Zulabet

ZULABET →ZULABET →


⏹️ Онлајн обложувалница Zulabet (Зулабет): општи податоци

Zulabet (Зулабет) е прилично „млада“ обложувалница која своите услуги почна да ги нуди од 2019 година. Компанијата поседува малтешка лиценца и уште на почетокот своето внимание го насочуваше кон пазарот на Европа. Во 2021 година обложувалницата се префрли и на други региони, вклучувајќи ја и Источна Европа. Сепак, обложувалницата не ги прифаќа играчите од сите држави. На пример, за граѓаните од Украина и Белорусија порталот засега е недостапен. Ова не е толку поврзано со локалните закони колку со интересите на самата обложувалница.

Ако во вашата држава сајтот zulabet.com се отвара без грешката 403 (ограничен пристап од страна на компанијата), нашиот преглед ќе ви биде корисен. Ние накратко ги опишавме сите клучни страни на обложувалницата, ги издвоивме предностите и недостатоците. Се надеваме дека овие информации ќе ви помогнат да ја оцените обложувалницата пред да се регистрирате на сајтот.

🆗 Лиценца на Зулабет (Zulabet)

Обложувалницата Зулабет (Zulabet) ја поседува лиценцата MGA/B2C/486/2018, која се издава од Управата за игри на среќа на Малта. Благодарение на добиената дозвола, корисниците на порталот можат да бидат сигурни дека компанијата се придржува до стандардите за одговорна игра, информациите на играчите не се продаваат или користат незаконски, а сите исплати се изведуваат навремено.

Малтешката лиценца е од типот „офшор“ лиценци. Таа на обложувалницата Zulabet (Зулабет) ѝ дава можност да работи со корисници од сите држави во светот. Сепак, не сите држави, меѓу кои и европските, ја признаваат оваа лиценца. Затоа сајтот на обложувалницата може да биде блокиран од интернет провајдерот. Во тој случај треба да се користат официјални огледала или VPN-сервиси за заобиколување на блокирањето.

Букмекер Зулабет

🖥️ Веб-сајт за обложување Zulabet (Зулабет)

Сајтот на обложувалницата Zulabet (Зулабет) е изработен во силна црвена боја, која е во контраст со црно-белата палета на текстуалните содржини. Уште една важна карактеристика на дизајнот е отсуството на голем број анимации, кои се својствени за онлајн обложувалниците. Од една страна сајтот изгледа постатично, а од друга вниманието на корисниците максимално се насочува кон облозите и игрите.

Кон саканиот раздел на сајтот може да се премине преку главното „хамбургер“ мени (ги содржи клучните страници), и менито во футерот. Покрај ова, на секоја страница има дополнителни виџети кои помагаат да се најдат саканите информации. Затоа почетниците не би требало да имаат никакви потешкотии со навигацијата на порталот на обложувалницата.

Меѓу другите предности на сајтот Зулабет (Zulabet) може да се издвои адаптивниот дизајн, кој се прилагодува на големините на мобилните уреди. Порталот работи брзо, а обложувањето или играњето преку телефон е прилично комфорно. На тој начин изработувачите го компензираат отсуството на мобилна апликација, иако ова е недостаток на обложувалницата.

ZULABET →ZULABET →

✅ Креирање на корисничка сметка на сајтот Зулабет (Zulabet)

Обложувалницата Зулабет (Zulabet) на играчите не им нуди едноставен формулар за регистрација. За креирање профил потребно е да се пополнат основните лични податоци, а понатаму да се потврдат: да се приложи копија од лична карта и/или други документи.

Процесот за регистрација на Zulabet (Зулабет) се состои од 2 фази:

  1. Корисникот треба да го наведе својот е-мејл, корисничко име и лозинка. Ако има промо код, може да го внесе за да добие дополнителна награда од обложувалницата. Исто така, играчот треба да се согласи со условите на компанијата.
  2. Типувачот треба да го наведе своето име, презиме, датум на раѓање, држава и адреса на живеење, да ја избере валутата на сметката, телефонскиот број.

