Menu

Условен облог во 1хБет (1xBet): карактеристики на облогот

Обложувалницата1хБет го зголемува не само бројот на спортски настани, но додава и нови варијанти на облози. Меѓу нив е и условниот облог од 1xBet, кој се појавил во 2019 година. Некои корисници, по навика, го мешаат со авансниот или облогот на доверба. И покрај тоа што некои корисници на интернет ресурсите ги изедначуваат овие поими, тие не се исти. Во статијата ќе опишеме во што се состојат карактеристиките на условниот облог на 1хБет (1xBet) и како да се постави на сајтот.

Дефинирање на условниот облог од 1xBet (1хБет)

Условниот облог во понудата на обложувалницата се појави неодамна, во 2019 година. Покрај вообичаените единечни облози и експреси, антиекспресите на 1хБет (1xBet) и системите, корисниците сега имаат можност да создаваат нови варијанти на комбинации. Благодарение на условниот облог од 1хБет играчите можат да создаваат низи на поврзани настани. Притоа, во него може да се вклучуваат различни видови на облози.

Па така, условен облог во 1xBet (1хБет) е облог кој во себе вклучува како ординари, така и експреси кои немаат еднакви исходи. Сумата на добивката зависи од бројот на успешни настани во комбинацијата. Затоа типувачот треба правилно да ги постави облозите за да добие максимален приход. Препорачуваме комбинациите да ги започнете со единечни облози на фаворити и да ги завршувате со експреси, кои содржат настани каде што играчите имаат еднакви шанси за добивка.

Карактеристики на условните облози од 1хБет (1xBet)

Покрај тоа, што условниот облог од 1хБет (1xBet) е комбинација која се состои од различни видови на облози, не е тешко да се формулира истиот. Освен тоа, тој има неколку предности во однос на класичните комбинирани облози.

Условная ставка в 1хБет

Ќе ги изделиме клучните предности на условниот облог од 1xBet (1хБет):

  • Поголеми шанси за добивка. Доволно често, за добивање на добивка, треба да се погоди само првиот настан. Сепак, при неправилно посочена сума на вториот облог, комбинацијата може да не помине.
  • Мал избор на настани за облози. За да се формира условен облог во 1xBet (1хБет) доволно е да се вклучат 3 исходи во комбинацијата.

Притоа, условните облози имаат и неколку недостатоци:

  • Способност за пресметување на ризикот. За да се добие приход од облогот, треба да се земе предвид сумата од добивката на претходниот настан во комбинацијата. Ако тоа е третиот и наредниот настан, важно е да се предвиди поразот на вториот.
  • Сложени формули за пресметување на добивката. На почетниците ќе им биде тешко самостојно да ја пресметат добивката. Сепак, откако типувачот ќе го сфати принципот на овие облози, сите пресметки ќе ги прави многу побрзо. Нив може да ги додавате во дневникот за облози, за кој пишувавме во „Школата за облози“.

И покрај набројаните недостатоци, условните облози се прилично интересен инструмент за зголемување на приходот на типувачот.

Блоки в условной ставке 1хБет

Поставување на условен облог на 1xBet (1хБет)

За да се направи условен облог на 1xBet (1хБет), корисникот треба да ги исполни следниве активности:

  1. Да се логира на сајтот.
  2. Да премине во разделот со спортски или сајбер-спорт настани и да најде минимум 3 натпревари.
  3. Избраните натпревари да ги додаде во тикет.
  4. Во списокот со видовите облози да го најде условниот облог.
  5. За секој настан да ја укаже сумата на облогот и редоследот (преку менување на нумерацијата на блоковите).
  6. Откако ќе ги пополни полињата, да го постави облогот.

Понатаму корисникот информацијата за условниот облог може да ја прегледува преку личниот профил (раздел „Историја на облози“). Тука ќе бидат прикажани податоците за добитните исходи и добиениот приход. Исто така, може да се дознае причината зошто некој облог е недобитен.


Читај исто така