Какви можат да бидат коефициентите во обложувалниците?
- Што претставуваат коефициентите во обложувањето?
- Преглед на основните видови на коефициенти
- Децимални (европски) коефициенти
- Дробни (британски) коефициенти
- Американски коефициенти
Што претставуваат коефициентите во обложувањето?
Сите спортски настани кои играчот може да ги постави на облози имаат бројни показатели или коефициенти. Тоа се бројни множители благодарение на кои се изразува веројатноста за секој од настаните. Покрај тоа, во коефициентите е вклучена и маржата на обложувалницата – нејзината гарантирана заработка, која се одзема од секој облог.
Благодарение на коефициентите играчот може да сфати каква ќе биде потенцијалната добивка од облогот. Покрај тоа, бројните показатели помагаат да се изберат настаните за обложување. Бидејќи во различни обложувалници коефициентите се разликуваат, препорачуваме секогаш под рака да имате профил на сајтови од неколку компании. Во тој случај ќе можете подобро да ги изберете бројните множители за облозите.
Преглед на основните видови на коефициенти
На пазарот за спортско обложување постојат неколку формати на коефициенти: децимални, дробни и американски. Секој вид ќе го разгледаме подетално.
Децимални (европски) коефициенти
Овој вид на коефициенти е застапен во Европа, затоа и добил дополнителен назив – европски, иако децималните коефициенти, исто така, се користат и во некои држави на Азија, пред се во државите кои влегуваат во ЗНД.
Овој формат на коефициенти е наједноставен, и затоа, и најпопуларен меѓу играчите. За да се дознае која е потенцијалната добивка на типувачот, облогот треба да се помножи со коефициентот. На пример, при успешно одигран облог од $10 со коефициент 2,5, играчот ќе добие $25. Чистиот приход изнесува $15.
Дробни (британски коефициенти)
Како што може да се сфати од називот во заградите, овој вид на коефициенти се користи од обложувалниците во Обединетото Кралство. За пресметување на потенцијалната добивка играчот треба да ја користи формулата: односот од сумата на чистиот приход (броител) и сумата на облогот, потребен за добивање на тој приход (именител). На пример, во случај на коефициент 6/4 играчот треба да постави $4 за да добие $6.
Дробните коефициенти лесно се претвораат во децимални. За тоа потребно е да се добие резултат од делењето на дропката: 6 / 4 = 1,5 и да се додаде 1. Така дропката 6/4 е еднаква на 2,5 во децимали.
Американски коефициенти
Овој формат на бројни множители се користи во државите на Северна Америка. Американските коефициенти се делат на два вида:
- Позитивни. На пример при коефициент +140 играчот ќе добие чист приход од $140, поставувајќи облог на $100.
- Негативни. На пример, за вредноста -120 чистиот приход ќе биде еднаков на $100 при облог од $120.
Позитивниот и негативниот американски коефициент лесно може да се претвори во децимален. За првиот, бројниот показател треба да се подели со 10 и да се додаде 1. На пример, 140 / 100 + 1 = 2,4. За вториот, сумата на добивката треба да се подели со коефициентот и да се додаде 1. На пример: 100 / 120 + 1 = 1,83.
Па така, ако американскиот коефициент е позитивен, тој секогаш ќе биде поголем од 2 во децимална форма. И обратно, негативниот коефициент секогаш ќе биде помал од 2. Во случај ако децималната форма е еднаква на 2, тогаш американскиот коефициент има вредност +100.
И покрај тоа што обложувалниците користат различни начини за приказ на коефициентите , не е тешко да се пресмета добивката. Секако, на почетниците ќе им биде полесно да започнат со децимални коефициенти кои се популарни во европските обложувалници. Сепак, по поставување на неколку такви облози и другите видови на множители нема да ви изгледаат веќе толку тешки како на прв поглед.
Читај исто така
Кога треба да се зголеми висината на спортските облози?
Време за зголемување на висината на облогот Во претходните лекции ги замоливме читателите да бидат…
Како да се анализира дневникот за спортски облози?
Зошто дневникот за облози е важен за играчот? Ако играчот сака да стане искусен типувач,…
Што претставува ROI во обложувањето и како да се пресмета?
Што претставува ROI во спортските облози? На секој играч кој поставува спортски облози ќе му…
Психологија на обложувањето: кои чекори ќе му донесат успех на играчот?
Што влијае на успехот во обложувањето? Во текот на целата наша школа стануваше збор за…
Каква улога има психологијата за спортското обложување?
Психологија на спортски облози Многу играчи кон обложувањето се однесуваат како кон некој вид хоби…
Успешното спортско обложување и теоријата на веројатност
Како теоријата на веројатност влијае на спортот? Секој настан може да се разгледува од гледна…