Menu

Како да се обложувате на Melbet (Мелбет)?

Кога за прв пат ќе се запознаат со обложувалницата многу почетници се прашуваат за сигурноста на компанијата. Во прегледот на обложувалницата Мелбет ние пишувавме за лиценците, кои обложувалницата ги користи за нудење на своите услуги. Сепак, би сакале да издвоиме уште еден важен новитет. Обложувалницата Melbet склучи договор со Швајцарската банка за осигурување на исплатите на играчите. Затоа во случај на голема добивка, типувачите веднаш ќе можат да ги добијат своите пари. Фондот за осигурување изнесува 1 милион евра и може да се зголемува. Ова е еден од адутите на обложувалницата, кој „зборува“ дека обложувањето на Melbet (Мелбет) е безбедно. За тоа како да правите облози на порталот на обложувалницата, ќе стане збор во статијата.

Единечни облози во Melbet (Мелбет): како се поставуваат?

Веб-сајтот на Melbet има едноставен и разбирлив интерфејс, типичен за онлајн обложувалница. На врвот на страницата се дадени основните раздели, поставките и влезот во личниот профил. Обложувалницата, исто така, сметала дека овде треба да го стави линкот за преземање на мобилната апликација Мелбет, валутата и достапните бонуси. Од левата страна се наоѓаат филтрите за видовите спорт и тековните натпревари. Од десно – важечкиот тикет на играчот и рекламните банери. Во средишниот дел – основните информации со списокот на натпревари и понудените исходи.

Веднаш по влегувањето на почетната страница ќе видете список со најинтересните понуди за спортски натпревари. За запознавање со подетален список на игри ќе треба да влезете во разделот „Билтен“ или „Live“.

За да поставите единечен облог на Melbet (Мелбет) треба да кликнете на коефициентот за исходот на играта, на која сакате да се обложите. Тој веднаш ќе се појави во тикетот од десната страна на екранот. Во тикетот изберете ги потребните поставки:

  • Наведете ја сумата на облогот.
  • Изберете го правилото при менување на коефициентот на облогот: прифати кое било/ зголемено, откажи се.
  • Внесете промо код (доколку имате).
  • Изберете сметка, од која ќе се повлече сумата на облогот: основна или бонусна.

Понатаму кликнете на копчето „Направи облог“, со што ќе ја потврдите вашата согласност за поставување облог. После тоа ќе можете да ги видите непресметаните тикети во профилот или во разделот „Проверка на тикет“. Во последниот случај не треба да се најавувате на сајтот, доволно е да се знае бројот на тикетот.

Одиночная ставка Мелбет

Имајте предвид, дека ако поставувате облог за одигрување на некој бонус, тогаш сајтот на обложувалницата автоматски ќе ја провери соодветноста на на параметрите на облогот со условите на наградата. Во случај ако, на пример, бонус средствата сакате да ги поставите на облог со неповолни услови, ќе се појави предупредување и нема да можете да го поставите облогот.

Како да се постават експреси во Мелбет (Melbet)?

Поставувањето на облог од типот „Експрес“ во Melbet (Мелбет) не е потешко од она на единечниот облог, опишано погоре. Обложувалницата се погрижи да го направи поедноставен и поразбирлив процесот на формирање на комбинирани облози, дури и за почетниците.

За да направите експрес најпрво треба да ги изберете настаните кои сакате да ги додадете во комбинација. За тоа, како да ги проанализирате и да ги изберете натпреварите, можете да најдете информација во нашата „Школа за облози“. По одредувањето на игрите, потребно е да изберете коефициент за секој натпревар. Сите тие ќе се додадат во тикетот и типот на „Експресот“ ќе се инсталира автоматски. Ова се случува кога во еден тикет се додаваат неколку исходи.

После тоа го правете истото како и за единечните облози: ја наведувате сумата, внесувате промо код (ако имате), избирате сметка и кликнувате на „Направи облог“. Тоа е се, експрес-облогот е направен. Можете да го следете преку профилот на корисникот или страницата „Проверка на тикет“.

Экспрес-ставка Мелбет

Како се прават комбинирани облози во Melbet (Мелбет)?

Покрај класичниот ординар и експрес, на сајтот на обложувалницата може да се поставуваат и повеќе сложени комбинирани облози, кои се состојат од неколку настани, а имено: лаки, ланец, патенти, системи и мултиоблози.

За да прави комбинирани облози во Melbet (Мелбет), корисникот треба да го помине истиот пат, како и при додавањето на експрес:

  1. Да се избере потребниот настан во „Билтенот“ или „Live“. Во случајот со лаки во тикетот треба да се додадат единечни и експрес-облози. При ланец да се додадат единчени облози. За систем и патент треба да се додадат неколку експреси. Мултиоблогот вклучува различни варијации на единечни и комбинирани облози.
  2. Во списокот треба да се избере потребниот формат на облогот. Тој зависи од додадените настани. За да се формира соодветниот тип на комбиниран облог во Мелбет (Melbet), треба да се сфати нивната логика.
  3. Да се наведе сумата за обложување и да се потврди облогот.

Откако облогот ќе биде формиран резултатот може да се следи во профилот или, без најавување, на страницата „Проверка на тикет“.

Комбинираните облози во Melbet (Мелбет) им носат добар приход на типувачите. Сепак, овој вид на облог им го препорачуваме на поискусните корисници. За почетниците подобро е да започнат со ординари отколку со експреси.


Читај исто така