Rivalo

Rivalo →Rivalo →


ℹ️ Воведни информации за Rivalo (Ривало)

Обложувалницата Rivalo (Ривало) започна да прифаќа онлајн корисници од 2013 година. На почетокот операторот активно го промовираше својот производ на европскиот пазар. Меѓутоа, заради големата конкуренција во Европа, денес компанијата Matchserv Solutions N.V. Rivalo реши да ја смени територијата на својата работа. Обложувалницата се префрли во американските држави каде активно се развива.

Патот кој обложувалницата Rivalo (Ривало) го има поминато си има свои подеми и падови. Сепак, добиеното искуство на обложувалницата ѝ дава можност да нуди квалитетна услуга за спортско обложување и игри на среќа за своите корисници. Како што покажуваат прегледите, типувачите и играчите се задоволни од обложувалницата. Во што се крие успехот на rivalo.com, можете да дознаете од нашиот преглед.

©️ Rivalo (Ривало): лиценца на обложувалницата

Обложувалницата Rivalo (Ривало) ја користи лиценцата №8048/JAZ, издадена во Курасао. Преку добиената дозвола обложувалницата може да изведува обложување на спорт, сајбер-спорт и извлекувања во игрите на среќа. Покрај оваа, операторот може да собира лични информации за посетителите на порталот. Сето ова се регулира со помош на лиценцата од Antillephone N.V.

Играчите на игри на среќа, кои претходно се немаат запознаено со обложувалницата Rivalo (Ривало), се интересираат за сигурноста на обложувалницата. За неа можат да се најдат многу позитивни прегледи кои сведочат за навремената исплата на добиените средства, чесното пресметување на облозите и отсуството на лимити за обложување. А доколку се разгледаат критиките може да се види дека се пишувани од корисници кои изгубиле заради една или друга причина. Поголеми проблеми обложувалницата нема.

🖥️ Опис на порталот Rivalo (Ривало)

Пред неколку години сајтот на обложувалницата Rivalo (Ривало) беше обновен. Благодарение на ова тој не само што изгледа современо, туку и одговара на барањата за адаптивност и компатибилност со вкрстени прелистувачи. Покрај ова, корисниците ќе најдат многу корисни функции за обложување и играње. Ќе ги издвоиме клучните карактеристики на сајтот rivalo.com.

  • Класичен дизајн без непотребни елементи (необична графика или анимации). Строгите линии се спојуваат со пријатната сина и сива боја на позадината. Портокаловите навигациски елементи и копчиња добро контрастираат со позадината.
  • Акцентот е на текстуалната содржина и малиот број слики. Играчите ништо не ги одвлекува од пребарувањето на спортските настани и игри на среќа.
  • Удобна навигација. Пристапот до сите раздели се изведува преку менито во хедерот кое се дуплира и во футерот. За брзо преминување кон видовите спортови или игри може да се искористи страничното мени. Покрај ова, на страниците има виџети и други навигациски елементи.
  • Сајтот на обложувалницата е оптимизиран за користење на мобилни уреди. Притоа, Rivalo (Ривало) нема апликации. Ова може да се оцени како недостаток на обложувалницата.
  • Сајтот има 3 јазични верзии. За поголема удобност, играчите можат да изберат меѓу англиски, португалски и шпански јазик.

Со карактеристиките на обложувалницата подетално можете да се запознаете на адресата rivalo.com.

Rivalo →Rivalo →

🛂 Регистрација на Rivalo (Ривало)

Треба да се забележи прилично брзата и едноставна регистрација на сајтот Rivalo (Ривало). Во првиот чекор почетниците треба да ја наведат електронската адреса и лозинката, државата на живеење и валутата. Уште еднаш ќе забележиме дека во списокот се достапни само неколку држави од Латинска Америка и Канада. По преминувањето кон следниот чекор ќе биде креирана корисничката сметка. Играчот ќе треба само да го наведе името, презимето, идентификацискиот код и телефонскиот број.

