Menu

Видови облози на 1хБет (1xBet) и нивните карактеристики

Виды ставок 1хБет
Пазарот на обложувањето активно се развива низ целиот свет. За бурниот развиток придонесува конкуренцијата меѓу обложувалниците и новите технологии кои дозволуваат оддалечено поставување на облози. Затоа не зачудува тоа што обложувалницата 1хБет во борбата за лидерство на пазарот се обидува да ја збогати понудата. Тоа се однесува и за појавувањето на новите видови на 1xBet облози. Какви видови на облози им се достапни на корисниците на обложувалницата и по што се разликуваат? На овие прашања ќе одговориме во статијата.

Достапни видови на 1xBet (1хБет) облози

Типувачите-почетници, обично, добро ги познаваат единичните облози (ординари)и експресите 1xBet (1хБет)  (комбинирани облози). Меѓутоа, обложувалницата на играчите им нуди многу повеќе видови на облози. Покрај класичните облози (ординари и комбинирани облози) корисниците на сајтот можат да поставуваат варијации од тие облози: да прават ланци, системи, облози на доверба итн.

Обложувалницата постојано работи на раширување на својата понуда. Така, во 2019 година, за корисниците достапни станаа анти-експреси, лак и патент. Затоа советуваме да се запознаете со тековните видови на 1хБет (1xBet) облози кои се опишани во правилата. За да го направите тоа потребно е преку разделот „Информација“ (менито се наоѓа долу на страницата) да преминете на страницата „Правила“. Четвртата точка е посветена на видовите облози на сајтот на обложувалницата. До моментот кога се пишуваше оваа статија имаше 11 видови на облози.

Карактеристики на видовите облози на 1xBet (1хБет)

Како што беше забележано погоре покрај единечните и експрес- облозите типувачите можат да користат уште 9 видови облози на 1хБет (1xBet). Денес обложувалницата на играчите им ги нуди следниве видови облози:

  • Единечни облози (ординари) се облози кои содржат еден исход на еден спортски настан. Во случај на победа корисникот добива награда која е еднаква на сумата на влогот помножена со коефициентот.
  • Експрес-облози (експреси) се облози на 2 или повеќе независни* исходи од натпревари. Од количината на изборот зависи висината на добивката (може да се применува дополнителен коефициент) и карактеристиките на пресметката на победата за облогот (во комбинацијата не се дозволуваат недобитни исходи). Добивката на експресот се пресметува по пат на множење на облогот со коефициентите на исходот.
  • Систем е комбинација на експреси со определена големина и однапред избран број на настани. На тој начин, во систем може да се вклучат експрес-облози кои содржат исклучиво настани пред натпревар. Максималниот број на варијанти во систем е 184756, а на настани – 20. Пресметувањето на добивката се изведува по шема која е опишана во правилата.
  • Ланец е сет од ординари на независни настани*. Корисникот сам го определува редот на облогот во комбинација и сумата за првиот облог (таа е почетна сума на ленецот). Откако настанот ќе биде изигран се определува сумата на следниот облог во комбинација. Доколку сумата на ланецот по пресметката е еднаква на нула облогот се смета за изгубен.
  • Облог на доверба е облог кој корисникот го поставува за средства обезбедени од обложувалницата во вид на аванс. Сумата на авансот обложувалницата 1xBet (1хБет) ја пресметува врз основа на нeиграни облози на типувачот. Облозите на доверба се достапни за постојаните корисници кои не ги нарушувале правилата на обложувалницата. Почетниците ќе треба да го зголемуваат авторитетот на сајтот за да го користат овој вид на облог.
  • Облог по промо код е облог за кој типувачот не плаќа ништо. Обложувалницата на играчот му обезбедува специјален код кој дозволува формирање на единечен или експрес-облог. Сепак, добивката нема да стигне на основната сметака, а на сметката со бонуси и треба да се изигра. Условите за одигрување зависат од акцијата.
  • Мулти-облог е облог кој е составен од единечни и/или експрес-облози. Корисникот може да користи лоби (резултат кој ќе влијае на добивката на целиот облог). Во тој случај од избраниот услов зависи успехот на целиот облог. Ако не е избрано лоби, комбинацијата се пресметува како систем. Од користењето на лоби зависи висината на добивката.
  • Условен облог е облог кој се состои од ординари и експреси на независни настани*. Притоа редот на изборот во условниот облог зависи од корисникот. Добивката, исто така, се пресметува според редот укажан од типувачот.
  • Анти-експрес е комбинација која се состои од 2 и повеќе исходи. Како што може да се свати од називот, облогот ќе биде добитен ако сите натпревари бидат изгубени. Коефициентот на добивката за анти-експресот се одредува преку пресметување на спротивна веројатност од експресот. На страницата со правила има неколку варијанти на детални пресметки.
  • Лаки е облог кој вклучува од 2 до 9 единечни или експрес-облози. Тие еластично се комбинираат меѓу себе што дозволува добивање на добра сума на добивка. Висината на наградата зависи од видот на облогот, бројот на изборот и коефициентите.
  • Патент е комбинација која вклучува од 3 до 8 експреси со различен број на исходи. Шемата на пресметувањето на добивката е опишана на страницата со правила на 1хБет (1xBet).

*Резултатот на еден облог не влијае врз другиот.

Доверительная ставка 1хБет

Карактеристики на видовите 1xBet (1хБет) облози

По читањето на кратките описи за видовите облози на 1xBet (1хБет) може да ви се чини дека се слични меѓу себе. Навистина, разликите меѓу единечниот и експрес-облогот се забележуваат лесно, меѓутоа, во што се состои разликата меѓу систем и патент? За да ги изделиме карактеристиките на секој тип на облог ние подготвивме табела:

Вид облог во 1хБет (1xBet) Карактеристична особина
Единечен Еден настан, точна пресметка
Експрес-облог Облогот содржи повеќе од 2 избора. Губењето на еден настан води кон губење на експресот
Систем Комбинација од експреси. Добивките се сметаат одделно за секој облог, а понатаму се сумираат. Некои експрес-облози може да бидат недобитни.
Ланец Комбинација од неколку настани. Губење на првиот избор или губење на целата сума по текот на ланецот води кон губење на облогот.
Облог на доверба Добивање на аванс за облог од обложувалницата.
Облог по промо код Бесплатен облог. Добивката треба да се изигра.
Мултиоблог Облог на 3 и повеќе настани. Добивката се пресметува како за систем.
Условен облог Сумата на следниот облог во коминација не може да биде поголем од сумата во претходниот.
Анти-експрес Настаните во тикетот треба да изгубат.
Лаки Облогот ќе биде добитен, ако барем еден избор е добитен.
Патент Треба да се погодат минимум 2 избора од комбинацијата.

Разновидноста од облози на сајтот 1хБет (1xBet) им дозволува на типувачите да формираат оптимална комбинација на облог за стекнување на максимална добивка. Сепак почетниците треба да знаат дека за успех е потребно добро познавање на условите на секој вид облог. Подетална информација може да се најде на порталот на обложувалницата во разделот „Правила“.


Читај исто така