TonyBet

TonyBet →TonyBet →


⏹️ Општи податоци за TonyBet (ТониБет)

Во 2009 година познатиот покер играч, со потекло од Литванија, Антанас Гуога ја купи компанијата Omnibet, која нуди услуги на Балтикот. Новиот сопственик успеа да ја задржи и да ја зголеми базата на корисници на обложувалницата и да ја однесе на едно ново ниво. Ова е постигнато благодарение на талентираните специјалисти кои станаа дел од тимот, обновувањето на сајтот и апликацијата, а исто така, заради рестартирањето на маркетинг активностите. Благодарение на ова, обложувалницата ТониБет (TonyBet) достигна ново, меѓународно ниво.

Сајтот на обложувалницата ТониБет (TonyBet) е преведен на повеќе јазици, што значајно го поедноставува користењето на порталот. Меѓутоа обложувалницата не прифаќа корисници од сите држави. Во случај на блокирање, промената на IP-адресата нема да помогне бидејќи за време на верификацијата корисничката сметка на корисникот нема да биде потврдена. Ова е еден од клучните недостатоци на обложувалницата. За другите нејзини плусови и минуси, ќе дознаете во нашиот преглед.

🆗 Дозвола за работа во ТониБет (TonyBet)

Обложувалницата ТониБет (TonyBet) поседува неколку национални лиценци за нудење на своите услуги на интернет. Меѓу нив спаѓаат дозволите од Комисиите за игри на среќа на Естонија, Данска и Обединетото Кралство. На тој начин, компанијата пред сè се насочува кон корисниците од Европа. Затоа блокирањето на порталот за корисниците од другите делови на светот не е случајно.

Новите корисници, кои претходно не се сретнале со TonyBet (ТониБет), често поставуваат прашања за сигурноста на обложувалницата. Одговорот можете да го побарате во лиценците, добиени од компании за водење бизнис. Операторот ги исполнува сите барања, се придржува до политиката за одговорна игра, не ги предава податоците на трети лица и се труди сите спорни прашања да ги решава во полза на играчите. Потврда за ова се позитивните прегледи за обложувалницата.

Главная страница ТониБет

🖥️ Карактеристики на сајтот TonyBet (ТониБет)

Дизајнот на сајтот TonyBet (ТониБет) е изработен во црни бои, што несомнено е поврзано со популарниот тренд за „црна“ тема меѓу корисниците. Од друга страна, комбинацијата на црната и белата боја, од психолошка гледна точка, му дава пософистициран изглед на сајтот . А доколку дизајнот го оценуваме од гледна точка на комфорот, црната позадина прави добра комбинација со белиот текст. Исто така, треба да се забележат живописните слики и едноставните анимации.

Студиото, кое работеше на сајтот, се погрижи тој да биде адаптивен и крос-браузерен. На тој начин, страниците без проблем се вчитуваат на сите видови уреди, функционалноста на порталот се задржува и на телефоните и на таблетите. Типувачите, исто така, можат да ја преземат апликацијата за Android и iOS. Во случајот со ајфоните, инсталирањето се изведува автоматски преку преземање на апликацијата. Корисниците на телефони со оперативен систем Android треба да го преземат инсталациониот фајл, да ги променат поставките за политиката за безбедност и рачно да го извршат инсталирањето.

Уште една предност на обложувалницата е едноставната навигација. За преминување кон подразделите се користи горното мени, дополнително и менито во хедерот. Исто така од десна страна има страничен панел, кој содржи банер со реклама за акциите, популарните спортски настани или игри. Дополнителните филтри на страниците ќе ви помогнат брзо да ги сортирате натпреварите и игрите по ваш вкус.

TonyBet →TonyBet →

✅ Креирање профил на сајтот ТониБет (TonyBet)

Регистрацијата на сајтот ТониБет (TonyBet) се состои од 2 фази. Во првата треба да се креира корисничка сметка преку пополнување на формулар. Тој се состои од 3 чекори: а) избор на пол, наведување на име, презиме, датум на раѓање и електронска адреса; б) наведување податоци за адресата на живеење и телефонскиот број; в) избирање корисничко име и лозинка, а исто така, согласување со правилата на обложувалницата.