За да може да се пополни депозитот, треба да се приложи копија од документите. Откако службата за безбедност на Rivalo (Ривало) ќе ги провери сите податоци, ќе можете да се насладувате на услугите од обложувалницата. Најчесто ова трае неколку часа до 1 ден. Сепак, во некои ситуации може да се бара и дополнителна проверка на идентитетот.

Предности и недостатоци
  • Голем избор на игри на среќа
  • Обложување на најдобрите американски турнири
  • Сајтот е оптимизиран за мобилни телефони
  • 3 јазични верзии на порталот
  • Работи на ограничен пазар
  • Нема акции и бонуси
  • Мал број видови спортови за обложување

🎁 Акции и бонуси на сајтот Rivalo (Ривало)

Во првите години кога обложувалницата Rivalo (Ривало) се појави на пазарот за спортско обложување и игри на среќа, корисниците можеа да ги користат акциските понуди. Сепак, по заминувањето на обложувалницата од европскиот пазар и префрлувањето во државите на Латинска Америка и Канада, бонусите беа избришани. Денес на корисниците им е достапна само VIP-програмата, која им се нуди на најактивните типувачи и играчи. Информации за оваа програма можат да се најдат во корисничкиот профил. Други видови на награди нема.

Многу почетници си го поставуваат прашањето: „Зошто обложувалницата Rivalo (Ривало) не нуди почетен бонус? Компанијата, сопственичка на брендот, во текот на првите години работа успеа да го промовира операторот и да привлече многу играчи. По ова, приливот на нови корисници се изведува автоматски и не бара дополнителни маркетинг трошоци. Затоа на сајтот нема награди и не се знае дали ќе се појават во блиска иднина.

🎰 Спорт, виртуелен спорт и игри на Rivalo (Ривало)

На порталот на обложувалницата Rivalo (Ривало) корисниците ќе најдат популарни видови спорт, мал избор на виртуелни спортски дисциплини за обложување и игри на среќа. Бројот на настани и игри заостанува во однос на најдобрите меѓународни оператори. Сепак, обложувалницата активно се развива и постојано ја шири својата понуда, што ќе им се допадне како на новите корисници, така и на постојаните корисници на обложувалницата.

За поставување на спортски облози потребно е да се посетат страниците „Sports“ и „Live Betting“. Првиот раздел вклучува 9 популарни дисциплини и неколку стотици настани дневно за формирање на облози пред натпревар. Поголем дел од натпреварите се за фудбал. Притоа, понудата ги вклучува само сите популарни светски лиги и локални првенства (во оние држави каде што работи обложувалницата). Ова е прв недостаток на обложувалницата. Сепак, коефициентите за многу облози се повисоки за разлика од конкурентите. На корисниците им се достапни истите видови спортови, меѓутоа со многу помалку настани за обложување во живо.

Разделот „Virtual sports“ ќе им се допадне на корисниците кои сакаат да се обложат на натпревари чиј резултат зависи од компјутерска програма. Обложувалницата Rivalo (Ривало) нуди 3 правци за обложување: фудбал, коњски трки и трки со кучиња. Бројот на натпревари во моментот е околу 50.

Голем дел од понудата на rivalo.com се однесува на игрите на среќа. Тие се сместени во разделите „Casino“ и „Live Casino“ и вклучуваат повеќе од 2 илјади игри. На првата страница достапни се слотови, игри со карти, рулет, бинго и други игри каде типувачот се натпреварува со програма. Ако играчот сака да одигра со делачи во популарните игри со карти или рулет, треба да се посетат собите од разделот „Live Casino“.

Rivalo →Rivalo →

💳 Rivalo (Ривало): методи за плаќање

Обложувалницата Rivalo (Ривало) на корисниците им ги нуди сите популарни методи за пополнување на сметката и повлекување на добивката. За жал, програмерите на порталот не ставиле информации за методите за плаќање во посебен јавнодостапен раздел. Сите детали се во корисничкиот профил. Сепак, ако преминат во футерот, новите корисници ќе можат да ги видат најважните платежни сервиси кои се поддржуваат на порталот.

За време на пишувањето на прегледот, обложувалницата Rivalo (Ривало) на корисниците им ги нудеше следниве варијанти за плаќање:

  • Плаќање преку генералии.
  • Картичките Visa и Mastercard.
  • Електронските паричници Skrill и Neteller.
  • Платежните системи WebPay и PagoEfectivo.

