Зошто 1хБет (1xBet) е забранета во Русија?
- Зошто 1xBet (1хБет) е забранет во некои држави?
- 1хБет (1xBet) е забранета во Русија: причина за блокирањето
- Дали 1хБет (1xBet) е дозволена во Украина, Белорусија и Казахстан?
Зошто 1xBet (1хБет) е забранета во некои држави?
Во статијата „Каква обложувалница е 1xBet? “ ние кратко спомнавме за историјата на настанувањето на компанијата. Многу почетници можеби не знаат дека светски познатиот бренд потекнува од Русија. И покрај ова, денес нејзината дејност на територијата на Руската Федерација е забранета. Причината се состои во лиценцата која ја користи компанијата за давање на своите услуги.
Обложувалницата 1хБет е една од првите која на рускиот пазар лансираше веб-сајт за прием на облози на интернет (2012 г.). За работата на сајтот се користи лиценцата №1668/JAZ, издадена од организацијата Curacao eGaming. Бидејќи дозволата за работа е добиена од офшор регистратор, не сите држави, кои ја легализирале работата на обложувалниците, ја прифаќаат. Затоа во некои држави како, на пример, во Русија 1xBet (1хБет) е забранета. Корисниците таму имаат проблем со пристапот до сајтот.
Во други држави, како што се Украина, Белорусија или Казахстан, порталот на обложувалницата не е блокиран. Меѓутоа, тој секако се смета како нелегален. Ова прашање може да се реши со добивање на национална лиценца. Но тоа не секогаш ѝ одговара на обложувалницата 1хБет (1xBet), бидејќи треба да се поминат дополнителни бирократски процедури и да се плати округла сума за национална дозвола.
1хБет (1xBet) е забранета во Русија: причина за блокирањето
Во 2006 година во Руската Федерација беше донесен закон за „Државно регулирање на дејноста за организација и изведување на игрите на среќа“. Според состојбата од 2021 година, законот неколку пати се менуваше. Покрај тоа, се додаваа и различни решенија од Владата на Русија и Федералната даночна служба, кои ги променија правилата за играње на пазарот. Денес, за да се добие лиценца за давање на онлајн и офлајн услуги потребно е:
- Да се има главно седиште (регистрирана компанија) во Русија.
- Да се добие лиценца од ФНС (Федерална даночна служба).
- Поврзување со еден од ЦУПИС-центрите за евиденција на трансакциите на интерактивните облози.
- Сите игри на среќа и казиното треба да се отстранат од понудата.
Бидејќи обложувалницата 1хБет се фокусира на онлајн проширување и развива раздели со казино и игри на среќа, беше донесено решение сите канцеларии да се предадат на друга компанија. Во 2016 година бизнисот на 1xBet во Русија и беше предаден на 1хСтавка – новата обложувалница, која одговара на сите барања на законите на Русија. Оваа компанија е помлада сестра на 1хБет. За тоа, по што се разликува 1xBet од 1xStavka пишувавме во одделна статија.
Сепак, русите можат да ги користат услугите на обложувалницата 1хБет (1xBet). За ова, потребно е да се најде функционално огледало или да се инсталираат специјални програми за промена на IP адресата и локацијата.
Дали 1хБет (1xBet) е дозволена во Украина, Белорусија и Казахстан?
Меѓу корисниците на порталот на 1xBet (1хБет) има многу типувачи од Украина, Белорусија и Казахстан. Ова се должи на интересната понуда на обложувалницата, преводот на сајтот на руски и на други национални јазици (со исклучок на белорускиот) и прилично добрите бонуси. Уште еден дополнителен фактор е достапноста на сајтот на 1хБет (1xBet). Тој не се блокира од локалните провајдери, со исклучок на Белорусија, каде од 2021 година се појавија проблеми со посетувањето на официјалниот портал.
При преминување на сајтот 1xbet.com во Украина се отвара едно од официјалните огледала. Ова е направено за поделба на сообраќајот и заобиколување на можните блокирања од страна на локалните интернет провајдери. Во ретки случаи, пренасочувањето на огледалото не работи и може да пристигне известување дека обложувалницата 1xBet (1хБет) е блокирана во Украина. Меѓутоа, ова не е точно. Покрај ова, на форумите може да се прочита информацијата дека обложувалницата сака да добие украинска лиценца за да може да се рекламира во медиумите и да биде спонзор на спортски клубови. Но засега ова се само муабети.
Во Белорусија законите на државата бараат регистрирање на компаниите за да можат да ги нудат своите онлајн услуги. Со ова прашање 1xBet (1хБет) немаше проблеми до 2021 година. Бидејќи надзорот на дејноста над обложувалниците се заостри со потпишаниот Указ од претседателот на РБ, лиценцата на многу компании не беше продолжена. Затоа од април 2021 година пристапот до сајтот 1xbet.by е забранет. Меѓутоа, играчите можат да ги користат тековните огледала или други инструменти за заобиколување на забраната на 1хБет (1xBet) во Белорусија.
Владата во Казахстан не ја забранува работата на странските обложувалници, кои се регистрирале во „Комитетот на туристичката индустрија на Министерството за култура и спорт на Република Казахстан“. Обложувалницата 1xBet (1хБет) доби дозвола во 2016 година и ја продолжи лиценцата до 2020 година. Затоа сајтот на компанијата 1xbet.kz е апсолутно легален, како и дејноста на обложувалницата на територијата на Казахстан.
Читај исто така
Разлика меѓу меѓународната и руската верзија на Мелбет (Melbet)
Карактеристики на melbet.com и melbet.ru Разлики меѓу меѓународната и руската верзија на Melbet (Мелбет) Избор…
Видови лотарија и бинго на Мелбет (Melbet)
Понуда на бинго игри и лотарија од Melbet (Мелбет) Карактеристики на бинго игрите и лотаријата…
Live-казино Melbet (Мелбет): карактеристики и понуда
Карактеристики на разделот „Live-казино“ на Мелбет (Melbet) Предности и недостатоци на live-казиното Melbet (Мелбет) Обложување…
Слотови во Мелбет (Melbet): понуда на обложувалницата
Карактеристики на автоматите за играње на Melbet (Мелбет) Обложување на слотови во Мелбет (Melbet) Варијанти…
Фудбалски тотализатор од Мелбет (Melbet)
Видови ТОТО на Мелбет (Melbet) Обложување на тотализатор во Melbet (Мелбет) Правила за обложување на…
Програма Мелбет (Melbet) за обложување преку компјутер
Преземање и инсталирање на програмите Melbet (Мелбет) на компјутер Карактеристики на програмите за Windows и…