Понатаму играчот ќе биде пренасочен кон својот профил. Тука треба да кликне на копчето „Верификација“ и да ги приложи документите кои се бараат во инструкцијата. Само по завршување на овој чекор може да се пополни сметката и да се почне со обложување или играње.

Предности и недостатоци
  • Има сајбер-спорт натпревари
  • Повеќе од 20 методи за плаќање
  • 24-часовна корисничка поддршка
  • Повеќејазични верзии на сајтот
  • Не се прифаќаат корисници од некои држави
  • Нема мобилна апликација
  • Не се прифаќа плаќање со криптовалута

🎁 Акции на Zulabet (Зулабет)

На сајтот Zulabet (Зулабет) достапни се повеќе од 20 акции за корисниците. Тие се поделени според правецот: облози за спорт и казино. Па така, на страницата „Акции“ корисниците брзо ќе можат да ја најдат саканата понуда.

Пред сè треба да го спомнеме бонусот за добредојде. На почетниците одделно им се нуди награда за обложување (до 35 евра*) и за играње (400 евра* и 200 бесплатни вртења). Сепак, може да се избере само еден бонус. Затоа препорачуваме да ги прочитате условите за добивање и одигрување на секоја од наградите.

Исто така сакаме да ги издвоиме следниве акции од обложувалницата:

  • Фрибет за викенд. Облог на фудбалски настан може да донесе до 50 евра* во вид на бесплатен облог.
  • 10% бонус за live-облог. При поставување на 5 настани играчот ја зголемува својата добивка за 10%.
  • Секојдневни награди до 9000 евра*. Учеството во турнирите со слотови на најдобрите играчи може да им донесе добри парични награди.

Актуелните бонуси од Zulabet (Зулабет) можете да ги најдате на страницата „Акции“.

*Или аналогна сума во друга валута.

Акции Зулабет

🔽 Понуда на облози и игри од Зулабет (Zulabet)

Обложувалницата Зулабет (Zulabet) на корисниците им нуди голем избор на спортски настани и игри на среќа. Исто така достапни се и сајбер-спорт настани, по што оваа обложувалница се издвојува од останатите конкуренти. Сите правци за обложување и игри можат да се најдат во разделите „Спорт“, „Лајв облози“ „Виртуал“, „Казино“ и „Лајв казино“. Ќе ги разгледаме сите одделно:

  • На страницата „Спорт“ има околу 1500 спортски и сајбер-спорт настани. Поголемиот дел од нив се за фудбал, кошарка и хокеј. Сепак, може да се најде и флорбол, голф, скијање итн. Коефицентите за настаните се средни, а понудата зависи од видот на спортот.
  • Во разделот „Лајв облози“ достапни се до 100 спортски настани кои се изведуваат во живо. Бројот на натпревари зависи од сезоната и времето на денот.
  • Страницата „Виртуал“ содржи симулатори на спортски натпревари. Типувачот може да се обложува на фудбал, кошарка, трки со кучиња итн. Вкупниот број на сите натпревари е поголем од 100.
  • Во разделот „Казино“ има слотови, игри на маса, џекпотови итн. Корисникот ќе најде повеќе од 4 илјади игри на среќа во кои треба да се натпреварува со компјутерска програма.
  • На страницата „Лајв казино“ корисникот ќе најде игри кои се водат од страна на делачи, а во нив се натпреваруваат и други играчи. За нив засега има повеќе од 100 соби, но сите се многу популарни.

Обложувалницата Zulabet (Зулабет) постојано работи на проширување на понудата. Затоа секогаш ќе можете да најдете нешто интересно.

ZULABET →ZULABET →

💳 Методи за плаќање на Zulabet (Зулабет)

Корисниците не би требало да имаат потешкотии со внесувањето и повлекувањето на средствата од сајтот Zulabet (Зулабет). Обложувалницата поддржува повеќе од 20 сервиси за плаќање и нивниот број постојано расте. Во моментот кога ја пишувавме статијата, типувачите можеа да ги користат:

  • Картичките Visa и Mastercard.
  • Стандардните банкарски трансакции.
  • Електронските паричници Neteller, Skrill итн.
  • Платежните системи WebMoney, ecoPayz и др.

