Menu

Како да направите идеален облог? 2 дел

Как сделать идеальную ставку
Во првиот дел од темата „Како да направете идеаен облог?“ ние наведовме неколку важни критериуми на кои треба да обрнете внимание при избирање на сајт за обложување. Сега сакаме да ја дополниме таа информација со критериумите кои треба да се земат предвид пред поставувањето на идеалниот облог.

Што е тоа бесплатен облог?

Обложувалниците често на почетниците им предлагаат да ги испробаат своите сили во обложување преку бесплатни облози или фрибети. Тоа не е ништо друго, туку сума на пари која обложувалницата му ја дава на посебна сметка на играчот. Неа може да ја користи во рамките на акциите, на сите или на некои настани на сајтот.

Обично, бесплатните облози влегуваат во бонусот за добредојде или се даваат со други акции од обложувалницата. Затоа препорачуваме да се запознаете со достапните понуди на порталот на избраната обложувалница.
Во што се состои предноста на бесплатниот облог? Играчот добива можност да испроба одредена обложувалница и притоа да добие добар приход. Сепак, треба да се запамти дека добивката од фрибетот треба да се одигра според правилата опишани во условите на акциите. Затоа, ако имате некакви замерки до обложувалницата откако бесплатно ќе поставите облог, можете да се обидете да ги повлечете своите пари и да не го користете тој сервис понатаму.

Ве молиме да обрнете внимание дека пред регистрацијата на сајт на обложувалница препорачуваме да се запознаете со карактеристиките за добивање на бесплатен облог и неговото одигрување. Понекогаш тоа не е лесна процедура.

Бонус понуди од обложувалницата

Обложувалниците се обидуваат да ги привлечат новите играчи и да ги задржат постојаните корисници преку акции и специјални понуди. За тоа придонесува и конкуренцијата, која постојано се зголемува на пазарот за онлајн обложување. Затоа кога ќе ја избирате обложувалницата препорачуваме да се запознаете со бонусите и акциите кои ги нуди. Благодарение на исполнувањето на условите на акциите, типувачот може да добие добар бонус.

Сепак, пред да учествува во акции играчот треба внимателно да ги прочита условите. Треба да се запамти ова едноставно правило: високиот бонус не значи исплатлив бонус. Најважни од сè се условите за одигрување на добиената награда кои можат да бидат сложени. За тоа веќе зборувавме во претходниот раздел.

Најважниот бонус, на кој треба да се обрне внимание, е бонусот за регистрација. Корисникот може да го започне својот пат со прилично добра почетна награда. Обично, во новите или малите обложувалници овој бонус е мал. Кај популарните обложувалници горе-долу е ист. Затоа 99% од обложувалниците во својот арсенал имаат и награда за регистрација.

Дополнителни понуди за играчите

За успешно поставување на идеални облози треба и да се одредат настаните и коефициентите. Спортските настани треба да се избираат по принципот: колку подобро играчот го знае спортот и учесниците на средбата, толку е поголема шансата за правилно пресметување на исходот. Затоа на почетниците и препорачуваме да избираат топ натпревари за обложување.

Сепак, колку попопуларни ќе бидат спортот и лигата, толку пониски се коефициентите за победа на фаворитот. За тоа, какви можат да бидат коефициентите зборувавме во одделна статија. Сакаме само да забележиме дека за барање на подобри коефициенти треба да се запознаете со понудите на неколку обложувалници. Исто така, може да побарате соодветни акции за спортски натпревари или за зголемување на добивката.

И за крај, препорака од редовните играчи: идеалниот спортски облог е добитен облог.

Благодариме што одвоивте време да се запознаете со последниот материјал од 1 ниво на „Школата за облози“. Ве повикуваме да преминете кон следното ниво.


Читај исто така