Осигурување на облог во 1хБет (1xBet): како да ја користете оваа услуга?
- Што е тоа осигурување на облог во 1хБет (1xBet)?
- Што значи да се осигура облогот во 1хБет (1xBet)?
- Какви се условите за осигурување на облогот во 1хБет (1xBet)?
- Како да се осигура облог на 1хБет (1xBet)?
- Од што зависи висината на осигурувањето на 1хБет (1xBet)?
- По што се разликува осигурувањето од продавањето на облог во 1хБет (1xBet)?
- Дополнителни прашања на темата осигурување на облози во 1хБет (1xBet).
Што е тоа осигурување на облог во 1хБет (1xBet)?
Осигурување на облогот е прилично распространета услуга која ја нудат обложувалниците. Под осигурување на 1хБет (1xBet) облог се подразбира добивање на приход дури ако облогот испадне недобитен. Треба да се забележи дека осигурувањето може да биде целосно или делумно. Во првиот случај играчот ја добива целата сума на својата лична сметка, а во вториот случај само одреден дел.
Висината на осигурувањето зависи од неговиот вид. Колку е поголема сумата на облогот и висината на осигураните средства (во проценти), толку поголема провизија играчот ќе ѝ плати на обложувалницата.
Што значи да се осигура облогот во 1хБет (1xBet)?
Во една од лекциите на нашата „Школа за облози“ за успешно типување се содржи информација за влијанието на теоријата на веројатност на облог. Меѓу веќе дадените совети сакаме да изделиме еден важен момент: „Никој не ја знае веројатноста на настаните“. На тој начин ни еден типувач не може да знае 100% како ќе се заврши натпреварот. Дури во најточните прогнози кои може да ни се чинат како такви има грешки. А каков е случајот со тие натпревари каде веројатноста на добивката на која било од страните е висока? Тогаш може да се послужите со услугите на осигурување облози на 1xBet (1хБет).
Многу играчи си го поставуваат прашањето: „Што значи да се осигура облог во 1xBet (1хБет)?“. На тоа прашање може да има неколку одговори. Прво, може да се искористи дефиницијата: осигурување на облог е целосен или делумен поврат на изгубената парична сума. Второ, треба да се даде опис на процесот на осигурување на облогот и механизамот на добивање на паричните средства во случај на губење. Според процесот, играчот може да осигура кој било* настан пред натпревар или Live. Облогот може да биде или единичен или експрес. Што се однесува до добивањето на парите, висината на компензацијата од 1xBet (1хБет) зависи од сумата на осигурувањето. Доколку било одберено целосно осигурување, тогаш сите средства ќе стигнат на сметката на играчот. Сепак, треба да се знае дека колку е поголем процентот на компензацијата, толку е повисока цената за услугата.
* Не сите облози можат да бидат осигурани. За тоа ќе позборуваме во следниот дел.
Какви се условите за осигурување на облогот во 1хБет (1xBet)?
Обложувалницата 1хБет (1xBet) нуди едни од најдобрите услови за осигурување на облозите за своите корисници. Играчите можат да ја искористат услугата за повеќе настани, избирајќи ги најинтересните натпревари со добри коефициенти. Меѓутоа, има неколку ограничувања на кои треба да се обрне внимание.
- Осигурувањето на облог во 1хБет (1xBet) е услуга за пари. Висината на провизијата зависи од коефициентите и максималната сума што се покрива. Сепак, висината на осигурувањето не ја надминува добивката на корисникот.
- Играчот може да осигура единечни или експрес-облози.
- Играчот може да купи неколку осигурувања за еден ист облог. На пример, прво да осигура 10% од сумата, а потоа 30%. Притоа , висината на сите купени осигирувања не може да надминува 100%. Затоа треба да бидете внимателни за да не платите џабе за услугата.
- Под осигурување не влегуваат депозити кои се водат преку криптовалута.
- Осигурувањето на 1хБет (1xBet) облози не е предвидено за натпревари каде што разликата во коефициентите достигнува 17 поени.
- Може да се осигурат облози пред натпревар и live-облози.
Покрај основните услови опишани погоре потребно е да се обрне внимание на дополнителните правила од сајтот на обложувалницата 1xBet (1хБет):
- Обложувалницата не е одговорна во случаите кога услугата на осигурувањето е недостапна заради технички причини.
- Компанијата го задржува правото да престане да ја дава услугата за осигурување на облози во кое било време и во однос на кои било настани без објаснување на причината.
- Операцијата на осигурувањето може да биде откажана, доколку на која било етапа од вршење на услугата се појавиле технички проблеми.
Облозите во сите наведени случаи се пресметуваат регуларно според резултатите на играта. Сепак, како што покажува праксата, обложувалницата ретко ги применува тие точки од правилата за облозите. Затоа осигурувањето на облози во 1xBet (1хБет) е прилично интересна понуда која треба да се искористи за ризични натпревари.
Како да се осигура облог на 1хБет (1xBet)?
За да ја користи услугата „Осигурување на облог“ корисникот најпрво треба да го постави облогот пред натпревар (ординар или експрес). Откако ќе го стори тоа, треба да премине во својот профил и да влезе во „Историја на облози“. Во списокот треба да го најде посакуваниот облог и да кликне на копчето „Осигурај“( не е достапно за сите облози, за кое веќе зборувавме). Во нов прозорец играчот може да се запознае со провизијата и да ја избере сумата која сака да ја осигура. Како што беше забележано претходно, тоа може да биде дел од облогот или целата сума.
На пример, за облог на фудбал во висина од 100 долари* и коефициент 1,8, сумата на осигурувањето изнесува: 10% – 6 долари*, 100%-47 долари*. Во случај на губење корисникот добива 80 долари*, од кои чисти 36 долари*.
