PremierBet

PremierBet →PremierBet →


🔽 Воведни информации за ПремиерБет (PremierBet)

Обложувалницата ПремиерБет (PremierBet) е лансирана во 2013 година и е ориентирана на Африка. Благодарение на растечкиот интерес на локалното население за спортско обложување и игри на среќа, а исто така, за легализација на игрите на среќа од властите на африканските држави, овој пазар е перспективен и интересен. Затоа компанијата Entertainment Africa Ltd. реши да ја пополни гранката во која сè уште нема многу европски брендови преку отварање на онлајн обложувалница во повеќе од 15 држави на континентот.

Денес обложувалницата PremierBet (ПремиерБет) работи легално само во африканските држави (не поседува меѓународна лиценца). Актуелниот список на држави можете да го најдете при посета на сајтот premierbet.com. Тука има иконки на државите со линкови за сајтовите со национални домени. Бидејќи обложувалницата ПремиерБет (PremierBet) нема меѓународна верзија, регистрацијата не е достапна за корисниците од другите држави, иако вреди да се следи активноста на обложувалницата. Можеби компанијата ќе ја преиспита својата политика и ќе излезе на пазарите во Европа, Америка и Азија.

⏱️ Дозвола за работа на PremierBet (ПремиерБет)

Како што беше забележано претходно, обложувалницата PremierBet (ПремиерБет) легално работи во десетина држави во Африка. Компанијата нема меѓународни (офшор) лиценци за да ги опфати веднаш сите држави на континентот и да излезе во други држави. Обложувалницата тргна по патот за добивање на посебни национални лиценци што дава можност за отварање на теренски канцеларии или нудење на онлајн услуги.

Денес обложувалницата ПремиерБет (PremierBet) официјално работи во Ангола, Бенин, Буркина Фасо, Габон, Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска, Камерун, Конго, Демократска република Конго, Либерија, Малави, Мали, Мозамбик, Нигер, Нигерија, Руанда, Сенегал, Сиера Леоне, Танзанија, Чад, Того и Замбија. Списокот на држави постојано се зголемува. Затоа актуелниот список можете да го најдете на страницата premierbet.com.

🛠️ Веб-сајт на обложувалницата ПремиерБет (PremierBet)

Обложувалницата ПремиерБет (PremierBet) нема универзален сајт кој можат да го користат корисниците од наброените држави во претходниот раздел. При преминување на страницата premierbet.com играчот треба да ја избере својата држава и да премине на локалниот веб-сајт на операторот. Па така, обложувалницата има мрежа на портали за секоја држава. Тие имаат сличен дизајн и функции, меѓутоа се разликуваат.

Во денешниот преглед ќе ги опишеме само заедничките карактеристики на веб-сајтовите на обложувалницата. Еве ги клучните карактеристики на порталот:

  • Сајтот е изработен во силно зелена боја со додавање на жолта и виолетова боја за издвојување на важните информации на порталот. Исто така, во дизајнот се користат големи слики и фонтови. Анимациите додават динамичност, но не ја преоптоваруваат страницата.
  • Јасна структура на сајтот со едноставна навигација. Кон саканиот раздел може да се премине преку менито во хедерот и футерот. Исто така, на страниците има виџети и подмени за удобно пребарување на спортските настани и игри на среќа.
  • Страниците не се оптимизирани за мобилни телефони. За обложување преку телефон потребно е да се инсталира апликација за Android и iOS. Сепак, програмата не го решава прашањето со игрите. Ова е недостаток за играчите на игри на среќа.
  • Можност за анализирање на спортските настани, обложување во живо, гледање на игрите, осигурување на облозите итн.
  • Корисниците ќе најдат игри од познати веб-студија. Затоа сите слотови, рулет, игри со карти итн. работат исправно. Исто така, на сајтот има раздел со лајв-казино.

Сите карактеристики на порталот ПремиерБет (PremierBet) можете да ги дознаете откако ќе преминете на веб-сајтот, создаден за локален пазар.

PremierBet →PremierBet →

♟️ Креирање на корисничка сметка на PremierBet (ПремиерБет)

За новите корисници обложувалницата (ПремиерБет) нуди можност за избирање на поедноставен и целосен формулар за регистрација. Тие се разликуваат по тоа што во целосниот треба да се наведе име и презиме. Останатите полиња: електронска пошта, телефонски број и лозинка се еднакви. Па така, може да се констатира дека регистрацијата на сајтот на обложувалницата поминува многу побрзо отколку кај конкурентите.

