Plus-Minus – Плус-Минус
⭐ Општи информации за Плус-Минус (Plus-Minus)
Плус-Минус (Plus-Minus) е локална обложувалница, која на белорускиот пазар работи од 1994 година. Обложувалницата е создадена во градот Витебск и својата дејност ја проширува во сите поголеми градови на Белорусија. Денес за корисниците достапни се 11 теренски канцеларии за обложување (адресите можете да ги дознаете на сајтот) и веб-порталот. Последниот беше создаден во 2006 година и од тогаш не е многу изменет. Сепак, тоа не им пречи на корисниците да се регистрираат на сајтот и да поставуваат онлајн спортски облози.
Според податоците на ресурсот Legalbet, Plus-Minus (Плус-Минус) влегува во 10-ката најдобри установи за обложување во земјата. Ова е прилично добар резултат ако имаме предвид дека во Белорусија работат околку 30-тина обложувалници. Бидејќи интересот за обложувалницата расте, ние подготвивме краток преглед на карактеристиките на компанијата Плус-Минус (Plus-Minus), нејзините плусови и минуси кога станува збор за обложување.
🎯 Лиценца на Plus-Minus (Плус-Минус)
Обложувалницата за работата користи лиценца, издадена од Министерството за даноци и такси на Република Белорусија. Таа го регулира изведувањето на дејноста преку теренските канцеларии и онлајн сервисите. Услугите на обложувалницата можат да ги користат и белорусите и страниците. Последните спортските облози ги поставуваат преку веб-порталот на обложувалницата.
Во моментот кога ја пишувавме статијата сајтот на обложувалницата не прифаќаше облози. Според известувањето, кое може да се прочита на почетната страница на порталот, Plus-Minus (Плус-Минус) е во процес на добивање локална лиценца. Додека да се реши тоа прашање играчите не можат да се најават на својот профил, да создаваат нов профил и да се обложуваат. За сите прашања можете да се обратите на телефонските броеви или преку електронска пошта, која е наведена на страницата.
⏺️ Сајт на обложувалницата Плус-Минус (Plus-Minus)
Како што беше забележано во воведниот дел, дизајнот на сајтот на обложувалницата Плус-Минус (Plus-Minus) не може да се натпреварува со конкурентите. Тој започна да функционира во 2006 година и според оценките на корисниците оттогаш не е променет. Надворешниот изглед на страниците останал на нивото од средните 2000-ти. Покрај ова, играчите не можат да ги користат популарните инструменти за играње игри на среќа, кои се појавија во наше време.
Денес, ситуацијата со сајтот изгледа вака:
- Играчите имаат на располагање раздел со облози за пред натпревар и лајв, каде може да се склучуваат соодветните облози. Сепак, изборот на видови облози е мал. Исто така, нема удобни инструменти за анализа на настаните и гледање на натпреварите во живо.
- Страниците на порталот не се прилагодени за големините на мобилните телефони. Затоа сајтот е неудобен за користење преку телефоните и таблетите.
- Нема онлајн чат. Сите прашања се решаваат преку телефон, е-мејл или преку Skype.
Типувачите, кои претпочитаат да се обложуваат преку апликација, исто така, нема да најдат вакво решение на сајтот. Затоа обложувалницата Plus-Minus (Плус-Минус) се лишува од потенцијални клиенти и не може да претендира на највисоките позициии во рејтингот на белоруските обложувалници.
▶️ Креирање на корисничка сметка на Plus-Minus (Плус-Минус)
За креирање на корисничка сметка играчот треба да кликне на копчето „Регистрација“ (веднаш до полињата за најавување) и да го пополни формуларот за регистрација. За жал, тој не е толку едноставен како кај конкурентите. Типувачот веднаш ќе мора да ги внесе сите лични информации: име, презиме, татково име, адреса на живеење, лични документи, град и место на раѓање, да ја избере валутата на сметката, да измисли тајно прашање за враќање на сметката. Со еден збор, типувачот ќе треба да ги внесе сите информации за време на регистрацијата. Кај конкурентите пополнувањето на формуларот се прави во втората фаза – во профилот.