*Или еквивалент на локалната валута.
Од што зависи висината на осигурувањето на 1хБет (1xBet)?
Услугата „Осигурување на облог“1хБет (1xBet) се плаќа и се пресметува индивидуално за секој облог. Формулата на пресметката на осигурувањето го зема предвид типот на настанот, коефициентот, висината на облогот и процентот на осигурувањето. Бидејќи обложувалницата не ја дава точната формула за одредување на провизијата за таа услуга, не постои можност да се направи точна пресметка. За да сфатите колкава може да биде сумата на осигурување на облогот ќе дадеме неколку примери:
- Корисникот поставил единечен облог пред натпревар на сума од 100 долари* на фудбалски натпревар (коефициент 2,00). По неколку минути решил да осигура 50% од облогот. За да ја изврши операцијата обложувалницата на играчот му бара 22 долара*.
- Корисникот поставил единечен live облог на 100 долари* на фудбалска средба (коефициент 1,20) . По 10 минути, по примен гол, решил да осигура 50% од сумата. Обложувалницата за таа операција бара провизија од 30 долари*.
Како што се гледа од примерот коефициентите во натпреварот се разликуваат, меѓутоа заради веројатноста на губење во вториот случај расте и цената на осигурувањето. Затоа треба внимателно да се обмисли користењето на оваа услуга за да не се изгубат повеќе пари при губење на облогот.
*Или еквивалент на локалната валута.
По што се разликува осигурувањето од продавањето на облог во 1хБет (1xBet)?
Многу почетници си го поставуваат прашањето: „Каква е разликата меѓу осигурување и продажба на облог?“ Тие услуги се слични меѓу себе (нив може да ги користете за облози пред натпревар, тие помагаат за поврат на парите итн.) меѓутоа, имаат и некои разлики:
- При осигурување на облог играчот ја плаќа провизијата веднаш, а за време на продажба, всушност, добива помала сума на сметка.
- Може да се осигура и дел од облог, а не може да се продаде дел од облог.
- При осигурување на облози се губат помалку пари отколку при продажба.
Затоа корисниците можат да ги користат тие две алатки паралелно во зависност од избраната стратегија.
Како заклучок сакаме да кажеме дека не секогаш вреди да се осигура облогот. Подобро е да научете точно да ги прогнозирате исходите од настаните и да добивате максимален приход од обложувалницата, а не да давате провизија за дополнителни услуги. Затоа на почетниците им ја препорачуваме нашата „Школа за облози“ каде има многу совети како да станете успешен типувач.
Дополнителни прашања на темата осигурување на облози во 1хБет (1xBet):
⏱️ Осигурување на облог во 1хБет (1xBet): што е тоа?
„Осигурување на облог“е дополнителна услуга која им се нуди на корисниците на обложувалницата 1xBet. По поставувањето на преднатпреварски или live облози, за да вратат дел од парите, играчите можат да го осигураат својот облог. Обложувалницата на играчите им овозможува да направат целосно или делумно осигурување на 1xBet. Покрај тоа, играчот може да користи неколку осигурувања во исто време, се додека вкупната сума на осигураните средства нема да изнесува 100% од првобитниот облог. Сепак, цената за неколку операции ќе биде поголема отколку за користење на едно осигурување за целиот износ на облогот.
✅ Како работи осигурувањето во 1xBet (1хБет)?
Со осигурувањето во 1xBet (1хБет) може да се запознаете веднаш по обложувањето. Играчот треба да премине во профилот и во „Историјата на облози“ да го најде облогот кој сака да го осигура. На картичката со информации за облозите ќе се појави копче „Осигурување“ кое ќе ве пренесе до екранот со поставките. Корисникот може да избере сума за осигурување и да се запознае со износот на провизијата за услугите.
💵 Колку чини осигурувањето на облог во 1хБет (1xBet)?
Цената за осигурување на облог во 1хБет (1xBet) се пресметува индивидуално. Обложувалницата го анализира натпреварот, ја зема предвид висината на облогот на корисникот, моментот кога играчот решил да ја користи услугата и сумата за осигурување. Алгоритамот го пресметува износот на провизијата. Ако играчот се согласува со сумата, може да го „купи“ осигурувањето. Корисникот, исто така, може да се откаже и да се врати кон ова прашање по некое време. Сепак, износот на провизијата, исто така, ќе се промени и не секогаш во корист на типувачот.
Читај исто така
Разлика меѓу меѓународната и руската верзија на Мелбет (Melbet)
Карактеристики на melbet.com и melbet.ru Разлики меѓу меѓународната и руската верзија на Melbet (Мелбет) Избор…
Видови лотарија и бинго на Мелбет (Melbet)
Понуда на бинго игри и лотарија од Melbet (Мелбет) Карактеристики на бинго игрите и лотаријата…
Live-казино Melbet (Мелбет): карактеристики и понуда
Карактеристики на разделот „Live-казино“ на Мелбет (Melbet) Предности и недостатоци на live-казиното Melbet (Мелбет) Обложување…
Слотови во Мелбет (Melbet): понуда на обложувалницата
Карактеристики на автоматите за играње на Melbet (Мелбет) Обложување на слотови во Мелбет (Melbet) Варијанти…
Фудбалски тотализатор од Мелбет (Melbet)
Видови ТОТО на Мелбет (Melbet) Обложување на тотализатор во Melbet (Мелбет) Правила за обложување на…
Програма Мелбет (Melbet) за обложување преку компјутер
Преземање и инсталирање на програмите Melbet (Мелбет) на компјутер Карактеристики на програмите за Windows и…