Menu

Каква улога имаат обложувалниците во организацијата на спортските облози?

Роль букмекеров
Кога станува збор за поставување на спортски облози, играчите се обраќаат во обложувалниците. Во една од претходните статии зборувавме за разновидноста на обложувалници на пазарот. Сепак, денес сакаме да раскажеме за улогата на компаниите за игри на среќа во организацијата на спортските облози.

Што претставува обложувалницата?

На почетокот од појавувањето на спортското обложување, а имено во времето на Древна Грција и Рим се користеле таканаречените тотализатори. Сите заинтересирани се обложувале на победа или пораз на спортистот и по резултатот вкупната сума се делела меѓу победниците. Денес овој формат на забава постои како посебен облог и е даден во понудата на обложувалниците како „спортски тотализатор“. Треба да се забележи дека тој e доста баран од страна на играчите.

И покрај тоа што постојат различни видови на тотализатори сепак, сите тие, како и другите видови на облози, се организираат од обложувалниците. Оттука произлегува и дефиницијата за обложувалницата – правно лице кое се јавува како организатор на игри на среќа (меѓу кои и спортски облози) за корисниците. Подетално за карактеристиките на работата на обложувалниците ќе позборуваме во следниот раздел.

Со што се занимаваат обложувалниците?

Во дефиницијата за обложувалницата се крие одговорот на прашањето за нејзината улога. Обложувалниците на играчите им нудат настани за избор, коефициенти, прифаќаат облози, вршат исплаќање на добивките, поддршка итн. Со други зборови, компанијата за игри на среќа на себе ги презема сите прашања поврзани со организацијата и изведувањето на обложувањето. Како резултат на тоа, типувачот добива квалитетна услуга, која овозможува поставување на облози и, во случај на какви било прашања, може да се обрати во службата за поддршка на обложувалницата.

Сепак, не треба да се заборава дека обложувалниците не се меценати. Тоа е бизнис кој е ориентиран на добивање максимален приход, воедно за сметка на поразот на корисниците. Затоа сите обложувалници, и покрај тоа што себе си се позиционираат како компании каде највисоко се ценат играчите, сепак на крај ги следат своите бизнис интереси.

За да биде осигурана во добивањето приходи, обложувалницата се труди да го предвиди резултатот на натпреварот и да понуди такви коефициенти со кои секогаш ќе биде „на коњ“. На пример, во мечот меѓу „Реал“ и „Челзи“, во кој „Челзи“ има шанса за победа од 40%, идеалниот коефициент за победа на „Челзи“ изнесува 2,50 (100/40). Сепак, обложувалниците ќе го намалат тој коефициент и на корисниците ќе им понудат 2,40, 2,35 итн. Затоа задачата на играчите е да ја најдат најдобрата понуда преку проверување на понудите од различни обложувалници. За да се направи облог со највисоки коефициенти, треба да се има профил на неколку сајтови за обложување. За ова веќе зборувавме во претходната статија и уште еднаш сакаме да го нагласиме.

За тоа, како правилно да изберете обложувалница стануваше збор во статијата „Како да правите спортски облози?“. Ако уште не ја прочитавте, препорачуваме да се запознаете со неа.


melbet Portugal

Читај исто така