Singapore Pools

Singapore Pools →Singapore Pools →


▶️ Воведни информации за Сингапур Пулс (Singapore Pools)

Историјата на обложувалницата Сингапур Пулс (Singapore Pools) започнува во 1968 година. На почетокот операторот изведуваше лотарии и организираше неделни извлекувања. Меѓутоа, подоцна компанијата започна да прифаќа и спортски облози, меѓу кои и на коњски трки. На почетокот обложувањето или купувањето на билети за лотарија можеше да се направи само преку теренските канцеларии, но од средината на 2000-те беше лансиран веб сајтот, кој е достапен за сингапурците или лицата кои живеат во државата.

И покрај тоа што Singapore Pools (Сингапур Пулс) е локална обложувалница, таа треба да се спомне во нашите прегледи. Сингапур е отворена држава во која би можеле да се преселите. Во тој случај пристапот до порталот singaporepools.com.sg ќе биде отворен. А тој, да нагласиме, е државен оператор – најсигурниот и најпрепознатливиот на територијата на Сингапур. Затоа подетално ќе ги разгледаме карактеристиките на обложувалницата.

📃 Лиценца во Singapore Pools (Сингапур Пулс)

Како што беше забележано во воведниот дел, обложувалницата Singapore Pools (Сингапур Пулс) и припаѓа на државата. Затоа компанијата нема проблеми со лиценците и работи според законите на Сингапур. Сепак, нејзините услуги можат да ги користат само граѓаните или странците кои имаат дозвола за престој во републиката.

Според добиената лиценца, операторот Сингапур Пулс (Singapore Pools) може да прифаќа спортски облози и да организира лотарии. Во 2016 година беше изјавено дека на сајтот singaporepools.com.sg ќе се појават игри на среќа кои се легални во Сингапур. Сепак, според состојбата од времето на пишувањето на статијата на порталот нема игри на среќа. Можеби во иднина ќе се појави ваква услуга.

💻 Веб-сајт на Сингапур Пулс (Singapore Pools)

Сајтот на обложувалницата Сингапур Пулс (Singapore Pools) повеќе личи на корпоративен отколку на портал за игри на среќа. Тој е изработен во строг стил, со големи слики и минимална количина анимации. Во дизајнот преовладува сината, темно сината и сивата боја. Притоа, текстот има бела боја, што добро контрастира со позадината. Дополнително, за издвојување на навигациските елементи на сајтот се користи портокаловата боја.

За да се премине кон саканиот раздел посетителот на порталот може да го користи менито во хедерот и футерот. Притоа, структурата на сајтот е прилично едноставна бидејќи тој е поделен на три правци: спортски облози, коњски трки и лотарии. Секоја страница си има свое подмени, кое на типувачите им помага да го најдат саканиот настан за обложување или лотарија.

И покрај тоа што понудата на обложувалницата Singapore Pools (Сингапур Пулс) е прилично скромна, на корисниците им се нудат добри функции за обложување. Играчите можат да формираат единечни и комбинирани облози, да ја прегледуваат статистиката на натпреварите и да управуваат со настаните во текот на натпреварот.

Исто така, треба да се забележи оптимизацијата на сајтот на мобилните уреди. Благодарение на тоа посетителите на порталот можат да ги користат сите функции за обложување преку своите мобилни телефони. Содржината на страниците во разделите се прилагодува на големината на мобилните уреди. Покрај ова, страниците прилично брзо се вчитуваат. Сепак, обложувалницата нема мобилна апликација, што многу корисници го издвојуваат како недостаток.

Singapore Pools →Singapore Pools →

✅ Регистрација на Singapore Pools (Сингапур Пулс)

Претходно пишувавме дека услугите на обложувалницата Singapore Pools (Сингапур Пулс) можат да ги користат само граѓаните од Сингапур или страниците кои добиле дозвола за живеење во државата. Посетителите од други држави не можат да ја поминат регистрацијата. Креирањето профил на порталот се изведува преку авторизирање преку мобилен оператор или банкарска апликација. Па така, обложувалницата автоматски ги добива личните податоци и не прави дополнителна верификација на корисничката сметка.

