Menu

Какo да се прават облози на 1xBet (1хБет)?

И покрај тоа што сајтот на обложувалницата 1xBet има разбирлив интерфејс, почетниците можат да наидат на некои потешкотии при неговото користење. Тоа се однесува, меѓу другото, и на поставувањето на облози на 1хБет. И тука не станува збор за теорија (во нашата „Школа за облози“ може да најдете многу корисни информации за спортското обложување), а за самата процедура на обложувањето. Ако и вие сте се сретнале со ваков проблем, одговорите може да ги најдете во денешната статија.

Како да се направи облог на 1хБет (1xBet): достапни варијанти

Спортската обложувалница на корисниците им нуди неколку инструменти за поставување на облог. Облог на 1хБет (1xBet) може да се постави преку официјалниот сајт (десктоп и мобилната верзија), мобилната апликација и програмата за компјутер. И покрај разновидноста на решенијата, интерфејсот на сите инструменти е сличен. Затоа играчите удобно ќе можат да се обложуваат и од смартфоните и од статичните компјутери.

Бидејќи играчите имаат прашања во однос на поставувањето на облози преку различни уреди, ние подготвивме одговори за користењето на сите инструменти. И покрај тоа, начинот за сите случаи ќе биде сличен. Подетално за потребните чекори за поставување на облози може да прочитате во следните раздели на статијата.

Како да се направат облози на сајтот на 1хБет (1xBet)?

При користење на официјалниот сајт на 1xBet.com или функционалното огледало треба да ја следите следнава инструкција:

  1. Да влезете во личниот профил (новите корисници треба да се регистрираат на сајтот 1хБет (1xBet).
  2. Да преминете на страницата „Билтен“, „Live“, или „Сајбер-спорт“ за избор на настани.
  3. Да го изберете исходот на облогот (саканиот натпревар за облогот).
  4. Исходот да го додадете во тикет. Откако ќе кликнете на бројниот показател на коефициентот, облогот ќе биде внесен во работната област (тикетот).
  5. Да го изберете форматот на облогот: единечен или комбинација. Во првиот случај треба да се укаже сумата на облогот и промо кодот, доколку го имате. Понатаму треба да го поставете облогот преку кликање на соодветното копче. За втората варијанта треба да додадете барем уште еден исход во тикетот и да ја изберете варијантата на комбинацијата (експрес, систем итн.). Понатаму треба да ја укажете сумата и да го поставете облогот.

После тоа облогот влегува во „Историјата на облози“, каде играчот може да го набљудува резултатот, а исто така, делумно може да влијае на облогот, преку негово осигурување или продавање.

Делать ставки 1хБет

Сакаме да обрнеме внимание дека обложувањето на мобилната верзија на сајтот 1хБет (1xBet) не се разликува од она на десктоп верзијата. Разликата се состои само во приказот на екраните: местоположбата на елементите и менито. Функционалноста на порталот не се менува, независно од избраниот уред.

Како да се постави облог на 1xBet (1хБет) од телефон?

Според податоците во аналитичката статија на Рон Менделсон за Интернет-изданието Yogonet.com, околу 70% од типувачите ги користат мобилните телефони за нерегуларно обложување. Притоа, 40% постојано поставуваат облози преку телефон. Па така, важноста на мобилната верзија на сајтот 1xBet (1хБет) и апликациите не може да се потценат. Обложувалницата има што да им понуди на корисниците кои сакаат да се обложуваат на 1хБет (1xBet) преку телефон. Облозите од телефонските уреди може удобно да се поставуваат преку:

  • Мобилната верзија на сајтот 1хБет. Таа се отвара автоматски при посетувањето на сајтот 1хБет преку мобилен телефон. Основните разлики меѓу десктоп и мобилната верзија се во менито („Хамбургер“, кое се наоѓа во десниот горен агол на страницата), положбата на екраните и навигацијата. Инаку обложувањето на 1xBet (1хБет) преку мобилната верзија на порталот не се разликува од основната: настанот се додава во тикет, се посочува сумата, се подесуваат поставките и се клика на копчето „Направи облог“.
  • Мобилна апликација 1xBet. Неа може да ја преземете од официјалниот сајт на обложувалницата. Апликацијата е бесплатна за уредите со оперативен систем Android и iOS. Подетално за обложувањето во мобилната апликација на 1хБет (1xBet) ќе стане збор во следниот раздел.

