Menu

Како да се избрише 1xBet (1хБет): реклама на компјутерот и пребарувачот

1хБет регистрация вирус
Обложувалницата 1хБет (1xBet) ја има довербата на стотици илјади играчи од целиот свет. Овој резултат компанијата успеа да го постигне благодарение на пристојните методи за промовирање на брендот. Меѓутоа, некои корисници (не секогаш корисници на обложувалницата) можат да се сретнат со појавување на рекламата на 1xBet (1хБет) на компјутерот, а пред се на пребарувачот. Соодветно, ваквата реклама од обложувалницата 1хБет (1xBet) ги нервира и предизвикува негативни емоции кај корисниците на компјутерите. За тоа како се појавуваат овие прозорци и како да се избрише рекламата од пребарувачот и компјутерот ќе стане збор во оваа статија.

Како се појавува рекламата на 1xBet (1хБет) на компјутер?

На интернет може да се сретнат многу прашања за тоа како да се избрише рекламата на 1xBet (1хБет) од својот компјутер. Како што беше забележано во воведниот дел, обложувалницата не користи агресивни методи за маркетинг. Затоа ова не е нејзино дело. Кој тогаш го промовира брендот преку ширење на досадна реклама и злонамерни скрипти?

Ако се погледне на содржината на банерите кои се појавуваат, може да се види понуда да се премине на линкот за регистрација и добивање на бонус. Исто така, можат да бидат прикажани и главните предности на обложувалницата 1хБет (1xBet). Меѓутоа, во секој случај при преминување на линкот во URL ќе има специјален код. Ова ни укажува за учеството на сопственик на рекламна скрипта во партнерската програма на 1xBet (1хБет). На тој начин, произлегува дека штетниот код го шират нечесните корисници на обложувалницата. Затоа ќе раскажеме како да ја отстраните рекламата на 1хБет (1xBet) од компјутерот.

Како да ја блокирате рекламата на 1хБет (1xBet)?

За да се спасите од рекламата на 1хБет (1xBet) потребно е да се сфати во какви услови се појавува. Обично, при вклучување на пребарувачот, на главната страница пред корисниците се појавува и информација од обложувалницата. Таа се отвара автоматски и пренасочува кон страницата на обложувалницата со понуда да создадете сметка на 1хБет (1xBet). Вториот начин за појава на активноста на вирусот од 1хБет (1xBet) е појава на прозорци кои се појавуваат за време на работењето со компјутерот. Појавата на банерите се врши по распоред и тие, исто така, водат кон сајтот на обложувалницата. Третата варијанта: при влегување на официјалниот сајт ќе се отвара огледало на 1xBet (1хБет) . Овој ресурс се користи за добивање на името на корисникот и лозинката и за крадење на личните податоци на типувачот.

Откако ќе биде откриен видот на вирусот 1хБет (1xBet), може да се преземат дејствија за исклучување на рекламата. Ќе ги опишеме за секој случај посебно.

Како да се избрише 1xBet (1хБет) од пребарувачот?

За чистење на пребарувачот од реклами пред се треба да се проверат подесувањата: која страница е посочена како главна за време на вклучувањето. Можеби таа била сменета со „потребната“ страница од страна на натрапниците. Исто така, треба да се проверат инсталираните апликации. Ако има сомнителни, треба да се исклучат и да се провери како ќе работи пребарувачот. При откривање на штетна апликација потребно е да се избрише.

Доколку играчот нема време за рачна проверка на пребарувачот или штетната скрипта променила некои фајлови на пребарувачот, тогаш може да ја инсталирате апликацијата Adguard за проверка и отстранување на штетни скрипти. Во случај, доколку и тој начин нема да помогне, потребно е да користете Kaspersky, DrWeb Cureit, ADW Cleaner, Anti-Malware Home или други програми за проверка на компјутерот. Исто така, може да го избришете и одново да го инсталирате пребарувачот, зачувувајќи го својот профил пред тоа (физички или на облак).

Како да се избрише 1xBet (1хБет) од компјутерот?

За да се отстрани вирусот на 1хБет (1xBet) од компјутерот треба да се исполнат неколку чекори:

  • Да се прегледаат апликациите, кои се вклучуваат заедно со системот преку планерот на задачи. Планерот може да го најдете преку пребарување или користејќи ја комбинацијата Win+R и внесувајќи ја командата msc. Доколку во списокот со апликации со автоматско вклучување има сомнителни програми, исклучете ги или отстранете ги.
  • Копјутерот да се провери со достапниот антивирус. Можеби ќе успеете да пронајдете штетна скрипта.
  • Да се провери компјутерот за присуство на специјални програми, на пример, Kaspersky, DrWeb Cureit, ADW Cleaner или Anti-Malware Home. Препорачуваме да го вклучите највисокиот степен на проверка.
  • Да ја инсталирате програмата Malwarebytes и да го скенирате компјутерот. Сите штетни скрипти треба да се избришат.

По блокирањето на рекламата од 1хБет (1xBet), препорачуваме еднаш месечно да го проверувате компјутерот заради појава на штетни скрипти преку програмата Malwarebytes или други алтернативни апликации. Исто така, препорачуваме да бидете повнимателни со инсталирање на програмите или прегледување на преземените архиви. За безбедно користење на интернет треба да инсталирате посигурен антивирус.


Читај исто така