Како да направите идеален облог? 1 дел
Еволуција на спортското обложување
Првите обложувалници кои давале онлајн услуги се појавиле во зората на интернетот. Во 1994 настанал пресвртен момент во спортското обложување. Тогаш, малата држава Антигуа и Барбуда која се наоѓа на источната страна од Карипското море добила лиценца за издавање на лиценци за компании за игри на среќа на интернет. Веќе по две години, во 1996 на пазарот се појавила компанијата InterTops, која била првата онлајн обложувалница во светот.
По InterTops, онлајн преминале и други компании за игри на среќа и веќе кон 2011 година обемот на онлајн пазарот за спорски облози надминал 2 милијарди долари, а бројот на играчите – 8 милиони. Активниот раст на отсекот за онлајн обложување, веќе кон 2017 доведе до тоа, речиси половина од вкупниот обем на спортското обложување ($104 милијарди) да изнесува интернет облози ($45,8). Така, за 16 години, обемот на пазарот за онлајн обложување порасна за 23 пати.
Пандемијата на коронавирусот само ја засили тенденцијата типувачите да преминат онлајн. Денес повеќе од 60% од облозите се прават на интернет. Исто така, треба да се нагласи растот на облозите преку мобилни уреди. Ако во 2010 година само некои корисници поставуваа облози преку смартфон, веќе во 2016 година тие беа повеќе од 80%. Оттука може да издвоиме еден од најважните критериуми за изборот на обложувалница (меѓу другите) – мобилноста. Удобната мобилна верзија на сајтот или апликацијата значајно го поедноставува поставувањето на облози од мобилните гаџети.
Безбедно поставување на облози
Пазарот на спортското обложување го продолжува својот раст и покрај пандемијата и финансиски кризи кои настанаа како резултат. А таму, каде што станува збор за пари, ќе се најдат луѓе кои сакаат да заработат од наивноста на играчите. Затоа прашањето за безбедно обложување е секогаш актуелно. Ако со теренските компании е полесно (играчите знаат однапред кои од нив работат легално, а кои не), прашањето за обложувањето на интернет е каде-каде посложено. Ќе пробаме да го разгледаме и да дадеме неколку совети за избор на сајт за обложување.
При запознавање со нов гемблинг портал/обложувалница, играчот треба да обрне внимание на лиценцата. Тоа може да биде дозвола од локален регистратор или офшор компанија. Обично, на сите портали информацијата за лиценца се наоѓа најдолу на страницата, во таканаречениот „подрум“ на сајтот. Типувачот треба да обрне внимание на самиот текст, а имено бројот на лиценцата. Покрај тоа, на лиценцираните сајтови има и банер од регистраторот. Во случај ако дозволата е важечка, банерот ќе биде во боја, во спротивно ќе биде сив заради истекувањето на рокот на лиценцата.
Меѓутоа, измамниците на сајтот може да постават слика наместо скрипта поврзана со серверот на регистраторот. Затоа подобро е да се провери информацијата за лиценцата на сајтот на организацијата која, според податоците на порталот, го издала решението. Ако обложувалницата се наоѓа на списокот, може спокојно да се регистрирате на порталот.
Уште еден важен критериум при избор на обложувалница е да се прочитаат прегледите за компанијата. Ова ќе ви помогне да сфатете дали обложувалницата работи регуларно и легално. Обично, тие обложувалници кои добиле дозвола од регистратор се трудат да бидат лојални кон играчите. Во спротивен случај, во случај на постојани жалби, тие можат да ја изгубат лиценцата.
Ако ви е тешко да пронајдете сигурна и легална обложувалница препорачуваме да се запознаете со нашите прегледи. Ние ги собравме сите информации за најдобрите обложувалници на пазарот.
Читај исто така
Кога треба да се зголеми висината на спортските облози?
Време за зголемување на висината на облогот Во претходните лекции ги замоливме читателите да бидат…
Како да се анализира дневникот за спортски облози?
Зошто дневникот за облози е важен за играчот? Ако играчот сака да стане искусен типувач,…
Што претставува ROI во обложувањето и како да се пресмета?
Што претставува ROI во спортските облози? На секој играч кој поставува спортски облози ќе му…
Психологија на обложувањето: кои чекори ќе му донесат успех на играчот?
Што влијае на успехот во обложувањето? Во текот на целата наша школа стануваше збор за…
Каква улога има психологијата за спортското обложување?
Психологија на спортски облози Многу играчи кон обложувањето се однесуваат како кон некој вид хоби…
Успешното спортско обложување и теоријата на веројатност
Како теоријата на веројатност влијае на спортот? Секој настан може да се разгледува од гледна…