По проверката на информациите од претставниците на обложувалницата Plus-Minus (Плус-Минус), корисникот ќе добие пристап до профилот. Сепак, компанијата ќе побара податоци од лична карта за проверка на внесените информации. Без ова не ќе можете да се обложувате.
Предности и недостатоци
- Голема понуда за фудбал
- Средни коефициенти на пазарот
- 24-часовна корисничка поддршка
- Прифаќање на облози од странство
- Мал број на видови спортови во билтенот
- Неудобен веб-сајт и отсуство на мобилни апликации
- Отсуство на бонуси и акции
🎁 Акции од Плус-Минус (Plus-Minus)
Корисниците, кои очекуваат бонуси за време на регистрацијата и понатаму, при активно користење на услугите на обложувалницата, ќе бидат разочарани. На сајтот на обложувалницата БК Плус-Минус (Plus-Minus) нема ни една понуда за играчите. Дури го нема и популарниот бонус за добредојде.
Причината за отсуство на акции за корисниците на Plus-Minus (Плус-Минус) е поврзана со користењето на локалната белоруска лиценца и слабиот маркетинг. Компанијата, пред се, е ориентирана на постарите корисници кои претпочитаат да се обложуваат преку теренските канцеларии, а оваа целна група не им верува многу на акциите. Сепак, се надеваме дека обложувалницата активно ќе го развива овој правец и ќе понуди акции и бонуси за своите многубројни корисници.
🎳 Понуда на облози од Plus-Minus (Плус-Минус)
Обложувалницата Plus-Minus (Плус-Минус) на љубителите на спортот им нуди неколку стотици спортски настани. Во разделот „Облози“ корисниците ќе најдат натпревари во фудбал, кошарка, рагби, снукер, тенис, шах итн. Вкупниот број на достапни видови спортови е 15. Според овој резултат компанијата заостанува зад најдобрите белоруски и меѓународни обложувалници. Сепак, според коефициентите може да се натпреварува со конкурентите.
Што се однесува на понудата, сè зависи од видот на спортот. За фудбал и кошарка можат да се најдат многу натпревари кои се изведуваат во сите популарни и некои локални лиги. Сепак, за тенисот понудата е прилично слаба, а љубителите на сајбер-спортот воопшто нема да најдат вакви настани на сајтот. Затоа играчот треба поблиску да се запознае со секој од видовите спортови за самостојно да може да ја оцени понудата.
Понудата за облози во живо отстапува во однос на билтенот (ова е својствено за сите обложувалници). Сепак, како главен недостаток на разделот „Live-облози“ може да се смета отсуството на добар интерфејс за управување со настаните. Исто така, тука нема голем избор на облози, што ја намалува можноста на типувачот да добие пари на необични исходи. Уште еден недостаток е отсуството на можноста за гледање на натпреварите на интернет.
Па така, спортската понуда на обложувалницата Плус-Минус (Plus-Minus) е средна на пазарот. Сепак, бројот на спортови и понудата за нив е мала. Исто така, нема добри инструменти за анализа на облозите, облози за пред натпревар и лајв. Затоа оваа обложувалница одговара за правење едноставни облози на топ спортски натпревари.
💵 Методи за плаќање на Плус-Минус (Plus-Minus)
Обложавалницата Плус-Минус (Plus-Minus) ги поддржува сите методи за плаќање. Корисниците можат да ја надополнат својата сметка и да ги повлечат добивките преку теренските канцеларии. Ова е удобна варијанта за играчите од Белорусија. Сепак, за интернет корисниците достапни се и други платежни инструменти:
- Платежните картички Visa и MasterCard (внесување и повлекување пари).
- Мобилни пари МТС-пари, Velcome, Life (внесување и повлекување пари).
- Електронски паричници Qiwi, WebPay, iPay (внесување и повлекување пари).
- Банкарски трансакции (внесување и повлекување пари).
Обложувалницата не зема провизија за трансакциите. Сепак, треба да се запознаете со провизиите од страна на платежните инструменти. Со времето за изведувањето на исплатите и сумата на минималните операции можете да се запознаете во разделот „Плаќања“ на сајтот Plus-Minus (Плус-Минус).
