На какви видови спорт може да се прават облози?
- Спорт на кој може да се поставуват облози
- Стационарни и онлајн обложувалници
- На кои спортски дисциплини треба да се прават облози?
Спорт на кој може да се поставуват облози
Денес обложувалниците, кои работат преку теренски канцеларии или кои нудат онлајн услуги, прифаќаат облози на сите популарни видови спорт. Нивниот билтен (сите спортски дисциплини на кои може да се поставуваат облози) зависи од „развиеноста“ на обложувалницата и нејзината стратегија на пазарот. Обично, на играчите им се нудат облози на повеќе од 20 видови спорт. Меѓутоа, има и такви каде што играчите можат најдат повеќе од 40 дисциплини.
Билтенот на онлајн обложувалниците вклучува повеќе спортски дисциплини отколку оној на стационарните претставништва. Во понудата на интернет компаниите, покрај популарните видови на спорт (фудбал, тенис, хокеј итн.), има и такви кои добиваат се поголема популарност (боб, сквош, тротинг и др.). Покрај ова, корисниците можат да најдат настани за сајбер-спорт натпревари. Популарноста на игрите во сајбер првенствата брзо расте и привлекува сè повеќе играчи.
Стационарни онлајн обложувалници
Во 2020 година обемот на облози на гемблинг порталите го надмина бројот на поставени облози во теренските канцеларии. За ова придонесоа неколку фактори, вклучувајќи го и ширењето на корона вирусот и ограничувањата за посета на стационарните обложувалници. Онлајн обложувалниците, исто така, овозможуваат деноноќно поставување на облози, 365 дена во годината. Покрај тоа, кој било спорт и да ги интересира играчите, на интернет може да се најде обложувалница која работи со тие дисциплини. Подетално за тоа, како да се поставуваат облози ќе позборуваме во одделна статија.
На кои спортски дисциплини треба да се прават облози?
Откако ќе помине еуфоријата од првите добивки, новите играчи често го поставуваат прашањето: „На кои видови спорт е подобро да се поставуваат облози?“ Експертите едногласно одговараат „На тие, коишто носат приход“.
Заради огромниот број на настани на сајтот на обложувалницата, на почетниците може да им се сврти во глава. Затоа тие треба да се придржуваат до неколку едноставни правила:
- Најдобро е да се поставуваат облози на тие спортски дисциплини за кои играчот е заинтересиран. Во тој случај тој ќе биде уверен во своите сили и знаењата за спортот ќе му помогнат да направи правилна прогноза.
- Потребно е да се обрне внимание на популарноста на избраната дисциплина. Не е тајна дека фудбалот е интересен за многу повеќе луѓе, отколку, да речеме, за одбојката. Затоа разновидноста на настани ќе биде поголема, а коефициентите во сите обложувалници помал. За другите дисциплини може да се најдат многу попривлечни коефициенти.
За сфаќање на целосната слика за популарноста на видовите спортови ние земавме податоци од сервисот Statista. Според состојбата од 2019 година, играчите најмногу облози поставувале на овие дисциплини:
- Фудбал – 38%.
- Тенис – 25%.
- Хокеј – 10%.
- Кошарка – 8%.
- Одбојка – 5%.
- Пинг понг – 5%.
- Други видови спорт – 9%.
Обложувалниците, исто така, се ориентираат на вакви податоци, затоа бројот на настани е директно правопропорционален со популарноста на видот на спортот. Покрај тоа, облозите почесто се достапни за топ првенствата отколку за останатите лиги. Обично, настаните за локалните првенства треба да се бараат во понудата на големите и познатите обложувалници. На нашиот сајт може да најдете повеќе информации за нив.
Читај исто така
Кога треба да се зголеми висината на спортските облози?
Време за зголемување на висината на облогот Во претходните лекции ги замоливме читателите да бидат…
Како да се анализира дневникот за спортски облози?
Зошто дневникот за облози е важен за играчот? Ако играчот сака да стане искусен типувач,…
Што претставува ROI во обложувањето и како да се пресмета?
Што претставува ROI во спортските облози? На секој играч кој поставува спортски облози ќе му…
Психологија на обложувањето: кои чекори ќе му донесат успех на играчот?
Што влијае на успехот во обложувањето? Во текот на целата наша школа стануваше збор за…
Каква улога има психологијата за спортското обложување?
Психологија на спортски облози Многу играчи кон обложувањето се однесуваат како кон некој вид хоби…
Успешното спортско обложување и теоријата на веројатност
Како теоријата на веројатност влијае на спортот? Секој настан може да се разгледува од гледна…