Menu

Како да ги повлечете парите од Мелбет (Melbet)?

Во обложувалницата Мелбет има различни варијанти за пополнување на депозитот. Подетално со нив можете да се запознаете во статијата „Пополнување на депозитот на Мелбет“. Денес ќе го разгледаме обратниот процес: како да се повлечат парите од Мелбет (Melbet). Ќе ги разгледаме сите достапни методи, правилата и карактеристиките на повлекувањето на добивката, минималните и максималните суми за повлекување, даноците и провизијата. За сето ова – читајте подолу.

Кои начини за повлекување на средствата се достапни во Melbet (Мелбет)?

Во моментот на пишувањето на статијата обложувалницата Мелбет на своите играчи им нуди повеќе од 40 методи за повлекување на парите. Сепак, точниот број на методи за исплата зависи од државата на живеење на играчот. Затоа, пред да ги повлечете парите, препорачуваме да се запознаете со тековните информации на официјалниот сајт на обложувалницата.

Ајде да ги разгледаме најпопуларните методи за повлекување на парите во Мелбет (Melbet):

  • Банкарски картички VISA, MasterCard и МИР. За да се повлечат пари од сметката за играње на картичка, треба да се премине во разделот „Повлекување на средства“. Понатаму избирате банкарски картички и вашиот тип на картичка (VISA, MasterCard или МИР). Ќе се отвори прозорец во кој треба да ја наведете сумата на трансакцијата и податоците на картичката. По потврдувањето на трансакцијата на телефонот ќе добиете СМС со код. Добиениот код внесете го во специјалното поле и завршете ја трансакцијата.
  • Електронски паричници Jeton Wallet, Sticpay, Astropay Onetouch, Skrill, Piastrix, QIWI и платежните системи ecoPayz, Neteller. Префрлувањето на добивката на електронскиот паричник/ платежниот систем воопшто нема да претставува проблем дури и за почетниците. За ова во разделот „Повлекување на средствата“ изберете го саканиот сервис. Понатаму внесете ја сумата и бројот на паричникот или сметката на платежниот систем. Завршете ја трансакцијата со кодот од СМС-пораката. Имајте предвид дека обложувалницата Мелбет не зема провизија за повлекувањето на добивката. Меѓутоа, секој систем за плаќање може да има свои провизии. На пример, во Skrill таа изнесува 5%, а во Neteller 2,5%.
  • Криптовалути Bitcoin, Litecoin, Dogecoin, Dash, Ethereum (и уште 35 монети). Пред да ги повлечете средствата во криптовалута препорачуваме да обрнете внимание на нејзиниот курс. Очекувајте дека за време на изведувањето на операцијата тој може да се смени и во плус и во минус. За повлекување на средствата од Melbet (Мелбет) важат истите чекори како и во претходните варијанти: во профилот, во разделот „Повлекување на средствата“ изберете „Криптовалути“. Кликнете на саканата монета. Понатаму ја наведувате сумата и податоците (адреса на криптовалутниот паричник). Потврдете ја операцијата и очекувајте да се префрлат.

Вывести деньги через э-кошельки Мелбет

Времето за добивање на средствата на личната сметка зависи од избраниот метод. Обично, за трансакции на банкарски картички времето за обработка на барањето изнесува до 3 работни денови. На електронските и криптовалутните паричници средствата пристигнуваат речиси веднаш, во поретки случи овој процес трае до 15 минути.

Кои се карактеристиките на повлекувањето средства на Мелбет (Melbet)?

Една од главните карактеристики на повлекувањето средства на Мелбет (Melbet), која најмногу ги интересира типувачите, е максималната и минималната граница за повлекување на парите. Обично, обложувалниците одредуваат само минимална сума за повлекување (во Мелбет таа е 1,5 долари*). Горната граница се воведува од банките, платежните системи или законите на една или друга држави.

Играчите треба да имаат предвид дека парите можат да ги повлечат само на оној начин, со чија помош претходно го пополниле својот депозит. Т.е., не може да се пополни сметката од банкарска картичка, а да се повлече во криптовалута. Згора на тоа, ако при пополнувањето користите неколку начини, тогаш и повлекувањето треба да го направте на ист начин во процентуален сооднос.

На пример, сте внеле вкупно 100 долари* на сметката на Мелбет, од кои 50 долари* (50%) преку електронски паричник, 30 долари* (30%) преку криптовалута и 20 долари* (20%) со кредитна картичка. По серија на успешни облози, вкупната добивка изнесува 600 долари*. Можете да ги повлечете на овој начин: 300 долари* на електронски паричник, 180 долари* во криптовалута и уште 120 долари* на картичката со која сте го извршиле пополнувањето.

Вывести деньги через платежные системы Мелбет

Меѓународната верзија на сајтот Melbet работи според лиценца од Курасао, затоа типувачите не треба да плаќаат даноци за добиените пари. Освен тоа, таа на играчите им нуди повеќе настани и повеќе варијанти за повлекување на парите. Руската верзија на обложувалницата освен што зема 13% данок од добиениот приход и става ограничувања на достапните варијанти за повлекување на добивката, уште и сите парични трансакции ги поминува само преку ЦУПИС системот. Затоа, за да ги изберете најуспешните и најдобрите варијанти за повлекување средства, проверете ги тековните услови и постоечките ограничувања на сајтот на обложувалницата.

*Или еквивалент во локална валута.

Кои се причините за откажување на исплатата на добивката во Melbet (Мелбет)?

Понекогаш типувачите добиваат известување дека не можат да ги повлечат парите од сајтот Melbet (Мелбет). Доколку откако ја наведувате сумата и ги внесувате податоците ви се појавува информација за грешка, треба да се обрне внимание на следниве причини:

  • Недоволно средства. Наведена сума, која ја нема на вашата сметка. Пред повлекувањето на средствата проверете дали имате доволно средства.
  • Незавршена верификација на сметката во Мелбет. Оние лични податоци, кои ги внесувавте при регистрацијата, задолжително треба да бидат потврдени со скен-копии од вашите документи.
  • Надминат лимит на повлекувањето. Претходно биле повлечени повеќе пари отколку што дозволува обложувалницата за избраниот начин на исплаќање.
  • Обид да се повлечат бонус средства без да се одиграат. Само по исполнувањето на сите услови за одигрување на бонусот можете да ги повлечете средствата на својата лична сметка.
  • Нарушување на правилата на обложувалницата Melbet. Тука може да се наведат неколку причини, на пример користење на лажни податоци, измами, создавање на втор профил итн.

Поддержка игроков на Мелбет

Играчите, кои се запознаени со правилата на обложувалницата и ги почитуваат, ретко се среќаваат со проблеми при повлекувањето на парите на Мелбет (Melbet). Но доколку веќе се појавиле, секогаш можете да сметате на помошта од техничката поддршка.


Читај исто така