Menu

Обложување на фаворит: да или не?

Ставки на фаворитов
Постојат различни мислења во врска со обложувањето на фаворити. Едни играчи велат дека овие облози водат кон банкрот, а други дека тие се оптимално решение за почетниците, трети дека некогаш овие облози се оправдани. На кое мислење треба да му се верува? И дали вреди да се поставуваат облози на фаворити? За ова ќе позборуваме во денешната лекција.

Што е обложување на фаворит?

Како што може да се сфати од називот, обложување на фаворит се облози на екипа или спортист кои имаат поголема шанса за победа во натпреварот. Затоа не зачудува тоа што овој вид на облози е многу популарен меѓу почетниците. Најпрвин, корисниците кои само што го започнуваат својот пат во спортското обложување сигурно знаат дека, на пример, ФК „Барселона“ е посилен од ФК„Легија“ од Варшава. Во овој случај шансата дека тие ќе направат точна прогноза е повисока. Второ, обложувањето на фаворити дава поголеми шанси за поврат на облозите и добивање на мал приход. Така, во фудбал фаворитите победуваат скоро во повеќе од 50% од натпреварите.

Разбирањето на принципите и општиот концепт на обложувањето на фаворити како дел од стратегијата се многу важни за почетниците. Правилното користење на овој вид на облози ќе помогне за доближување до главната цел, а тоа е да се стане професионален играч.

Како да се определи фаворитот во натпреварот?

Во повеќето случаи почетниците ќе можат лесно, со помош на интуиција да го одредат фаворитот на натпреварот. Во горенаведниот пример шанса за победа има „Барселона“, а не варшавската „Легија“. Сепак, за време на средба на еднакви ривали, одговорот секогаш не е очигледен. Така за играта меѓу „Реал“ и „Барселона“ тешко е да се каже која екипа ќе победи. Се зависи од кондицијата на играчите, ситуациите со повреди и клучните фудбалери, црвени картони итн.

Затоа постои едноставен и проверен начин како да се одреди фаворитот во натпревар. За ова треба да и се доверите на обложувалницата (таа веќе ги пресметала сите ризици) и да погледнете на коефициентите за екипата/спортистите. Кој има помал коефициент, тој е фаворитот. Обично, за потенцијалните победници коефициентот не е поголем од 1,55.

Како да се прават облози на фаворит за добивка?

Постои мислењето дека обложувањето на потенцијални победници е пат кон банкротирање. Сепак, оваа стратегија има свои плусови и минуси за кои ќе позборуваме подолу. Сега ќе раскажеме како подобро да се поставуваат облозите на фаворити за да не се потроши целиот банкрол.

Како што беше забележано претходно, коефициентите за фаворит се движат од 1,10 до 1,55. Колку е понизок коефициентот, толку е поголема шансата за победа на екипата или спортистот. Од друга страна, овие облози не носат големи добивки и можат да доведат дури до губење на банката. Затоа не треба да се прават облози со коефициенти пониски од 1,20, но и не повисоки од 1,55.

Покрај тоа треба да се внимава на ривалот. Ако коефициентот за негова победа е за 2 пати повисок отколку на фаворитот, тогаш сигурно може да се обложите. На пример, во натпреварот меѓу „Барселона“ и „Легија“, шпанците имаат шанса за победа од 1,3, а полјаците 2,75. Во овој случај може да се поставува облог.

Како што се гледа, користењето на стратегијата за обложување на фаворит е лесен инструмент кој, при вешто користење, гарантира приход во обложувањето.

Кои се предностите и недостатоците на обложувањето на фаворити?

Ќе ги издвоиме клучните плусови и минуси кои ги привлекуваат типувачите за обложување на потенцијални победници. Во предности можат да се вклучат:

  1. Поголема шанса за победа. Со ретки исклучоци, бројот на добитни облози ги надминува поразите и носи редовен приход.
  2. Помалку грижа за облозите. Доколку фаворитите играат стабилно, типувачот нема да се грижи за исходот на натпреварот, како на пример, при облози со високи коефициенти.
  3. Голем број на информации. Во медиумите може да се најдат многу анализи за фаворитите (претходни ири, повреди, прогнози итн.), што не може да се каже за аутсајдерите.
  4. Мала маржа од обложувалницата. Бидејќи коефициентите се ниски, обложувалниците, исто така, не задржуваат голем приход за себе.
  5. Поголеми лимити за облози. Често обложувалниците ги лимитираат облозите. За фаворитите тие се повисоки, отколку за втората екипа (обложувалницата не сака да го изгуби својот приход).

Што се однесува на недостатоците на обложувањето на фаворити, тие се:

  1. Ниски коефициенти. Коефициентите на облозите на фаворити често се движат од 1,10 до 1,25, А како што забележавме претходно, стратегијата не препорачува да се избираат вакви настани за облози.
  2. Второкласни натпревари. Тренерскиот состав може да одлучи дека играта е од втора класа и да го пушти вториот состав (кога станува збор за спорт со екипи). Во таков случај шансата за пораз на фаворитот е повисока.
  3. Договорени натпревари. Во пониските лиги постојат и договорени натпревари. Во таков случај, стратегијата на обложување на фаворити не работи. Затоа подобро избирајте познати лиги за такви облози.
  4. Неправилно вреднување од обложувалницата. Обложувалницата може да ја потцени екипата или спортистот. Неправилен коефициент подоцна може да доведе до губење на парите на играчите.
  5. Интензивност на натпреварите. Многу натпревари во лигата можат негативно да влијаат на формата на екипата или спортистот. Затоа треба дополнително да се анализираат податоците и не секогаш мислењето на обложувалницата треба да се земе здраво за готово. Во овој случај помага дневникот за обложување.
  6. Облози без стратегија. Облозите на фаворити се избираат од почетници кои уште немаат своја стратегија. Овие облози не носат голем приход и можат да бидат само привремено решение или да се комбинираат со други шеми за обложување.

Така, облозите на фаворити се интересен вид на облози. Нив дефинитивно треба да ги вклучите во својата основна стратегија за да ја победите обложувалницата. Сепак, не препорачуваме да користите само облози на потенцијални победници. Играчот ќе троши многу време, а ќе добива мал приход, а понекогаш дури и ќе ги губи своите пари.


melbet Portugal

Читај исто така