Благодарение на користењето на современи технологии, процесот за регистрација на Сингапур Пулс (Singapore Pools) за локалните играчи е прилично едноставен и брз. По најавувањето во профилот, типувачот веднаш може да внесува пари на сметката и да поставува спортски облози или да купува тикет за лотарија. Не треба да се прават никакви други активности.

Предности и недостатоци
  • Државна обложувалница
  • Добри коефициенти за обложување
  • Сајтот е оптимизиран за мобилни телефони
  • Поддршка на корисниците преку телефон
  • Работи само во Сингапур
  • Нема игри на среќа
  • Ограничен број на спортски облози

🎁 Акции од Сингапур Пулс (Singapore Pools)

Сингапур Пулс (Singapore Pools) е државна компанија која е најголем оператор за спортски облози и лотарија во државата. Благодарение на тоа што обложувалницата на пазарот работи повеќе од 50 години, таа е барана од многу поколенија на играчи. Затоа компанијата не треба да се докажува и да нуди акции за да привлекува нови играчи или да ги задржува постојаните корисници, што не може да се каже за конкурентите кои на пазарот во Сингапур сè уште се позади.

Како што може да се заклучи, благодарение на лидерската позиција на пазарот обложувалницата Singapore Pools (Сингапур Пулс) не им нуди награди на корисниците. На сајтот нема повремени и постојани акции. Затоа корисниците треба да се ориентираат на другите предности на обложувалницата, кои се дадени во нашиот преглед.

🃏 Спортски облози и лотарии на Singapore Pools (Сингапур Пулс)

Обложувалницата Singapore Pools (Сингапур Пулс) има ограничена понуда на спортски облози. На порталот има раздел „Sports“ во кој се понудени фудбалски натпревари и автомобилски трки. Покрај ова, на страницата „Horse Racing“ има избор на коњски трки. Понудата на настани е мала и ги вклучува само популарните светски и национални првенства, пред сè од Европа и Азија. Бројот на натпревари дневно изнесува до 200.
Обложувалницата на корисниците им нуди облози пред натпревар и во живо. Ги има сите популарни видови на облози, започнувајќи од единечните и завршувајќи со системи. Сепак, ограничената понуда на натпревари не им дава можност на локалните играчи да се насладуваат на обложувањето во целост. Ова е еден од недостатоците на обложувалницата.

Посебно место на сајтот Сингапур Пулс (Singapore Pools) заземаат лотариите. Корисниците ќе најдат неколку варијанти на извлекувања, вклучувајќи и ТОТО. Изборот на лотарии е мал, меѓутоа тие се изведуваат редовно, а добивките се прилично добри. На тој начин, љубителите на овој правец на обложување ќе бидат прилично задоволни.

Што се однесува на игрите на среќа, како што беше забележано и претходно, обложувалницата планираше да го отвори разделот во 2016 година. Сепак, засега ваквиот формат на игри не им е достапен на сингапурците. Затоа порталот пред сè ќе им се допадне на типувачите отколку на гемблерите.

Singapore Pools →Singapore Pools →

💰 Варијанти за плаќање на Сингапур Пулс (Singapore Pools)

Бидејќи обложувалницата Сингапур Пулс (Singapore Pools) е ориентирана на локалните жители, на сајтот нема поддршка на меѓународните сервиси – електронски паричници и платежни системи. Исто така, нема трансакции со криптовалути. Корисниците можат да го пополнат депозитот и да ја повлечат својата добивка преку следниве варијанти за плаќање:

  • Банкарски трансакции.
  • Картичките Visa и Mastercard.
  • Терминалите за самопослужување.
  • Касите на теренските пунктови за обложување.

За внесување и повлекување пари од сметката обложувалницата Singapore Pools (Сингапур Пулс) не зема провизија. Сите операции се изведуваат 24/7. Со лимитите за трансакциите, како и за времето на обработка можете да се запознаете во својот профил.