Вход в мобильную версию 1xBet

Како да се направат облози преку мобилната апликација на 1xBet (1хБет)?

Првиот чекор на оваа варијанта ќе биде преземањето и инсталирањето на апликацијата 1xBet (1хБет). Таа е достапна во две верзии: за Android и iOS. Програмата може да се преземе од официјалниот сајт/огледалото или од AppStore (за корисниците на „епл“ технологијата). Инструкцијата за инсталирањето, исто така, е достапна на порталот на обложувалницата.

По најавувањето во мобилната апликација на 1хБет (1xBet) играчот преминува во потребниот раздел за избор на облог. Кога ќе ги избере настаните, ги поминува истите чекори, како и во случајот со сајтот. Разликата се состои само во дизајнот на екраните.

Како да се направи облог во програмата 1хWin од 1хБет (1xBet)?

Корисниците на Windows можат да ја симнат програмата 1хWin за брз пристап до облозите. Таа може да се преземе од сајтот на обложувалницата , во разделот „Desкtop Апликации“. Треба да се забележи дека за разлика од сајтот, кој може да биде блокиран од страна на интернет-провајдерите, типувачот може да се обложува без користење на VPN. Менувањето на IP адресата и локацијата се прават од страна на програмата.

По инсталирањето на 1хWin, играчот треба да се логира. Понатаму корисникот треба да ги направи сите тие чекори, како што беше случај и на сајтот. Дизајнот на програмата е копија на веб-порталот на обложувалницата.

Программа для 1xWin

Како да научите да правите облози на 1xBet (1хБет)?

Многу почетници мислат дека поставувањето на облози на 1xBet (1хБет) е работа на половина час. Треба само да се избере саканиот настан и, потпирајќи се на интуицијата, да се постави облогот. Меѓутоа после првиот пораз и губење на банкролот, мислењето за спортското обложување на корисниците на обложувалницата се менува. Всушност, спортските облози се макотрпна работа која бара знаење и искуство.

Доколку вие само што го започнувате својот пат во обложувањето на 1хБет (1xBet), препорачуваме да ги прочитате лекциите на нашата „Школа за облози“. Откако ќе ги поминете сите раздели, ќе добиете основни знаења кои ќе ви помогнат да стекнете искуство на сајтот на обложувалницата. Понатаму остануваат само ситниците: да научете да анализирате и да експериментирате со облозите. И запомнете, победува само оној, кој умее да губи. Затоа не плашете се од порази. Тие помагаат правилно да научите да правите облози на 1xBet (1хБет). За умешноста на правилното обложување ќе има одделна статија на нашиот сајт.

Популарни прашања за поставувањето на облози на 1хБет (1xBet):

✅ Како да се обложувате во 1xBet (1хБет)?

За да поставувате облози во 1xBet (1хБет) треба да се најавите. Затоа новите корисници треба прво да се регистрираат, да го пополнат депозитот, и дури потоа ќе можат да поставуваат облози. Постои мала разлика меѓу обложувањето во 1xBet (1хБет) од компјутер (десктоп верзијата на сајтот и програмата за обложување) и телефонот (мобилната верзија на порталот и мобилната апликација). Подетално за процесот може да прочитате во статијата.

💲 Колку изнесува минималниот облог во 1хБет (1xBet)?

Многу почетници ги интересира прашањето каков е износот на минималниот облог во 1хБет (1xBet). Тој износ зависи од избраната валута на сметката. Затоа, со минималните облози може да се запознаете за време на формирање на тикетот, на сајтот на 1xBet (1хБет). На пример, границата може да биде 0,3 долари, 0,2 евра, 10 рубљи или 5 гривни за посочените валути.

❔ Како да се поставува облози на 1xBet (1хБет) од телефон?

Обложувалницата на играчите им дава можност да поставуваат облози на 1xBet (1хБет) преку мобилната верзија на сајтот и апликацијата. Во првиот случај доволно е да преминете на сајтот 1xbet.com, дизајнот автоматски ќе се прилагоди на големината на екранот на уредот. Во вториот случај потребно е да ја преземете апликацијата од порталот на обложувалницата. Подетално за секоја од овие варијанти ќе прочитате во статијата.


Читај исто така