Сепак, креирањето на корисничката сметка не дава можност веднаш да се внесуваат пари на сметката. За целосно користење на порталот ПремиерБет (PremierBet) играчот треба да приложи лична карта или друг документ. По верификацијата на корисникот, која трае до 24 часа, сите можности на обложувалницата ќе се отворат. Типувачот повеќе нема да мора да праќа документи за обложување или повлекување на добивката.

Предности и недостатоци
  • Повеќе од 2 илјади спортски настани дневно
  • Голем избор на акции и бонуси
  • Има национални лиценци
  • Мобилна апликација за Android и iOS
  • Не се прифаќаат странци
  • Сајтот не е оптимизиран за мобилни телефони
  • Поддршката е достапна само во работно време

🎯 Акциски понуди на ПремиерБет (PremierBet)

Обложувалницата ПремиерБет (PremierBet) нуди прилично многу акции за корисниците независно од локалната верзија. Во класичниот дизајн има раздел „Promotions“ во кој се собрани информациите за наградите за новите корисници и искусните корисници. Бидејќи понудите можат да се менуваат и се разликуваат, пред да почнете со обложување треба да се запознаете со варијантите на бонуси.
Во моментот кога го подготвувавме прегледот обложувалницата PremierBet (ПремиерБет) им ги нудеше следниве акции на типувачите:

  • Бонус за добредојде во износ од 200% од сумата на првиот депозит. Максималниот износ зависи од државата во која живее играчот. Просечно тој изнесува 150 долари*.
  • Награден турнир во слотови со фонд од 20 000 долари*. Извлекувањето на подароците се изведува секоја недела.
  • Додаток до 750% од сумата на добивката за комбинирани облози. Максималниот износ на бонусот може да достигне 30 000 долари* при погодување на 50 настани од комбинацијата.
  • Поврат на недобитен облог во слотови до 10% од сумата.

Со карактеристиките за добивање на наградите можете да се запознаете на сајтот на обложувалницата.

*Или еквивалент во локална валута.

🎳 Спорт, сајбер-спорт и игри на PremierBet (ПремиерБет)

Понудата на обложувалницата PremierBet (ПремиерБет) вклучува облози на спорт, сајбер-спорт, виртуелни видови спорт, како и сите можни варијанти на игри на среќа. Вкупниот број на натпревари за обложување е околу 2 илјади дневно, а на игри – повеќе од 3000. Со понудата можете да се запознаете на одделни страници на сајтот.

Облози пред натпревар на спорт и сајбер-спорт може да се постават во истоимениот раздел „Sport“. Тука достапни се повеќе од 20 видови спорт и сите популарни компјутерски игри. Бројот на натпревари зависи од избраната дисциплина, Најголема понуда има за фудбал, тенис и кошарка, меѓутоа корисниците ќе најдат и натпревари во Формула 1 или пикадо. За да се постават облози во живо треба да се премине на страницата „Live Betting“. Тука има помалку настани за обложување, меѓутоа има повеќе од 10 видови спорт.

Игрите на среќа од ПремиерБет (PremierBet) се објавени на страниците „Vegas“, „Lotto“ и „Jackpots“. Во првиот раздел може да се најдат слотови, рулет и игри со карти. На страницата „ Lotto“ на корисниците им се нудат варијанти на лото со различни сценарија. Доколку играчот сака да учествува во извлекувања, треба да премине во разделот „Jackpots“. На страницата „Vegas“, исто така, достапни се игри со вистински крупиери. Бројот на игри во лајв казиното е поголем од 100 и постојано расте.

PremierBet →PremierBet →

💳 ПремиерБет (PremierBet): методи за плаќање

Обложувалницата ПремиерБет (PremierBet) е ориентирана на африканските држави. Затоа на сајтот се поддржуваат и меѓународни сервиси и регионални инструменти за плаќање. На секој сајт има раздел „How to Deposit“ или „How to Withdraw“ каде може да се најде актуелниот список на методи за плаќање. Меѓу нив можат да се издвојат:

  • Банкарските трансакции.
  • Картичките Mastercard и Visa.
  • Електронскиот паричник Skrill.
  • Паричните ваучери.
  • Терминалите и партнерските канцеларии.