По влегувањето во профилот на TonyBet (ТониБет) новиот корисник треба да ја помине втората фаза од регистрацијата – да приложи копија од лична карта или друг документ. Исто така, понекогаш е потребен извод од банка или платена сметка за комунални услуги. Овие податоци можат да ја потврдат адресата на живеење на корисникот.

Предности и недостатоци
  • Голем избор на спортски настани
  • Два бонуси за добредојде (се избира еден)
  • Превод на сајтот на повеќе јазици
  • Апликација за обложување за Android и iOS
  • Ги нема сите видови игри на среќа
  • Блокирање на пристапот на сајтот по иницијатива на обложувалницата
  • Ниски коефициенти

🎁 Бонуси и акции од TonyBet (ТониБет)

Според бројот на награди, обложувалницата TonyBet (ТониБет) заостанува зад многу странски обложувалници. На страницата „Promotions“ достапни се околу 4 понуди. Затоа корисниците, кои бараат обложувалница со голем избор на акции, ќе бидат разочарани. Сепак, оние понуди кои се достапни му даваат можност на типувачот да добие прилично добри награди. Тие се:

  • Бонус за добредојде до 50 евра* за спортско обложување и до 300 евра* и 50 бесплатни вртења за казино. Сумата на бонусот зависи од износот на пополнувањето (100% од депозитот).
  • 300 бесплатни вртења за слотови и за пополнување на сметката. Секој вторник, четврток и сабота за внесување пари на сметката типувачот добива 100 бесплатни вртења.
  • Неделно извлекување во слотови со награден фонд од 1 000 000 евра*. Средствата се делат меѓу најдобрите играчи од турнирот.

Со деталите за добивање и одигрување на бонусите од ТониБет (TonyBet), можете да се запознаете на сајтот на обложувалницата.

*Или сума во локална валута.

Акции ТониБет

🔽 Спорт и игри на среќа од ТониБет (TonyBet)

На сајтот на обложувалницата ТониБет (TonyBet) има спортски, сајбер-спорт натпревари, слотови, рулет, игри со карти и извлекувања. Бројот на натпревари изнесува неколку стотици месечно, а на игрите – до 3 илјади. Па така, порталот ќе го привлече вниманието и на новите играчи и на редовните корисници.

За обложување пред натпревар, корисниците треба да ја посетат страницата „Sports“. Зависно од верзијата на сајтот, во менито можат посебно да бидат издвоени коњските трки и трките со кучиња. Обложувалницата нуди облози на повеќе од 20 видови спортови. Понудата зависи од избраната дисциплина. Најголем број натпревари има за фудбал, кошарка и тенис. Љубителите на сајбер-спортот ќе најдат повеќе од 10 компјутерски игри, во кои се прифаќаат облози на сите популарни натпревари.

На страницата „In Play“ може да се прават облози на натпревари во живо. Бројот на настани е помал за разлика од оние за пред натпревар, сепак постои можност игрите да се следат преку услугата „Онлајн ТВ“.
Обложувалницата TonyBet (ТониБет) на корисниците им нуди повеќе од 3 илјади игри на среќа. Поголемиот дел од нив е сместен во разделот „Casino“. Тука има слотови, карти, рулет итн., каде играчот се натпреварува со компјутер. Исто така постојат страниците „Live Casino“ и „Live Games“ каде се понудени соби за играње против други корисници и делачи. Понудата во овие раздели е слична, разликата најверојатно е во доставувачите на услугите.

TonyBet →TonyBet →

💳 Методи за плаќање на TonyBet (ТониБет)

За внесување и повлекување пари од сметката, обложувалницата TonyBet (ТониБет) на корисниците им ги нуди сите основни методи. Меѓу нив спаѓа плаќањето преку банкарските генералии, картичките Visa и Mastercard, припејд картичките од Paysafecard, електронските паричници Skrill и Neteller, платежните системи Paysera и други. Подетални информации за лимитите на трансакциите, а исто така, за тековните варијанти за плаќање можете да добиете на страницата „Payment methods“. Таа е достапна за сите посетители на сајтот.

