Menu

Какo да се избрише корисничката сметка во Melbet (Мелбет)?

По низа промашувања и недобитни облози на Мелбет некои типувачи одлучуваат да не ги трошат повеќе своето време и пари на игри на среќа, или пак претпочитаат да ја сменат обложувалницата. Во тој случај се појавува прашањето што ќе стане со личните податоци и како да се избрише профилот? Во поставките на профилот на корисникот таква функција не е предвидена. Сепак, постои можност овој проблем да се реши преку службата за поддршка на Melbet. Како правилно да се избрише сметката во Melbet (Мелбет), подетално ќе опишеме во статијата.

Кои се причините за затварање на профилот на Мелбет (Melbet)?

Кога корисникот ќе реши да го затвори својот профил на Мелбет (Melbet), овој чекор може да биде поттикнат од различни причини. За жал, обложувалницата не дава статистика за причините за бришење на сметките (овие барања пристигнуваат во поддршката). Сепак, условно можат да се поделат на доброволно затварање на профилот и бришење на сметката од страна на администрацијата на обложувалницата.

Најпрво ќе ги разгледаме причините за доброволното прекинување на користењето на услугите на сајтот Melbet. При играњето во обложувалницата, многу корисници се надеваат на големи добивки. Кога нема да го добијат очекуваниот резултат и ќе се разочараат од играта, тие често одлучуваат да ја напуштат платформата. Ќе ги наброиме причините кои го поттикнуваат затворањето на профилот на Melbet (Мелбет):

  1. Финансиски проблеми. При спортското обложување во Мелбет и игрите на среќа  секогаш има ризик од губење бидејќи непредвидливоста на овие игри привлекува и принудува кон поставување на нови облози. Притоа шансата за да се биде во плус не е секогаш оправдана. Затоа настанатите финансиски проблеми се основната причина за повремено или трајно прекинување на обложувањето.
  2. Игроманија. Адреналинот и ризикот од спортското обложување и игрите на среќа кај играчите предизвикуваат убави чувства. Понекогаш тоа преминува во зависност и се развива игроманија. Во тој случај сите игри на среќа треба да се прекинат.
  3. Заштита на личните податоци. Податоците за сите клиенти безбедно се чуваат во базата на податоци на обложувалницата, но некои корисници претпочитаат да се заштитат од пристапот на податоците од страна на трети лица и сакаат да го избришат профилот за играње во Мелбет со сите информации кои ги има на него.
  4. Незадоволство од услугите на операторот. Типувачите претпочитаат периодично да ја менуваат платформата за играње во трката за повисоки коефициенти и подобри бонуси.

Обложувалницата Melbet строго го контролира почитувањето на сите правила на процесот за играње од страна на корисниците. Затоа секое нарушување доведува до автоматско блокирање на сметката за играње. Причини за ова решение може да биде користењето на неколку сметки, измами при обложувањето, играње со „вилушки“, депозит со „црни“ пари, промена на државата на живеење без да се извести обложувалницата.

Личный кабинет Мелбет

Обложувалницата не ја бриши сметката на играчот во сите случаи, туку може и да ја блокира. Затоа во случај на проблем со влегувањето во профилот препорачуваме да се обратете до службата за техничка поддршка, да ја откриете причината и да ја објаснете ситуацијата. Сепак, администрацијата на сајтот го задржува правото да се откаже да ве услужи.

Како да се блокира сметката на Мелбет (Melbet)?

Сметката во Мелбет (Melbet) нема да можете сами да ја блокирате, затоа што во поставките на профилот нема таква функција. Сепак, има неколку варијанти кои помагаат да се реши тоа прашање.

Според правилата на обложувалницата корисниците имаат можност да ја активираат функцијата „Самоограничување“, т.е. играчите имаат право во секое време доброволно да постават лимит на максималната сума за обложување и да го ограничат бројот на облози, а исто така, времено или трајно да го ограничат пристапот до својата сметка.

За да се искористи функцијата „Самоограничување“ (замрзнување) на профилот, треба да се направат неколку бироктратски процедури. Треба да испратете барање, потпишано лично од корисникот преку препорачано писмо на физичката адресата на обложувалницата (во Русија – во руската канцеларија, за другите држави на ЗНД – во кипарската канцеларија). Во него треба да ја известите за доброволно откажување од обложување во наведениот период. Ако не наведете рок, тогаш корисничката сметка во Melbet (Мелбет) ќе биде блокирана засекогаш. Ограничувањата ќе важат после 5 дена од добивањето на писмото. Сите лични податоци на корисникот ќе бидат зачувани со цел брзо обновување на профилот.

Покрај ова, постои и друг начин да се „замрзне“ сметката на сајтот на обложувалницата. Ако во тек на три месеци сметката е неактивна, тогаш обложувалницата автоматски ќе ја блокира. За да се уверете, по 3 месеци, обратете се во службата за поддршка со барање да го проверат блокирањето на профилот и, при потреба, да го направат тоа, повикувајќи се на правилата на обложувалницата.

Последната варијанта ќе им одговара на корисниците, кои сакаат да се збогуваат со обложувалницата и да не можат да се вратат на сајтот во иднина. Нарушувањето на правилата на обложувалницата Мелбет води кон автоматско блокирање на сметката за играње. Тоа засекогаш го затвора пристапот до платформата, бидејќи типувачот ќе влезе во „црн список“. Обрнете внимание дека обложувалницата соработува со други обложувалници, затоа информациите за нарушувањето можат да бидат предадени на тие сајтови. Во тој случај на корисникот ќе му бидат затворени вратите на сите популарни онлајн обложувалници.

Персональные данные Мелбет

Бришење или „замрзнување“ на профилот во Мелбет (Melbet)?

Според правилата на обложувалницата Мелбет, личните податоци на клиентот се чуваат во базата на податоци на обложувалницата на неодредено време. Ова е задолжителна мерка за спречување на создавање на повеќе профили и побрзо обновување на сметката за играње. Врз основа на тоа, дури и по писмено обраќање до физичката адреса на обложувалницата, невозможно е да се избришат податоците од сајтот.

Што да се прави во тој случај? Да се напише барање за бришење на сметката или да се „замрзне“ корисничката сметка на Мелбет (Melbet)? При секоја од варијантите податоците на играчот остануваат на серверот на обложувалницата. Затоа нема разлика кој пат ќе го избере корисникот. Сепак, не треба да се вознемирувате. Постои начин кој овозможува делумно да се променат податоците на играчот.
Во профилот на корисникот постои картичка со лични информации. Дел од полињата се блокирани (име, презиме – по верификацијата на профилот), а другиот дел може да се промени (адреса на живеење, телефонски број и е-мејл). Бидејќи има многу луѓе со исто име и презиме, можат да се внесат промени во останатите лични податоци. На тој начин, информациите на сервисот ќе се препишат и ќе можете лично да ги избришете податоците од Melbet (Мелбет). Сепак, копијата од пасошот и вашата фотографија, како и претходно, ќе останат во обложувалницата.

Како заклучок ќе напоменеме дека сметката во Мелбет (Melbet) не можете да ја избришете самостојно. Треба да се обратите до службата за техничка поддршка на сајтот, со барање за блокирање на сметката. А доколку подолго време нема да го користите профилот за играње, тој автоматски ќе биде деактивиран („замрзнат“) од обложувалницата. Исто така, доколку ги нарушите правилата на обложувалницата Мелбет, ќе мора засекогаш да се збогувате со неа и ќе добиете доживотна забрана.


Читај исто така