Обложувалницата Зулабет (Zulabet) сè уште не работи со криптовалути. Сите информации за методите за плаќање, исто така, можат да се најдат во профилот. Затоа без регистрација, играчот не ќе може да го дознае актуелниот список на сервиси

Регистрация Зулабет

📞 Корисничка поддршка на Зулабет (Zulabet)

Обложувалницата Зулабет (Zulabet) не заостанува зад конкурентите што се однесува на корисничката поддршка. За одговор на основните прашања постои разделот „FAQ“. Покрај ова, 24-часовна поддршка може да се добие преку live-чатот и електронската пошта. Во првиот случај одговорот ќе го добиете во рок од 5 минути (зависи од зафатеноста на операторите), во вториот – до 45 минути.

Треба да се забележи дека во службата за поддршка на Zulabet (Зулабет) работат носители на повеќе јазици, меѓу кои основен е англискиот.

✳️ Заклучок за обложувалницата Zulabet (Зулабет)

Типувачите кои сакаат да откријат нова онлајн обложувалница, треба да обрнат внимание на Zulabet (Зулабет). Веб-сајтот на обложувалницата се појави во 2019 година и работи врз основа на лиценца издадена во Малта. Понудата на обложувалницата брои повеќе од 1500 спортски и сајбер-спорт настани, а исто така, четири илјади игри на среќа. Обложувалницата постојано работи на зголемување на понудата. Затоа бројот на натпревари за обложување, слотови, игри со карти итн., постојано расте.

Обложувалницата Зулабет (Zulabet), исто така, може да се пофали со голем избор на методи за плаќање (со исклучок на криптовалутите) и 24-часовната корисничка поддршка. Од друга страна играчите нема да најдат мобилна апликација, изборот на live-настани не е голем, а коефициентите не се високи. Сепак, ова на обложувалницата не и пречи брзо да го зголемува бројот на корисници на порталот.

ZULABET →ZULABET →

⁉️ Популарни прашања за обложувалницата Зулабет (Zulabet):

✅ Врз основа на каква лиценца работи Zulabet (Зулабет)?

Компанијата помина сертифицирање во 2019 година и доби лиценца од Управата за игри на среќа на Малта. Ова е прилично познат регистратор, кој се признава во гемблинг заедницата. Затоа почетниците во Zulabet (Зулабет) не треба да се грижат за сигурноста на компанијата. Нивните лични податоци и пари се заштитени.

💵 На каков бонус за добредојде можат да сметаат почетниците во Зулабет (Zulabet)?

Обложувалницата Зулабет (Zulabet) на почетниците им нуди да изберат еден од двата бонуси за добредојде. Првиот се однесува на спортски облози и изнесува до 35 евра*. Вториот бонус е за казино. Корисникот може да добие до 400 евра* и 200 фриспинови. Подетални информации за наградите можете да најдете на сајтот на обложувалницата.
*Или еквивалентна сума.

📱 Каде да се преземе мобилната апликација на Zulabet (Зулабет)?

Многу почетници се обидуваат да ја најдат мобилната апликација на Zulabet (Зулабет). Обложувалницата сè уште нема создадено одделна програма за обложување и играње преку телефоните. Затоа препорачуваме да го користете веб-сајтот, кој е целосно адаптивен. Понудите за инсталирање на апликации од непроверени извори треба да ги игнорирате. Ова се неофицијални и потенцијално небезбедени програми.

💳 Какви методи за плаќање се достапни на Зулабет (Zulabet)?

Корисниците на Зулабет (Zulabet) можат да користат повеќе од 20 сервиси за внесување и повлекување пари од сметката. Покрај банкарските трансакции и картичките, можат да се користат и електронски паричници и платежни системи. Притоа, криптовалутите не се поддржани. Повеќе информации за достапните методи за плаќање ќе најдете во нашиот преглед.


Zulabet FR Zulabet Portugal Zulabet AR Zulabet RU Zulabet GR Zulabet AL Zulabet AM Zulabet AZ Betika България Zulabet BY Zulabet KZ Zulabet MN Zulabet RS Zulabet TJ Zulabet UA

Zulabet_logo

Добијте бонус до 35€ за спорт или награда до 400€ за казино

Регистрација Регистрација