Menu

Каква обложувалница е 1xBet?

1xbet что это
Компанијата 1xBet прилично активно го промовира својот бренд на интернет и офлајн. Информации за 1хБет може да се видат не само на гемблинг сајтовите, медиумските мрежи на партнерските сајтови, во пиратските филмови и серии (рекламите ги вклучуваат сопствениците на ресурсите за добивање приход од нив), но и во рекламите на ФК „Барселона“, „Челзи“, Африканската фудбалска конфедерација, каде што обложувалницата е официјален спонзор. Затоа многу корисници на интернет и љубителите на спорт сигурно слушнале за обложувалницата 1хБет. Ако не знаете ништо за обложувалницата и се прашувате „ Што е тоа 1xBet (1хБет)?“, ќе пробаме накратко да одговориме.

Историја на 1хБет: како се развила компанијата

Како што може да се сфати од насловот и воведниот дел, 1xBet (1хБет) е обложувалница која е прилично позната меѓу играчите на игри на среќа. Таа е основана уште во 2007 година во Русија и своите услуги ги даваше преку теренски пунктови за прием на облози. До почетокот на 2010 година, канцелариите на обложувалницата беа застапени во повеќето големи градови на РФ и соседните држави: Украина, Белорусија, Казахстан итн. Иако обложувалницата нудеше интерeсна понуда на облози и игри, сепак, таа беше обична обложувалница која не се разликуваше од десетиците други присутни на пазарот.

Од почетокот на 2010 година компанијата започнува да работи на веб-сајтот кој бил пуштен по една година, во 2011. За работата на сајтот беше добиена лиценца регистрирана во Курасао, која на обложувалницата и дозволува да прима корисници од целиот свет. Имено овој чекор доведе до брзото популаризирање на обложувалницата меѓу типувачите во државите на ЗНД, а подоцна и во другите делови од Еропа и светот.

Сепак, со популарноста на обложувалницата 1хБет (1xBet) започнаа и проблемите со руските органи. Законодавството на РФ започна да се заострува, а дејноста на интернет со користење на офшор лиценца воопшто почна да се забранува. Затоа обложувалницата беше принудена да ја менува својата локација, а достапот кон сајтот на 1хbet.com денес е блокиран од страна на Роскомнадзор, иако ова прашање може да се реши со користење на официјални огледала или VPN сервиси.

Треба да се забележи дека сите пунктови за облози на територијата на Русија (имаше повеќе од 600) преминаа во новосоздадената компанија 1хСтавка. Фактички, таа претставува рускиот аналог на 1хБет само регистриран според руските закони. Затоа во понудата, оформувањето на сајтовите, акциите може да се најдат сличности, но правно 1xBet и 1xStavka се различни обложувалници.

Денес обложувалницата 1xBet е една од најпопуларните обложувалници на пазарот. Нејзините услуги ги користат повеќе од пола милион луѓе. За ова придонесоа повеќе фактори, започнувајќи од интересната понуда, бонусите и завршувајќи со рекламата, која можете да ја слушнете или да ја видете пред да побарате „Што е тоа 1хБет?“

Каде е регистрирана обложувалницата 1xBet

По отварањето на веб-сајтот во 2011 година, обложувалницата 1хБет ја смени својата надлежност. Компанијата „1X Corp N.V.“, која го претставува брендот на 1xBet работи според законите на Курасао и е регистрирана на овој остров. Оваа држава влегува во состав на кралството Холандија. Затоа сите претензии за работата на сервисот треба да бидат пренесени до регистраторот во Курасао. Заштитата на интересите во судот, исто така, може да се решава според холандските закони. Сепак, тоа е сложна и долга процедура, затоа поедноставно ќе биде да се обратите до регистраторот. Исто така, треба да се забележи дека обложувалницата најчесто сите спорни прашања ги решава во полза на играчите.

Се надеваме дека со овој наш мал преглед ви стана појасно што е тоа 1xBet. А доколку ве интересираат спортски облози, може да се запознаете со нашата школа за почетници. Во неа собравме лекции за формирање на правилен приод кон спортското обложување.


Читај исто така