Како да го избришете профилот во 22Bet (22Бет)?
- Какви начини за бришење на профилот во 22Бет (22Bet) постојат?
- Како да се избришат податоците од 22Bet (22Бет)?
Какви начини за бришење на профилот во 22Бет (22Bet) постојат?
Присеќавајќи се на една банална анегдота, ние имаме 2 вести (но и двете не се многу добри): профилот на 22Бет со сите податоци не може да се избрише целосно. Обложувалницата работи врз основа на офшор регистрација. Меѓународната лиценца во Курасао беше издадена на 18.11.2018 и важи 5 години, т.е. до 2023г. Обложувалницата нема други лиценци, во Украина и во Русија дејноста на обложувалницата е нерегулирана. Затоа сајтот 22Bet е блокиран на територијата на Руската Федерација. Соодветно, ние не можеме да бидеме 100% уверени дека вашите податоци се чуваат на безбедно. Но има и добри вести: за сето време додека работи обложувалницата, нема ни еден случај со откривање на податоците на играчите, дури и по нивното блокирање заради нарушување на правилата за користење.
Па така, профилот на (22Bet) со сите лични податоци на играчот и историјата на неговите облози, за жал, не може да се избрише целосно. Колку и да барате, нема да најдете таква функција во поставките на својот профил. Таа едноставно не постои. Во случај на поднесување барање до техничката поддршка на 22Bet, вие најверојатно ќе добиете одговор од следнава природа: „Не можеме да го избришеме профилот, но вие може да престанете да го користете“.
Според условите за користење, отсуството на активност на профилот во рок од 90 дена резултира со деактивација на корисничката сметка. Т.е. ако нема да вршите никакви операции и нема да влегувате во својот профил 3 месеца, вашата сметка ќе биде замрзната. Имено „замрзната“, бидејќи доколку се појави желба од ваша страна, вие имате можност да го вратите пристапот. На тој начин обложувалницата на играчот му дава некое осигурување во случај на брзи решенија (на пример, голема загуба и желба веднаш да се прекине со игрите на среќа). Исто така,некои типувачи на тематските форуми споделуваат информации, дека без проблем можеле да влезат на својата корисничка сметка и по истекување на 4 месеци. Со други зборови, нема потврда дека сметката ќе биде „замрзната“ автоматски.
Покрај неактивноста има и побрзи начини за блокирање на корисничката сметка. Ова е погодно на играчите, на кои обложувањето им станало лоша навика и сакаат да завршат со тоа, но не се сигурни колку ќе издржат.Блокирањето на профилот во 22Бет (22Bet) може да се предизвика преку нарушување на внатрешните правила за користење. Тука спаѓаат:
- Облози на договорени натпревари.
- Примена на различни измамнички шеми, обложување на „вилушки“.
- Да се биде директен учесник на играта или натпреварот и да се влијае на исходите (се однесува и за тренерите и судиите).
- Обиди за создавање на неколку профили.
Ова се порадикалните методи, после кои нема пат за назад. Ако сметката ќе биде блокирана од обложувалницата, тогаш тоа најчесто останува за секогаш. Згора на тоа, обложувалниците можат да разменуваат информации во врска со измамниците и нарушувачите, па така светот на обложувањето ќе биде затворен за вас не само на сајтот на 22Bet, туку и во други обложувалници.
Како да се избришат податоците од 22Bet (22Бет)?
Како што пишувавме претходно, за граѓаните на Украина, Русија и други држави не постои никаква гаранција дека нивните податоци ќе бидат конечно и неповратно избришани. Покрај тоа, обложувалниците имаат тенденција да ги чуваат личните податоци на корисниците во рок од минимум 10 години. На тој начин тие, пред се, се заштитуваат од создавање на неколку профили. Ова е забрането со правилата на обложувалницата 22Bet (22Бет) и ваквите кориснички сметки веднаш се блокираат. Второ, обложувалниците можат взаемно да разменуваат информации за измамниците и нарушувачите, за однапред да се заштитат себе си од нивните измами.
Единствено што може да направите и да ги избришете сите можни контактни информации (телефони, електронска пошта итн.) во профилот пред да решите да ставите крај со светот на игрите на среќа. Меѓутоа, не сите информации можат да се избришат од профилот. Некои полиња се блокирани. Исто така треба да се испрати барање во техничката поддршка со барање да се замрзне корисничката сметка по истекување на 3 месеци. За жал, друга ефективна варијанта за бришење на податоците од 22Бет (22Bet) нема.
Читај исто така
Разлика меѓу меѓународната и руската верзија на Мелбет (Melbet)
Карактеристики на melbet.com и melbet.ru Разлики меѓу меѓународната и руската верзија на Melbet (Мелбет) Избор…
Видови лотарија и бинго на Мелбет (Melbet)
Понуда на бинго игри и лотарија од Melbet (Мелбет) Карактеристики на бинго игрите и лотаријата…
Live-казино Melbet (Мелбет): карактеристики и понуда
Карактеристики на разделот „Live-казино“ на Мелбет (Melbet) Предности и недостатоци на live-казиното Melbet (Мелбет) Обложување…
Слотови во Мелбет (Melbet): понуда на обложувалницата
Карактеристики на автоматите за играње на Melbet (Мелбет) Обложување на слотови во Мелбет (Melbet) Варијанти…
Фудбалски тотализатор од Мелбет (Melbet)
Видови ТОТО на Мелбет (Melbet) Обложување на тотализатор во Melbet (Мелбет) Правила за обложување на…
Програма Мелбет (Melbet) за обложување преку компјутер
Преземање и инсталирање на програмите Melbet (Мелбет) на компјутер Карактеристики на програмите за Windows и…