Menu

Како да се промени или да се отстрани телефонскиот број во 1хБет (1xBet)?

За време на регистрацијата на сајтот 1хБет (1xBet) на корисниците им се понудени 4 начини за создавање на корисничка сметка, меѓу кои и преку телефонски број. А доколку играчот избрал варијанта за регистрирање без посочување на бројот, обложувалницата сеедно ќе му препорачува да го внесе за зголемување на степенот на безбедност на профилот, иако не е задолжително. Сепак, ако корисникот го потврдил својот телефонски број, можат да се појават дополнителни потешкотии доколку тој се изгуби или се замени. Затоа во статијата ќе ги разгледаме прашањата за додавање и менување на телефонскиот број на 1xBet (1хБет).

Како да се додаде број на 1xBet (1хБет)?

Обложувалницата на корисниците им дава можност дополнително да ја заштитат својата корисничка сметка, додавајќи телефонски број на 1xBet (1хБет). Откако ќе го потврди преку СМС, играчот може брзо да го обнови пристапот до сметката. На тој начин ќе има уште еден дополнителен начин како да ја поврати сметката во 1хБет (1xBet).

За да го прикачи бројот на 1хБет (1xBet) играчот треба да влезе во профилот. Во разделот „Безбедност“ има картичка „Додади број“. Откако ќе кликне, ќе се појави поле, во кое типувачот може да го наведе својот број и да го потврди преку СМС. Освен тоа, на страницата има картичка „двојна авторизација“. Системот за безбедност на обложувалницата ја користи апликацијата Google Authenticator. Откако ќе се потврди пристапот до профилот преку QR код, играчот може да се најави на сајтот преку еднократни лозинки. Тие се генерираат во апликацијата и се проверуваат при влегувањето на порталот, од страна на обложувалницата.

Како да се промени телефонскиот број во 1хБет (1xBet)?

Играчите можат да се најдат во ситуација да го изгубат телефонот и да нема можност да се поврати SIM картичката или телефонскиот број да се промени. Во тој случај, типувачот треба да го смени телефонскиот број во 1хБет (1xBet), инаку може да се појават проблеми со префрлувањето на парите (кодот за потврда може да биде испратен по SMS) или да не може да се поврати профилот заради губење на корисничкото име и лозинката.

Как добавить номер на 1xBet

Постојат 2 начини за промена на телефонскиот број во 1xBet (1хБет):

  • Преку „Мој профил“. За ова корисникот треба да се најави и да премине во разделот „Безбедност“. Понатаму треба да кликне на картичката „Додади број“, за да приложи друга информација. По внесувањето на новиот број, на стариот ќе биде испратена СМС со код (за потврдување на операцијата). Доколку играчот нема пристап до тој број, тогаш треба да го искористи следниот начин.
  • Преку службата за поддршка. Типувачот може да се обрати за помош во службата за поддршка на 1хБет (1xBet). Тоа може да го направи преку мејл, достапен на страницата „Контакти“. Исто така, играчот може да се јави на телефонскиот број, посочен во контактите. По информирањето за ситуацијата, претставниците на компанијата ќе побараат потврда дека бројот е регистриран на име на корисникот и слика со личната карта. Покрај тоа, потребно е да се наведе датумот на регистрацијата на сајтот, бројот на сметката за играње, методите за внесување и повлекување на средствата. Во случај на успешна идентификација, информацијата ќе биде заменета по барање на играчот во рок од 2 дена.

Доколку сè уште нема да може да се идентификува лицето, играчот ќе нема избор освен да создаде нова корисничка сметка. Меѓутоа, пред ова препорачуваме да напишете во службата за поддршка за да ги известете за блокирањето на другиот профил. Инаку во иднина профилот ќе биде избришан заради повторна регистрација.

Како да се отстрани бројот од 1xBet (1хБет)?

Доколку играчот решил дека повеќе не сака да добива СМС од обложувалницата, тогаш може да проба да го избрише. За да се отстрани бројот од 1xBet (1хБет) нема да помогне самостојното чепкање во профилот. Типувачот треба да напише во службата за поддршка на играчите преку еден од достапните канали.

Според информацијата од форумите, обраќањето во поддршката не секогаш помага да се реши оваа ситуација. Претставниците на обложувалницата не се расположени за вакви барања, повикувајќи се на политиката за безбедност. Меѓутоа, упорните корисници успеале да го решат прашањето со отстранување на бројот од 1хБет (1xBet) во своја корист.

Како алтернативна варијанта за бришење на бројот од сајтот на обложувалницата може да биде замрзнување на профилот. По некое време профилот може да се избрише заедно со личните информации на него.

Как поменять номер телефона

Дополнителни прашања за телефонскиот број во 1хБет (1xBet):

📱 Како да се потврди бројот во 1xBet (1хБет)?

Ако играчот решил да го додаде телефонскиот број во профилот, тоа може да го стори преку „Мој профил“. Во разделот „Безбедност“ треба да премине кон картичката „Потврди го бројот“ во 1xBet (1хБет), каде треба да се наведе телефонскиот број. Бројот се проверува преку SMS, во кој се праќа еднократен код.

📲 Како да се промени телефонскиот број на 1хБет (1xBet)?

За да го промени телефонскиот број на 1хБет (1xBet) корисникот треба да премине во профилот и самостојно да внесе измени или да се обрати во службата за поддршка. Во првиот случај треба да го посети разделот „Безбедност“ и да ја промени информацијата во картичката „Додади број“. Во вториот, преку чат или мејл да напише во службата за поддршка. За оваа варијанта ќе биде потребно и да се потврди идентитетот и сопственоста на новиот број (да се покаже договорот).

🔐 Како да се влезе на 1xBet (1хБет) преку телефонски број?

Обложувалницата на корисниците им дава можност да влезат на 1xBet (1хБет) преку телефонски број. Оваа опција се појавува ако играчот се регистрирал преку телефон. Покрај тоа, корисникот може да го потврди својот број и во профилот. Откако ќе се провери, тој станува уште едно корисничко име, кое може да се користи напоредно со мејлот или идентификациониот број.


Читај исто така