☑️ Корисничка поддршка на Plus-Minus (Плус-Минус)
Корисниците кои имаат прашања или потешкотии со обложувалницата Plus-Minus (Плус-Минус) можат да се обратат до 24-часовната служба за поддршка. Со претставниците на компанијата лесно ќе се поврзете. На главната страница (во десниот агол) има блок со сите контакт информации. Во моментот на играчите им се достапни:
- Телефонските линии. За жал, ова се локални белоруски броеви. Затоа корисниците од странство треба да користат други бесплатни методи за поврзување.
- Електронска адреса. Достапни се 2 адреси: за општи и за технички прашања.
- Скајп. Овој метод ќе помогне за брзо решавање на прашањата преку онлајн-чат. Исто така има можност за повик по договор со операторите.
Корисничката поддршка од обложувалницата Плус-Минус (Plus-Minus) се изведува на руски и на англиски јазик. Некои оператори го владеат и белорускиот јазик, што можеби ќе им одговара на жителите од Белорусија.
📜 Заклучок за Плус-Минус (Plus-Minus)
Обложувалницата Плус-Минус (Plus-Minus) е една од најстарите на пазарот во Белорусија и ЗНД. Таа започна да ги дава своите услуги за спортско обложување од 1994 година. Од тогаш компанијата ја проширува својата мрежа на теренски канцеларии во Р.Белорусија и го создава веб-сајтот. Сепак, последниот не е обновен од времето на неговото создавање. Затоа корисниците кои сакаат да се обложуваат ќе бидат разочарани од можностите на порталот.
Покрај неудобниот веб-сајт со ограничени функции, корисниците не ќе можат да најдат некои второстепени настани за обложување. Исто така, обложувалницата Plus-Minus нема акции и бонуси за играчите. Изборот на методи за плаќање е мал, сепак со исплатите не треба да се појавуваат проблеми. Доколку се појават некои потешкотии, тие можат да се решат 24/7. За играчите работи професионална поддршка.
Ако сумираме, обложувалницата Плус-Минус ќе им се допадне на оние играчи кои едноставно сакаат да се обложуваат и не трчаат по трендови. Корисниците кои бараат поеластично решение, треба да обрнат внимание на другите обложувалници на нашиот сајт.
🔽 Популарни прашања за Плус-Минус (Plus-Minus):
✅ Каква лиценца користи Plus-Minus (Плус-Минус)?
За работата обложувалницата Plus-Minus (Плус-Минус) добила лиценца, издадена од Министерството за даноци и такси на Белорусија. Државниот орган ја контролира работата на обложувалниците во државата. Затоа дејноста на оваа обложувалница е легална во Белорусија. Лиценцата, исто така, овозможува прифаќање на облози од корисници од странство, што Плус Минус успешно го прави преку својот веб-сајт.
💵 Дали има бонус за регистрација од Плус-Минус (Plus-Minus)?
Почетниците, кои преминале на сајтот Плус-Минус (Plus-Minus) ќе бидат разочарани. Обложувалницата не им дава бонуси и акции на корисниците. Ова се однесува и на бонусот за добредојде, кој е карактеристичен за многу обложувалници. Затоа играчите при обложувањето треба да сметаат само на своите вештини со цел тоа да биде добитно.
📱 Дали има мобилна апликација од Plus-Minus (Плус-Минус)?
Обложувалницата Plus-Minus (Плус-Минус) главниот акцент во стратегијата за развој на бизнисот го става на теренските канцеларии. Затоа веб-сајтот на компанијата заостанува во однос на конкурентите. За апликации за Android и iOS не може ни да се зборува. Обложувалницата нема програми за обложување преку телефон, што е огромен недостаток за корисниците.
💳 Какви методи за плаќање поддржува Плус-Минус (Plus-Minus)?
Корисниците на обложувалницата Плус-Минус (Plus-Minus) можат да ги користат основните методи за внесување и повлекување на парите од сметката. Тие можат да ги користат картичките Visa и MasterCard или да вршат трансакции преку банка. Исто така, можат да ги користат трансакциите преку мобилните сметки МТС, Velcome, Life или електронските паричници Qiwi, WebPay и iPay. Треба да се забележи дека обложувалницата не зема провизија за внесување и повлекување на парите.