Обложувалницата ТониБет (TonyBet) плаќањата ги извршува 24/7. Времето за извршување на трансакциите зависи од избраниот сервис. Исто така треба да се има во предвид провизијата, која може да се наплаќа од страна на избраниот платежен инструмент.

Регистрация на ТониБет

📞 Корисничка поддршка на ТониБет (TonyBet)

Доколку се појават некакви прашања, корисниците можат да побараат помош од службата за поддршка која работи 24/7. Исто така, може да преминете во разделот „FAQ“ кадешто има многу корисни информации. Во повеќето случаи, овие информации ќе ви бидат доволни и нема да мора да барате помош од поддршката. А доколку имате потреба да поразговарате со оператор од TonyBet (ТониБет), тогаш треба да напишете е-мејл или да се поврзете преку формуларот за повратна врска или чатот.

Обложувалницата TonyBet (ТониБет) нуди помош на неколку јазици. Максималното време за добивање на одговор изнесува 24 часа.

✳️ Заклучок за TonyBet (ТониБет)

Брендот TonyBet (ТониБет) се појавува во 2009 година врз основа на обложувалницата Omnibet. Компанијата која ја откупи обложувалницата, вложи многу сили и средства за да го обнови веб-сајтот и мобилната апликација, да ја зголеми понудата на спортски облози и игри на среќа, да излезе на европскиот пазар. Денес обложувалницата може да се пофали со зголемен број на клиентите од различни држави, меѓу кои и од Америка.

Доколку зборуваме за недостатоците на обложувалницата, тоа се малиот избор на акции, малиот број на игри на маса и методите за плаќање. Исто така, компанијата го ограничува пристапот до ресурсот за корисниците од многу држави, вклучувајќи ја и Источна Европа. Сето ова го ограничува растот на потенцијалните клиенти. Што се однесува на останатото, обложувалницата ТониБет (TonyBet) е прилично интересна за почетниците и постојаните корисници.

TonyBet →TonyBet →

⁉️ Често поставувани прашања за ТониБет (TonyBet):

✅ Какви лиценци поседува TonyBet (ТониБет)?

Обложувалницата TonyBet (ТониБет) претежно е ориентирана кон корисниците од Европа. За работата на интернет има добиено 3 национални лиценци издадени во Естонија, Данска и Обединетото Кралство. Обложувалницата нема офшор лиценци, што го ограничува пристапот до сајтот за типувачите од многу држави во светот.

💵 Каков бонус за добредојде нуди ТониБет (TonyBet)?

Откако ќе се регистрираат на сајтот, корисниците на ТониБет (TonyBet) можат да изберат еден бонус за добредојде. Тој може да биде награда за обложување (до 50 евра*) или за казино (до 300 евра* и 50 фриспинови). Со карактеристиките за добивање и одигрување на наградите, можете да се запознаете на сајтот на обложувалницата.
*Или еквивалентна сума во друга валута.

📱 Каде да се преземе мобилната апликација на TonyBet (ТониБет)?

Корисниците на ајфон можат да ја преземат апликацијата од AppStore и да ја инсталираат автоматски. Корисниците на уреди со оперативен систем Android ќе мораат рачно да ја инсталираат апликацијата. За ова треба да ја преземат програмата и понатаму да ги следат инструкциите во својот телефон. Ќе забележиме дека откако програмата TonyBet (ТониБет) ќе биде инсталирана, таа се обновува автоматски.

💳 Какви методи за плаќање се достапни на ТониБет (TonyBet)?

Корисниците на обложувалницата ТониБет (TonyBet) можат да го пополнат депозитот и да ја повлечат добивката користејќи ги сите популарни методи за плаќање. Нивниот број зависи од избраната операција. Севкупно тука спаѓаат банкарските трансакции, припејд картичките Paysafecard, картичките Mastercard и Visa, електронските паричници Neteller и Skrill, а исто така, платежниот систем Paysera.


TonyBet FR TonyBet Portugal TonyBet RU TonyBet AL TonyBet BY TonyBet MN TonyBet RS TonyBet UA

Bet

Бонус од 50 евра за облози и 300 евра за казино

Регистрација Регистрација