Menu

Која висина на банкролот е оптимална за обложување?

Начальный банк игрока в ставках
Откако играчот ќе го усвои поимот и ќе ја осознае важноста за формирањето на банката за обложување, треба да премине кон следното прашање. Станува збор за избор на оптимална стратегија за користење на банкролот. Каква треба да биде сумата за спортското обложување за да се добие максимална добивка, а да не се поништат претходните успеси во случај на губење? За ова ќе позборуваме подетално во новата лекција.

Како да се избере правилна висина на банкролот?

За обложувањето да носи стабилен приход, типувачот треба да ја избере правилната сума за обложување. За важноста на банкролот во обложувањето зборувавме во претходните статии на нашата школа. Затоа нема да се повторуваме, туку ќе позборуваме за таканаречениот финансиски менаџмент во обложувањето, т.е. стратегии кои се применуваат при формирање на банката за обложување.

Постојат 4 основни начини за избирање на оптимална сума за обложување: фиксна сума, фиксен процент, фиксен приход и варијабилен облог. Подетално ќе ги разгледаме преку примери.

Фиксна сума

Наједноставниот и, поради тоа, најпопуларниот начин меѓу почетниците за одредување на банкролот е делење на вкупната сума на средствата на делови. Постојат неколку варијанти на пресметување. Ако играчот просечно планира да прави 20 облози седмично, тогаш треба да ја фиксира висината на облогот, на пример $2. Во тој случај, во тек на 7 дена типувачот може да потроши $40, а во година 52 (недели) * $40 (неделен буџет) = $2080.

Од друга страна, ако играчот има определена сума за спортските облози за една седмица, на пример, $40, тогаш може да одреди колку облози може да направи. На сума од $2 – 20 облози, а на $4 – 10.

Во првиот и во вториот случај пресметките зависат од играчот: неговото искуство и буџетот. Сепак, најважното правило гласи: сумата на секојдневниот или седмичниот банкрол треба да биде фиксна. Притоа, за да се добива постојон приход, типувачот треба да погодува повеќе од 55% од настаните со коефициент од 1,8 и поголем. Во спротивен случај добивките ќе ги надоместуваат поразите.

Фиксен процент

Во оваа стратегија играчот користи одреден процент од својата банка за секој облог, и ако процентот е секогаш фиксен, тогаш сумата на средствата секој пат ќе се разликува, бидејќи ќе зависи од банкролот. За разбирање на оваа варијанта на формирање на банката за обложување ќе наведеме пример.

Да претпоставиме дека играчот има $40 за спортски облози и тој одлучува да прави облози на 5% од банката. Во тој случај сумата на првиот облог ќе изнесува $2. Ако облогот со коефициент 2,0 ќе биде добитен, тогаш играчот ќе добие $4 на својата сметка. Вкупниот фонд ќе изнесува $42 каде што $2 е добивката. Вториот облог на типувачот ќе биде еднаков на $42 * 5% = $2,1.

Во случај ако првиот спортски облог ќе биде недобитен, корисникот ќе изгуби $2. По поразот неговиот банкрол ќе изнесува $38. Затоа вториот облог ќе се пресметува по формулата $38 * 5% = $1,9.
Предноста на стратегијата „фиксен процент“ е во тоа што при губење, висината на облогот се намалува што ја отежнува загубата на банката. Сепак, така потешко е да се заработат пари. Затоа типувачот треба постојано да прави многу спортски облози.

Фиксен приход

За правилно да се распредели банката за обложување може да се користи следнава стратегија. Таа се базира на издвојување на сумата, која играчот сака да ја добие во спортските облози. Во тој случај, пресметувањето се прави врз основа на прогнозираната заработка од обложувањето.

На пример, играчот има почетна сума од $40. Тој одлучува дека сака да добие приход од $2 од секој спортски облог. Понатаму треба да ги разгледа коефициентите на натпреварот. Да претпоставиме дека типувачот ќе направи облог за победа на првата екипа со коефициент 1,5. Во дадениот случај потребно е да се постават $4 за да се добијат $2. Ако облогот ќе проработи, типувачот ќе ги врати и сумата на облогот и планираната добивка.
Предноста на оваа стратегија е во тоа што играчот знае каков доход сака да добие и која висина на облогот треба да ја избере за постигнување на таа цел. Сепак, при губење и намалување на банката, висината на облозите ќе расте. Серијата на порази може брзо да го испразни банкролот.

Варијабилна сума

И последната стратегија е варијабилна сума. Иако многу теоретичари на обложувањето не ја сметаат оваа варијанта за пресметување на оптималниот банкрол како стратегија. Всушност, станува збор за тоа дека одредувањето на сумата за облогот се изведува според искуството на самиот типувачот. Ако играчот губи, тогаш тој може да ја крене висината на облозите, а при добивки да ја спушти.

Бидејќи во стратегиите се зависи од расположението на играчот и дадената ситуација, улогата на човечкиот фактор се зголемува. Ние препорачуваме да прибегнувате кон оваа варијанта за внимателно користење на банката. Почетниците подобро е да ги применуваат горенаведените три стратегии.

Како заклучок за денешната лекција, сакаме да кажеме дека изборот на стратегија зависи од искуството на типувачот и постоечкиот паричен фонд. Може да се користи секоја од варијантите по ред, за да се одреди кој пристап ви одговара лично вам. Меѓутоа, не препорачуваме да го избирате „варијабилното обложување“. Таа стратегија може да доведе до брзо губење на банката. Во други случаи, исто така, потребно е да се биде сталожен и да се преземаат добро промислени одлуки при пресметувањето на настаните од натпреварите. Сепак, со помош на овие стратегии играчите ќе имаат таканаречено „осигурување“ од губење на банкролот.


melbet Portugal

Читај исто така