Сите операции за плаќање на сајтот PremierBet (ПремиерБет) се изведуваат без провизија од страна на обложувалницата.

🛟 Корисничка поддршка на PremierBet (ПремиерБет)

При појава на прашања за работата на сервисите или проблеми можете да се обратите во службата за поддршка на PremierBet (ПремиерБет). Сепак, пред да им напишете на операторите препорачуваме да го проучете разделот „Help Center“. Тука има информации за регистрацијата, користењето на порталот, бонусите, методите за плаќање итн. Секако, ова се општи податоци, но ќе помогнат да се најде одговор на популарните прашања.

Операторите на обложувалницата ПремиерБет (PremierBet) работат во одредено време, наведено на сајтот на обложувалницата. На поддршката можете да и напишете преку чат, е-мејл или формулар за повратна врска. Може да се заклучи дека најбрз начин за добивање на одговор е обраќањето преку live-чат. Сепак, информациите преку е-мејл, исто така, ќе бидат добиени побрзо отколку кај топ конкурентите, во рок од 4-6 часа.

⚙️ Заклучок за ПремиерБет (PremierBet)

Обложувалницата ПремиерБет (PremierBet) е перспективен оператор за спортско обложување, сајбер-спорт и игри на среќа со потекло од Африка. За неполни 10 години компанијата успеа да излезе од рангот на локална обложувалницата до меѓународна. Нејзините услуги ги користат играчите од повеќе од 15 африкански држави каде обложувалницата ги има сите потребни лиценци за работа. Притоа, обложувалницата нема офшор лиценци, затоа прифаќањето на типувачи од другите држави е невозможно.

Предности на обложувалницата PremierBet (ПремиерБет) се големиот избор на спортски дисциплини за обложување, големата понуда за фудбал, тенис, кошарка, сајбер-спорт натпреварите, разновидните игри на среќа. Удобниот веб-сајт, мобилната апликација и брзината на вчитување на страниците – ова, исто така, се силни страни на операторот. Притоа, главниот недостаток на обложувалницата е отсуството на еден веб-сајт за сите држави. Напротив, во секоја држави има посебен портал на национален домен. Затоа сајтовите се разликуваат меѓу себе и во однос на понудата и акциите. Што се однесува на останатото, обложувалницата PremierBet (ПремиерБет) е прилично интересна.

PremierBet →PremierBet →

💡 Често поставувани прашања за PremierBet (ПремиерБет):

✅ Колку лиценци има обложувалницата ПремиерБет (PremierBet)?

Обложувалницата ПремиерБет (PremierBet) за работата користи национални лиценци за секоја посебна држава во која ги нуди своите услуги. Во моментот кога го подготвувавме прегледот бројот на такви држави во Африка изнесуваше повеќе од 15. Притоа обложувалницата нема ни една офшор лиценца за да може да прифаќа корисници од целиот свет.

💵 Дали има бонус за регистрација на PremierBet (ПремиерБет)?

Обложувалницата PremierBet (ПремиерБет) нуди награда за новите корисници. Нејзиниот износ зависи од државата во која живее играчот. Сепак, шемата за добивање е еднаква: бонус од 200% за прв депозит. Парите се добиваат на посебна сметка и треба да се одиграат во рок од 30 дена.

📱 Дали има мобилна апликација од ПремиерБет (PremierBet)?

Тимот на програмери направи мобилна апликација ПремиерБет (PremierBet) за Android и iOS. Сепак, програмата нема многу голем избор на функции како веб-сајтот и е погодна само за обложување. За игрите на среќа, како и претходно, пожелно е да се користи порталот, кој не е оптимизиран за мобилни уреди.

💳 Кои варијанти за плаќање се достапни на PremierBet (ПремиерБет)?

За внесување и повлекување пари од сметката на PremierBet (ПремиерБет) достапни се следниве варијанти за плаќање: трансакции преку генералии (банкарски трансакции), картичките Visa и Mastercard, електронскиот паричник Skrill. Исто така, има можност за користење на испечатени ваучери или внесување на средства преку терминалите и партнерските канцеларии. Актуелните информации секогаш можете да ги добиете на сајтот на обложувалницата.


PremierBet FR PremierBet Portugal PremierBet RU PremierBet λλαδα PremierBet AL PremierBet BY PremierBet MN PremierBet RS PremierBet UA

Bet

Бонус од 200% за прв депозит

Регистрација Регистрација