Повеќе информации за времето за обработка на трансакциите, лимитите и другите важни информации можат да се најдат во корисничкиот профил.

📞 Корисничка поддршка на Rivalo (Ривало)

На сајтот на обложувалницата Rivalo (Ривало) има прилично голем раздел „Help Center“ во кој се собрани одговорите на најпопуларните прашања, информативните статии и информации за промените на порталот. Благодарение на пребарувачот и удобната навигација на страницата, корисниците брзо можат да ја најдат темата што ја бараат. А доколку на сајтот нема да го најдат одговорот, тогаш треба да напишат до поддршката.

Со операторите на службата за поддршка на Rivalo (Ривало) можете да се поврзете преку е-мејл, чат или преку социјалните мрежи. Времето за одговор зависи од избраниот канал и зафатеноста на операторот, но не надминува 24 часа. Претставниците на обложувалницата знаат англиски, шпански и португалски јазик. Затоа корисниците кои живеат во државите на Америка не треба да имаат потешкотии во комуникацијата со операторите.

*️⃣ Заклучок за Rivalo (Ривало)

Обложувалницата Rivalo (Ривало) има поминат прилично интересен пат од оператор, кој прифаќа корисници низ целиот свет, до компанија која работи во Америка. Сепак, оваа трансформација беше корисна. Обложувалницата ги процени своите можности и избра оптимален пазар за работа и на него постигна огромен успех.

Силни страни на обложувалницата Rivalo (Ривало) се стилскиот и функционален веб-сајт, оптимизиран за мобилни уреди. Исто така, треба да се забележи големиот избор на игри на среќа и спортски турнири од Јужна и Северна Америка. Дополнително има и понуда за виртуелен спорт. Сепак, бројот на спортски дисциплини е ограничен, нема бонус за новите и постојаните корисници, а нема ни мобилна апликација. Покрај ова, операторот не планира да ја шири својата дејност на други делови од светот.

Rivalo →Rivalo →

❔ Често поставувани прашања за Rivalo (Ривало):

✅ Каква лиценца користи Rivalo (Ривало)?

Обложувалницата Rivalo (Ривало) има добиено лиценца од регистраторот Antillephone N.V. Тој се наоѓа во Курасао и издава решенија со кои можат да се привлекуваат корисници на сајтот од целиот свет. Сепак, обложувалницата се ограничила на државите од Латинска Америка и Канада. Регистрацијата на корисниците од други држави не е дозволена.

💵 Дали има бонуси за корисниците на Rivalo (Ривало)?

За жал, нема акции за новите и постојаните корисници на Rivalo (Ривало). Обложувалницата не нуди награди за своите играчи. Исклучок претставува VIP-програмата која ги зголемува лимитите за трансакциите и дава дополнителни инструменти за управување со облозите. Сепак, таа е достапна само за најактивните играчи на платформата.

📱 Дали има мобилна апликација од Rivalo (Ривало)?

Сајтот на обложувалницата Rivalo (Ривало) има прилагодлив дизајн. Ова значи дека обложувањето или играњето ќе биде удобно и преку телефон и преку компјутер. Но многу играчи се интересираат за тоа дали има мобилна апликација. За жал, обложувалницата не нуди апликација за обложување за Android и Ios. Информации за вакви програми, исто така, нема.

💳 Како да се внесат и повлечат пари на сајтот Rivalo (Ривало)?

Обложувалницата Rivalo (Ривало) на корисниците им ги нуди сите удобни сервиси за обложување. Играчите можат да ги користат банкарските трансакции, картичките Visa и Mastercard, електронските паричници Skrill и Neteller, платежните системи WebPay и PagoEfectivo. Сите плаќања се изведуваат 24/7 и без провизија од страна на обложувалницата. Деталите за трансакциите можете да ги најдете во својот профил.


Rivalo FR Rivalo Portugal Rivalo RU Rivalo λλαδα Rivalo AL Rivalo AM Rivalo България Rivalo BY Rivalo MN Rivalo RS Rivalo UA