Menu

Каква улога игра веројатноста во спортското обложување?

Вероятность в ставках на спорт
Главната задача на играчот е да ја победи обложувалницата. За постигнување на таа цел, потребно е да се користат математички модели, меѓу кои и теоријата на веројатност. Благодарение на точните пресметки типувачот ќе може правилно да ја оцени ситуацијата на пазарот, да го предвиде исходот, да избере правилна висина на облогот и, на крај, да го зголеми својот капитал. Затоа во оваа статија ќе позборуваме накратко за улогата на теоријата на веројатност во обложувањето, маржата на обложувалницата и веројатноста на резултатот во натпревар.

Обложувањето и теоријата на веројатност

Поимот веројатност веројатно најдобро го опишува вицот за жената која ја прашале колкава е шансата да види диносаурус во градот? „50/50. Ќе го видам или не“, – одговорила жената. Па така, теоријата на веројатност е дел од математиката за законите поврзани со случајните настани и величини. Спортскиот натпревар, исто така, е настан и со помош на веројатноста може да се оцени како ќе заврши играта.

Постојат неколку пристапи за определување на веројатноста кои може да ги примениме и за обложувањето:

  • Априорен или Бајесовски метод. Според овој пристап исходите следат еден по друг. Во натпреварите кои се повторуваат меѓу двајца спортисти, ривалите ќе победуваат еден по друг, т.е. со веројатност од 50%. Сепак, во реалноста еден спортист може да победи во неколку натпревари по ред. Затоа оваа пресметка е условна и треба да се зборува за варијанса, која се одредува со посложени формули.
  • Емпириски метод. Познавајќи ја статистиката на натпреварите меѓу двајца спортисти може да се одреди победата и во новиот натпревар. На пример, тинисерот Бр.1 го победил во 13 натпревари од 24 тенисерот Бр.2. Ја применуваме формулата P = (N / X) * 100%, каде што N e бројот на натпреварите кои не интересираат, X e бројот на сите натпревари. Добиваме P = (13 / 24) * 100% = 54,16%. Така, со веројатност од 54,16% ќе победи тенисерот Бр.1.
  • Субјективен метод. Се заснова на искуството на типувачот, ситуацијата на пазарот или други фактори кои влијаат на натпреварот. Колку повеќе фактори има, толку поточно ќе се одредува исходот на средбата.

Благодарение на користењето на еден од горенаведените методи, може да се направи прогноза за победникот во натпреварот и понатаму да се премине кон одредување на висината на облогот.

Маржа на обложувалниците и веројатност на исходите

Обложувалниците, пред да објават некој настан во својата понуда, исто така, ја пресметуваат победата во натпреварот. Таа се вреднува со помош на коефициенти, кои ги нуди обложувалницата. Во коефициентите, исто така, е содржана и маржата – загарантираната заработка на обложувалницата. А бидејќи нејзината главна задача е да го победи играчот, информацијата од коефициентите може да се искористи за пресметување на веројатноста за победа во еден или друг натпревар.

Играчот може лесно да го пресмета процентот на веројатност на исходот од натпреварот. За тоа ја користиме формулата: P = (1 / K) * 100%, каде што К е коефициент на исходот.

На пример, во натпреварот „Арсенал“, – „Барселона“ коефициентите за победа на екипите се 4,2 и 1,77, нерешено – 4. На тој начин, веројатноста за победа на „Арсенал“ во ирата е: (1 / 4,2) * 100% = 23,81%. Шансата за победа на „Барселона“ е 56,50%, за нерешено 25%.

Врз основа на горенаведените пресметки може да се дознае каков приход (маржа) очекува обложувалницата. За тоа ги сумираме веројатностите на сите исходи и одземаме 100: 56,5 + 23,81 + 25 – 100 = 5,31.

И така, со користење на веројатноста која се содржи во коефициентите за исходите од натпреварите може да се дознае шансата за победа на екипата или спортистот. Основајќи се на тие податоци, а исто така, на својата анализа и пресметки, типувачот треба да одлучи како ќе ги постави облозите.

Ова беше последната лекција во нашата школа за второто ниво. Како што гледате, зборувајќи за математика и теорија на веројатност, ние не прибегнувавме кон сложени формули. Сепак, добиената информација дозволува да се прават правилни одлуки во спортското обложување. Во следните лекции, потпирајќи се на добиеното искуство, ќе зборуваме за коефициентите, ROI и други важни фактори за обложувањето.


melbet Portugal

Читај исто така