плаќање на Odibets (Одибетс)

Обложувалницата Odibets (Одибетс) е ориентирана на корисниците од Кенија. Затоа на порталот не се поддржуваат меѓународните платежни системи и електронски паричници кои практично не ги користат кенијците. Во моментот на порталот се достапни следниве инструменти за плаќање: банкарски трансакции и картичките Visa, MasterCard. Исто така, корисниците можат да внесуваат пари на депозитот или да добиваат добивки преку киосците со лотарии и преку касите во партнерските продавници. Други варијанти за плаќање на порталот засега нема.

Обложувалницата Одибетс (Odibets) сите плаќања ги изведува прилично брзо и не ги проверува плаќањата толку темелно како меѓународните компании. Затоа шансата за блокирање на паричните средства ќе биде минимална. Обложувалницата, исто така, не зема провизија за трансакциите. Сепак, треба да се земат во предвид тарифите на избраните платежни инструменти за да се минимизираат загубите.

☑️ Служба за поддршка на Одибетс (Odibets)

Тимот на поддршката на Одибетс (Odibets) на посетителите на сајтот на почетокот им предлага да ја посетат страницата „FAQ“ па дури потоа да се обратат за помош. На оваа страница се опишани најпопуларните прашања кои ги поставуваат почетниците. Откако играчот ќе се убеди дека овде го нема саканиот одговор, може да се поврзе со поддршката. Ова може да го направи преку следниве канали:

  • Преку телефонски број. Телефонот е бесплатен за кенијците.
  • Преку е-мејл или преку формуларот за повратна врска. Формуларот ќе се појави на профилот, по авторизацијата на сајтот.

Поддршката на обложувалницата Odibets (Одибетс) е достапна само во работно време, што го зголемува времето за очекување на одговорот. Покрај ова, на сајтот нема поддршка преку чат, која оперативно би можела да затвори многу прашања. И покрај наведените недостатоци, операторите работат добро, кое го забележуваат и корисниците на обложувалницата.

📜 Заклучок за обложувалницата Odibets (Одибетс)

Обложувалницата Odibets (Одибетс) на пазарот во Кенија се појави во 2018 година. Обложувалницата на почетокот се ориентираше на нудење интернет услуги. Затоа беше креиран функционален веб-сајт фокусиран на мобилните телефони (повеќето кенијци се обложуваат преку мобилни телефони). Исто така, компанијата има квалитетна поддршка, ги нуди сите популарни спортски настани со добри коефициенти. Сето ова придонесе за неверојатниот раст на корисници во Кенија.

Ако се земе предвид дека обложувалницата Одибетс (Odibets) работи само во една држава, а по бројот на посети порталот влегува во ТОП-25 во светот (според рејтингот на Top100Bookmakers), ова е голем успех. Притоа, компанијата на корисниците не им нуди игри на среќа, регистрацијата за странци е забранета, а не се разгледува ни излезот во други држави. И покрај тоа, ова е прилично интересна обложувалница која треба да се запомни.

Odibets →Odibets →

🔽 Чести прашања за Одибетс (Odibets):

✅ Во кои држави Odibets (Одибетс) е достапна?

Обложувалницата Одибетс (Odibets) е ориентирана на еден пазар – Кенија. Тука компанијата има канцеларија и доби лиценца за нудење интернет услуги. И покрај тоа што обложувалницата стана една од најдобрите во државата, таа засега не планира да излегува во соседните пазари, а да не зборуваме за државите од Европа.

💵 Дали има бонус за почетниците на Одибетс (Odibets)?

Обложувалницата Одибетс (Odibets) е фокусирана на нудење услуги за кенијците каде што има многу корисници кои се уште не се опфатени со обложувањето. Бидејќи пазарот е голем, обложувалницата реши да не се замара со нудење на интересни бонуси. Секако, почетниците можат да добијат фрибет во износ од 30 кениски шилинзи. Сепак, ова е околу 25 центи, т.е. наградата е мизерна.

📱 Дали сајтот на обложувалницата Odibets (Одибетс) е оптимизиран за мобилни телефони?

Обложувалницата Odibets (Одибетс) се погрижи да обезбеди квалитетен веб-сајт за корисниците. Тој е оптимизиран за големината на малите екрани. Благодарение на ова, обложувањето на спорт и е-спорт ќе биде удобно преку телефон и таблет. Притоа, десктоп верзијата на сајтот изгледа прилично едноставно и повеќе личи на мобилна, што претставува недостаток.

💳 Како да се внесат и повлечат пари од сметката на Одибетс (Odibets)?

Корисниците на обложувалницата Одибетс (Odibets) можат да внесуваат пари на сметката и да добијат добивки преку следниве канали: банкарски трансакции, картичките Mastercard и Visa, а исто така, преку киосците со тикети за лотарија и касите на продавниците кои соработуваат со обложувалниците. Други варијанти за извршување на плаќањата нема. Сепак, обложувалницата динамично се развива. Затоа нема да го исклучуваме фактот дека бројот на варијанти за плаќање ќе се зголемува.


Odibets FR Odibets Portugal Odibets RU Odibets λλαδα Odibets AL Odibets BY Odibets KZ Odibets MN Odibets RS Odibets UA

Bet

Бонус до 30 кениски шилинзи во вид на фрибет

Регистрација Регистрација