Menu

Зошто да водите дневник за спортско обложување?

Дневник ставок на спорт
На крајот од претходната лекција пишувавме дека спортското обложување не е само среќа (иако, каде без неа?), колку што е точна пресметка преку математички формули. И навистина, банкролот за облози се пресметува според 4 популарни стратегии. Висината на облогот за секој настан, исто така, се определува по пат на анализа и пресметување на коефициентите и сумата на банката. А бидејќи сета информација треба да се собере некаде и да се обработи, препорачуваме да водете дневник за спортски облози. За тоа како да го го направете тоа ќе стане збор во новиот материјал.

Каква е ползата од дневникот за обложување за играчот?

Искусните играчи препорачуваат не само да се пресметува резултатот на натпреварот и да се одредува висината на облогот, но и да се води статистика за одиграните облози. Поразите и победите на типувачот му помагаат да ја оцени правилноста на својата стратегија, да најде грешки и да премине кон нивно поправање за да го зголеми бројот на победи. Така, со помош на дневникот играчот може:

  • Да води евиденција за облозите. По обложувањето може да ги запише информациите за датумите на облозите, видот на спортот, натпреварот, прогнозата, коефициентот, сумата на облогот, резултатот итн. Во следниот раздел ќе разгледаме пример за табела со полиња за информации.
  • Да ја определи целта за месец/квартал. Ако играчот планира до добие 50 победи во тек на еден месец, правејќи 60 облози, тогаш лесно ќе може да го следи остварувањето на целта и да се поправа во текот на патот до нејзиното постигнување.
  • Анализирање на облогот. Секој облог, добитен или недобитен, треба детално да се разработи и да се сфати каде била грешката. Анализата помага да се намали повторувањето на ваквите ситуации во иднина.
  • Внесување на коментари. Играчот може да внесува свои коментари кои ќе му помогнат да се сети на суштината на настаните во иднина. Исто така, типувачот лесно ќе може да ја споделува информацијата со колегите или да добива совети од нив во врска со одредени спортски настани.

Дневникот за обложување е незаменлив за почетниците. Со негова помош играчот може ретроспективно да оцени што правел добро во минатото, а што лошо. Тие податоци се бесценети, бидејќи постепено го „брусат“ мислењето на типувачот за обложувањето и помагаат облозите да се кренат на максимално професионално ниво.

Како изгледа дневникот со спортски облози?

Секој играч може индивидуално да се однесува кон составувањето на дневникот за обложување. Важно е во табелата да се содржи таа информација, која на типувачот ќе му помогне да ја подобри својата успешност.

Ние препорачуваме да ги вклучите следните полиња во дневникот за спортски облози:

  • Број на облогот.
  • Датум на натпреварот.
  • Вид на спортот.
  • Турнир: назив на лигата или првенството.
  • Натпревар: назив на екипата или спортистите.
  • Прогноза на играчот за натпреварот.
  • Коефициент за избраната екипа или спортист.
  • Назив на обложувалницата (ако играчот користи услуги од неколку обложувалници).
  • Сума на облогот.
  • Резултат на натпреварот.
  • Сумата на добивката.
  • Коментари (за внесување на забелешки).

Пример дневника ставок

Овие податоци удобно може да се внесат во табелите на Microsoft Excel или Google Sheets. Играчот може да додаде формули за автоматски пресметки на исходите, да го пресметува показателот на оправданост на инвестицијата (ROI) за облози итн., за да не ги прави сите тие операции рачно. Исто така, полезна опција претставуваат филтрите кои овозможуваат сортирање на настаните според различни критериуми: датум, вид на спортот, добивката и други.

На почетниците ќе им се чини дека пополнувањето на ваква табела е залудно потрошено време. Сепак, не треба да брзате со заклучоците. При секојдневно обложување, внесувањето на податоците во табелата ќе ви одземе 5-10 минути (зависно од бројот на настаните), но во иднина ќе помогне за подобрување на статистиката на победите и заштедување на парите на играчот.


melbet Portugal

Читај исто така