Како да се избере правилната висина на облогот?
Која сума да се избере за спортските облози?
Секој почетник треба да научи да ја одредува висината на спортскиот облог. Облозите на голема сума, во случај на неколку порази, можат брзо да ја испразнат банката на играчот и да доведат до разочарување од спортското обложување. Од друга страна, преку мали облози играчот може да троши многу време, а да добива мал приход. Затоа важно е да се одреди онаа висина на облозите, со која ќе бидете осигурани од серија на неуспешни исходи, но и со која брзо ќе го зголемете својот капитал.
Затоа висината на облозите се одредува врз основа на неколку критериуми:
- Искуството на играчот. Ако корисникот само што го започнал својот пат во спортското обложување, не треба да ризикува. Подобро е да почне со помали облози. Запомнете го ова лесно правило: Бавниот и сталожниот победува во трката.
- Конкретниот настан. Во натпревари меѓу силни спортисти или екипи, каде исходот е неочигледен не треба да се прават големи облози. Сепак, во тие натпревари каде што играчот е уверен во победата на едниот од учесниците на натпреварот може да се зголеми висината на облогот. Сепак, не треба да се ризикува. За популарните грешки во обложувањето зборувавме во една од лекцијата на школата за второ ниво.
- Банката. Колку повеќе средства за обложување има корисникот, толку повисок може да биде спортскиот облог. За формирањето на банката за обложување зборувавме во претходната статија.
Откако ќе ги проанализира трите горенаведени критериуми, корисникот може да донесе решение за избор на висината на својот облог. Сумата е индивидуална.
Финансиски стратегии или интуиција?
Честопати почетниците својот пат во обложувањето го започнуваат со импулсивни облози. Како што зборувавме во претходните лекции, почетниците секогаш имаат среќа. Затоа интуицијата помножена со импулсивност често води кон лесни пари. Сепак, не треба да се лажете. Облозите не се само среќа. Обложувањето е чиста математика кое има свои формули и стратегии. Ако се заинтересирате доволно ќе видете дека секој искусен типувач има свои тајни со чија помош добива прилични добивки и ја победува обложувалницата.
Откако ќе го изброи својот банкрол, играчот може да ја одреди приближната висина за универзалниот облог. Понатаму, според претходната точка, треба да го разгледа настанот. Деталната анализа на претходните игри на учесниците во натпреварот ќе помогне поточно да се одреди победникот. По запознавањето со коефициентите и бонусите на обложувалницата може да се избере стратегија за поставување на облози и висината на самиот облог.
Оваа пресметка се прави индивидуално. Не треба слепо да се користат туѓи стратегии опишани од други играчи на нивните блогови или форуми. Потребно е сами да научете да правете правилни пресметки, дури и по тешки порази. И запомнете, најважното правило гласи: поставувајте облози само тогаш кога ќе бидете уверени дека се е пресметано 100% точно.
Читај исто така
Кога треба да се зголеми висината на спортските облози?
Време за зголемување на висината на облогот Во претходните лекции ги замоливме читателите да бидат…
Како да се анализира дневникот за спортски облози?
Зошто дневникот за облози е важен за играчот? Ако играчот сака да стане искусен типувач,…
Што претставува ROI во обложувањето и како да се пресмета?
Што претставува ROI во спортските облози? На секој играч кој поставува спортски облози ќе му…
Психологија на обложувањето: кои чекори ќе му донесат успех на играчот?
Што влијае на успехот во обложувањето? Во текот на целата наша школа стануваше збор за…
Каква улога има психологијата за спортското обложување?
Психологија на спортски облози Многу играчи кон обложувањето се однесуваат како кон некој вид хоби…
Успешното спортско обложување и теоријата на веројатност
Како теоријата на веројатност влијае на спортот? Секој настан може да се разгледува од гледна…