Menu

Лична идентификација во Мелбет (Melbet)

Преку користење на брзата регистрација на сајтот Melbet корисниците можат да внесат пари на депозитот без да ги дадат податоците од личните документи и веднаш да почнат со обложување. Сепак, за време на повлекувањето на парите типувачите задолжително треба да ја поминат процедурата за лична идентификација во Мелбет (Melbet), приложувајќи ги потребните документи. Како да се помине верификацијата и кои документи ги бара обложувалницата – читајте понатаму во статијата.

Начини за поминување на верификацијата во Мелбет (Melbet)

Верификацијата во Melbet (Мелбет) го потврдува идентитетот на новиот клиент и дава пристап до сите функции на сајтот. Процедурата за идентификација е задолжителен услов за користење на платформата. Проверката на идентитетот ѝ помага на службата за безбедност на обложувалницата да се увери дека играчот е полнолетен, ги спречува случаите на создавање повеќе сметки од еден корисник (мултиакаунтинг) и измами. Затоа, за време на регистрацијата во Мелбет (Melbet) личните податоци треба да се внесат правилно и да се приложат само вистински информации.

Типувачите, кои ја користат меѓународната платформа за играње melbet.com, верификацијата можат да ја поминат онлајн. За тоа во профилот преку соодветниот формулар можат да прикачат скен-копија или фотографија од документите за проверка. Исто така, за корисниците достапен е алтернативен метод – праќање на документите по е-мејл.

Во државите каде што обложувалницата работи со локална лиценца важи друг систем за проверка на идентитетот во Melbet (Мелбет). Ќе го опишеме начинот за проверка на идентитетот во Русија.

Личный кабинет Мелбет

Легалната страна на обложувалницата Мелбет – melbet.ru соработува со ЦУПИС (Центар за евиденција на трансакциите од интерактивното обложување) . Затоа верификацијата освен на сајтот, треба да се помине и на сервисот за евиденција. По регистрацијата на платформата на обложувалницата треба да се идентифицирате на сајтот 1cupis.ru. За сметката во ЦУПИС да се поврзе со корисничката сметка на Melbet треба само да се наведе мобилниот телефонски број и системот автоматски ќе ги поврзе сметките. Понатаму од понудениот список треба да се избере обложувалницата Мелбет и на екранот веднаш ќе се појават сите достапни начини за верификација:

  1. Едноставна онлајн-идентификација. Корисникот треба да прикачи копија од личната карта и дополнителни документи (СНИЛС И ИНН). Откако ќе ја помине верификацијата во Мелбет (Melbet) ќе пристигне известување со резултатот. Најчесто решението се донесува за половина час. Сепак, едноставната верификација прави некои ограничувања при обложувањето и поставува лимит на внесување-повлекување на паричните средства. Затоа препорачуваме да се запознаете со другите начини за проверка на податоците.
  2. Проверка преку сајтот „Госуслуги“. Оваа варијанта на идентификација ќе им одговара на оние кое веќе имаат профил на порталот gosuslugi.ru. Потребно е да се најавите на сајтот „Госуслуги“ и да дозволите пристап до „Мобилната картичка“. Со овој систем управува ЦУПИС. Проверката на идентитетот се врши за 30 минути.
  3. Верификација во салонот „Свјазној“. Целосна идентификација во Melbet (Мелбет)при директно обраќање во салонот „Свјазној“ или пунктот на платежниот систем CONTACT е популарен начин да се проверат документите на типувачот. Треба да појдете со лична карта и телефон, кој е поврзан со сметката, во еден од партнерските салони и да му соопштите на вработениот дека сакате да ја поминете проверката за ЦУПИС. И покрај тоа што е достапна за повеќето корисници, услугата има два недостатоци. Како прво, таа се наплаќа. Цената во салонот „Свјазној“ е 300 рубљи, а во CONTACT – 150 рубљи. Второ, времето за проверка на документите изнесува 72 часа.

При бирањето на кој било начин за проверка на идентитетот треба внимателно да ги подгответе вашите документи. Како да го направите тоа – ќе раскажеме во следниот раздел.

Потребни документи за проверка на идентитетот во Мелбет (Melbet)

За да се избегне регистрација со туѓи или лажни документи обложувалницата ги идентифицира новите корисници. За ова службата за безбедност бара скен-копија или фотографија од личната карта, поретко фотографија со документот до лицето или нотарски заверена копија од личната карта, испратена физички. Понекогаш обложувалницата може да побара и други документи, кои го потврдуваат идентитетот на клиентот во Мелбет (Melbet). Тоа може да биде и пасош или возачка дозвола, извод од банкарска дебитна сметка или копија од сметка за наплата на комунални услуги (за проверка на адресата на живеење). Бараните копии на документите треба да ги испратите на електронската адреса на службата за безбедност на сајтот (достапна на страницата „Контакти“). Ако администрацијата нема никакви прашања, тогаш проверката на идентитетот нема да трае подолго од 72 часа. Доколку има спорни прашања проверката може да се задржи.

Процесот на поминување на идентификацијата преку сајтот на ЦУПИС или порталот „Госуслуги“ се смета за завршен само по синхронизирањето на сметките и трае 30 минути. Верификацијата преку „Свјазној“ и CONTACT се завршува после проверката на личните податоци на корисникот, мобилниот телефон и плаќањето на услугата од операторот. Најчесто ова се изведува во рок од 3 дена.

Контакты Мелбет

Поминување на проверката на идентитетот во Мелбет (Melbet) од прв пат

Ако не сте ја поминале проверката на идентитетот во Мелбет (Melbet) од прв пат, не треба да паничите. Причина за тоа можат да бидат неквалитетни фотографии или постоење на некакви грешки во наведените податоци. Обложувалницата има права да побара повторно поминување на верификацијата. Затоа пред да ги испратите вашите лични информации, треба внимателно да ги проверите. Фотографиите, исто така, треба да имаат добар квалитет.

При потреба, на барање на обложувалницата треба да се приложат алтернативни документи, кои го потврдуваат идентитетот на играчот. Ако имате потешкотии со испраќањето на документите, обратете се за помош во службата за поддршка на Melbet.

Обрнете внимание дека личните податоци на играчите се потребни само за процедурата за верификација. Тие остануваат доверливи и безбедно ќе се чуваат во заштитена база на податоци во обложувалницата.


Читај исто така