Menu

Опција „Продажба на облози“ на 1хБет (1xBet): карактеристики и предности

История ставок 1хБет
Спортските облози секогаш носат ризик. Дури и најискусните типувачи прават грешки, а да не зборуваме за почетниците. Затоа веројатноста да се вратат дел од парите во случај на негативен исход на спортски настан е многу корисна опција за типувачите. И како што може да се сфати од насловот, обложувалницата 1хБет на своите корисници им ја нуди опцијата „кешаут“ како откуп или продажба на облогот. За тоа како функционира и во какви случаи играчите го продаваат облогот во 1хБет ќе стане збор во оваа статија.

Што е тоа „продажба на облози“ во 1хБет: кешаут

Кога станува збор за продажба на облози во 1xBet (1хБет) треба да се подразбира процедурата на замена на својот тикет (облог кој сè уште не е изигран), по поставување на облогот, на одредена сума на пари. Доколку не се земат предвид некои акции, обложувалницата никогаш не ги враќа сите средства на играчот. Висината на компензацијата или таканаречениот кешаут (од англ. „cashout“ – извади готовина) зависи од натпреварот, прогнозите и времето кое поминало откако бил поставен облогот. Доколку корисникот не учествувал во дополнителни акции, средствата се праќаат на основната сметка и не се бара да се изиграат.

Опцијата „Продавање на облози“ во 1xBet (1хБет) е дадена автоматски и специјално е наменета за настани пред натпревар. Играчот не треба дополнително да ја нагодува, може веднаш да ја користи за тикети објавени во историјата на облози. Ќе забележиме дека може да се вратат и единечни и експрес-облози.

Причини за продажба на облози на 1хБет (1xBet)

Како што беше забележано во воведниот дел продажбата на облози е конкурентна предност на платформата 1хБет (1xBet). Типувачите можат да згрешат во прогнозите и можноста да се вратат дел од средствата е каде каде подобра од губењето на целата сума на влогот. Затоа не зачудува тоа што опцијата „Продажба на облог“ на 1хБет (1xBet) активно се користи како од почетниците така и од професионалците.

Продажа ставки 1хБет

Сепак, не сите корисници сфаќаат во какви ситуации треба да се откажат од ризик и да го вратат облогот пред почетокот на натпреварот. Ние собравме неколку клучни причини кога користењето на опцијата „Продажба на облог“ во 1хБет (1xBet) е соодветно:

  • Неправилна прогноза на играта. Бидејќи облог може да се продаде само пред натпревар, таквите облози можат да се поставуваат долго пред почетокот на спортскиот настан. Бидејќи врз резултатот влијаат многу фактори (повреди, физички и психолошки замор итн.), фаворитот може да се промени пред почетокот на играта. Покрај тоа, во некои случаи типувачот може да го врати облогот по почнување на натпреварот, откако станало јасно дека исходот е неповолен. Затоа можноста да се спречи губење на облогот е клучна предност на опцијата „Продажба на облози“.
  • Потреба за дополнување на банкролот. Во нашата „Школа за облози“ може да најдете неколку материјали посветени на банкролот во облогот. Во ситуации кога играчот неправилно ја испланирал својата стратегија и ги искористил сите достапни средства, враќањето на облогот ќе помогне да се добијат „готови“ пари за нови облози.
  • Вадење на пари од платформата. Доколку корисникот го изиграл сиот свој депозит внесен на сметката на 1xBet (1хБет) и сака да ги извади парите, може да ја искористи опцијата „Продажба на облози“. Во тој случај играчот ќе врати дел од парите и ќе ги додаде кон сумата за вадење. Меѓутоа, ве молиме да обрнете внимание дека средствата треба да бидат поставени порано на други добитни облози, инаку тие ќе бидат блокирани за одигрување.

Покрај стандардната опција „Продажба на облози“ од 1xBet (1хБет) постои варијанта „Продавање на големо“ или таканаречено осигурување на облог. За таа опција ќе стане збор во друга статија.

„Продажба на облози“1хБет (1xBet): наоѓање и користење на опцијата

Откако ќе се постави облогот сите настани се пренесуваат во разделот „Историја на облози“. Преку влегување во профилот корисникот може да се запознае со купоните, преминувајќи во наведениот раздел и да кликне на копчето „Продај“ за конкретен настан. Во нов прозорец на типувачот ќе му биде понудена сума за враќање на облогот и можноста да ја потврди операцијата со кликање на копчето „Продај сега“. Откако играчот ќе се согласи со кешаутот, парите ќе стигнат на основната сметка во тек од 20 секунди.

Продажа купона 1хБет

На тој начин опцијата 1xBet (1хБет) „Продажба на облог“ може да се најде во личниот профил (раздел „Историја на облози“). Може да се вратат сите облози пред натпревар доколку сè уште не се изиграни (не започнал натпреварот), иако при учество во некои акции играчот може да си ги врати средствата во облог пред натпревар дури и по започнувањето на дуелот. Затоа препорачуваме да се запознаете со тековните акции од обложувалницата во разделот „PROMO“, за максимално да ги искористете можностите на опцијата за враќање облози.

Процедура на продажбата на тикет на 1хБет (1xBet)

Обложувалницата 1xBet (1хБет) користи неколку ознаки за опцијата враќање на облози: „Продажба на облог“ или „Продажба на купон“. Тие се синоними и можат да се користат во акциските материјали од страна на обложувалницата или од корисниците.

Во претходните раздели дадовме кратко значење на поимот „тикет“. Под тикет се подразбира број на исходи во пред натпревар или Live кои влегле во еден облог. Сепак, опцијата „Продажба на тикет“ во 1xBet (1хБет) е достапна исклучиво за настани пред натпревар, кои може да бидат како единечни, така и експреси.

Секој тикет содржи свој број и карактеристики на настаните (назив на дуелот, коефициенти, вид на облог). Корисникот може да го прегледа тикетот во разделот „Историја на облози“ кој е достапен во личниот профил. Исто така, тикетот може да се прегледа преку страницата „Проверка на тикет“ која е објавена во долното мени на сајтот.

За продавање на тикет потребно е да се избере саканиот облог и да се кликне на копчето „Продај“. Понатаму треба да се потврди операцијата со кликнување на копчето „Продај сега“. Дури тогаш ќе може да се изврши продавање на купонот на 1xBet (1хБет).


Читај исто така