☎️ Служба за поддршка на Singapore Pools (Сингапур Пулс)

Ако корисниците на Singapore Pools (Сингапур Пулс) имаат прашања за работата на обложувалницата, тие можат да најдат одговори на сајтот или да се обратат до поддршката. Во првиот случај на играчите им е достапен разделот „FAQ“ кој содржи многу корисни информации. На страницата одговорите се групирани по категории, што ја поедноставува навигацијата. Секоја категорија има неколку десетици прашања-одговори. Квалитетната содржина на разделот „FAQ“ може да се издвои како предност на обложувалницата.

Во случај доколку корисниците нема да можат самостојно да најдат решение, тие можат да и напишат на поддршката на Singapore Pools (Сингапур Пулс). Операторите нудат помош на англиски и кинески јазик (Путунхуа). Со поддршката можете да се поврзете преку телефон и преку е-мејл. За жал, на сајтот нема онлајн чат.

⏺️ Заклучок за Сингапур Пулс (Singapore Pools)

Сингапур Пулс (Singapore Pools) е најголемиот оператор за спортски облози и лотарија во Сингапур. Ова е државна компанија основана во 1968 година. На почетокот обложувалницата прифаќаше облози на лотариии преку теренската мрежа на канцеларии. Подоцна во понудата на компанијата се појавија клучните видови спортови: фудбал, автомобилски трки и коњски трки. А од средината на 2000-те години започна да работи веб-сајтот, кој прифаќа сингапурци и странци кои легално живеат во државата.

Клучни предности на обложувалницата Singapore Pools (Сингапур Пулс) се сигурноста, добрите коефициенти за обложување, адаптивниот сајт и поддршката преку телефон. Притоа, недостатоци на обложувалницата се ориентираноста на државниот пазар, отсуството на разновидни видови спортови и малата понуда на натпревари. Покрај ова, обложувалницата не нуди поддршка преку чат и не поседува мобилна апликација. Сепак, локалните типувачи високо ја оценуваат обложувалницата, затоа таа треба да се земе во предвид.

Singapore Pools →Singapore Pools →

❓ Популарни прашања за Singapore Pools (Сингапур Пулс):

✅ Дали сајтот Сингапур Пулс (Singapore Pools) прифаќа странци?

Обложувалницата Сингапур Пулс (Singapore Pools) е најголем оператор за спортско обложување и лотарии. Нејзините услуги секојдневно ги користат повеќе од 220 илјади луѓе. Притоа, компанијата е ориентирана исклучиво на корисниците од Сингапур. Но ова, исто така, се однесува и за странците кои имаат дозвола за престој во оваа мала азиска држава.

💵 Дали има почетна награда на Singapore Pools (Сингапур Пулс)?

Обложувалницата Singapore Pools (Сингапур Пулс) всушност на државниот пазар го држи монополот. Затоа неа добро ја знаат новите корисници, а активно ја користат и поискусните типувачи. Покрај ова, регистрацијата од други држави на сајтот е забранета. Сето ова придонесува за фактот дека на сајтот singaporepools.com.sg нема награди. Ова се однесува како за бонусот на новите корисници, така и за акциите на постојаните корисници.

📱 Дали сајтот на обложувалницата Сингапур Пулс (Singapore Pools) има адаптивен дизајн?

Обложувалницата Сингапур Пулс (Singapore Pools) не поседува мобилна апликација за Android и Ios уредите. Сепак, нема потреба од инсталирање на апликација кога сајтот на обложувалницата е оптимизиран за малите екрани од паметните телефони и таблетите. Благодарение на ова типувачите можат да поставуваат спортски облози или да учествуваат во лотарии преку своите мобилни уреди без никакви ограничувања.

💳 Кои платежни сервиси се достапни на Singapore Pools (Сингапур Пулс)?

Бидејќи обложувалницата Singapore Pools (Сингапур Пулс) со играчите работи на ограничен пазар, на сајтот не се поддржуваат електронски паричници и платежни системи. Пари на депозитот може да се внесат или повлечат преку банкарски генералии, картичките Mastercard и Visa, терминалите за самопослужување и касите на теренските канцеларии. Подетални информации можете да најдете во својот кориснички профил.


Singapore Pools FR Singapore Pools Portugal Singapore Pools RU Singapore Pools λλαδα Singapore Pools AL Singapore Pools BY Singapore Pools KZ Singapore Pools MN Singapore Pools RS Singapore Pools UA