Успешното спортско обложување и теоријата на веројатност
Како теоријата на веројатност влијае на спортот?
Секој настан може да се разгледува од гледна точка на теоријата на веројатност. Сепак, за точна пресметка едноставните формули не помагаат секогаш. Така, ако станува збор за монета, веројатноста за погодување на писмо или глава е еднаква на 50%. Со други зборови, шансата да се падне која било од страните на монетата е еднаква. Исто така, може да се претпостави дека во време на игра, победата на секоја од двете екипи или спортисти е еднаква на 50%. Сепак тоа е теорија. На практика работите изгледаат поинаку.
На различни настани влијаат различни фактори. Во случај со монетата, играчот може да ја фрли посилно или побрзо да ја покрие со раката итн. Кога станува збор за спортот, пред натпреварот можат да се јават промени во составот на екипата, или спортистот може да биде повреден, или да преживува емоционален шок. Сето ова секако влијае на учесниците на натпреварот и самите типувачи.
Затоа во статијата за улогата на веројатноста во спортските облози ние препорачувавме да се гледа на коефициентите. Тие ја прикажуваат ситуацијата на претстојниот натпревар или играта која се изведува во живо. Обложувалницата ја пресметува веројатноста на исходот според своите формули и работата на аналитичкиот тим. Затоа оваа информација ќе им биде полезна на корисниците.
Кои се основните причини за успешно обложување?
За да стане професионален играч и да добива приходи од облози, типувачот треба да научи да ја применува теоријата на веројатност. Во веќе споменатата лекција ние наведовме 3 начини за определување на веројатноста (априорен, емпириски и субјективен). Исто така, ја прикажавме едноставната формула со која коефициентите на исходите стануваат шанса за нивно остварување. Затоа нема да се задржуваме на ова, туку ќе раскажеме што влијае на успехот во спортското обложување и каква врска има веројатноста со тоа?
Еве неколку совети на кои почетниците треба да обрнат внимание:
- Имајте ја предвид варијансата. Во наведениот пример за монетата шансата за погодување на секоја од страните е 50%. Тоа значи дека ако сега имаме писмо, тогаш наредниот пат ќе се падне глава. Меѓутоа ова е погрешно тврдење. Може и неколку пати по ред да се паѓа писмо или глава. Ваквите отклонувања на величината од очекуваната веројатност се нарекува варијанса. Таа треба да се зема предвид при донесувањето на одлуки за обложување.
- Никој не ја знае веројатноста на настаните. Не е можно со 100% увереност да се каже дека една или друга екипа или спортист ќе победат во играта. Математичките формули и пресметки помагаат само за претпоставување на исходот на натпреварот, меѓутоа не може да се предвидат сите фактори. Затоа секој облог е ризик, дури и оној со висока шанса за добивка.
- Не преземајте брзи решенија. Поставувајќи неколку облози, играчите веднаш ја преценуваат ефективноста на својата стратегија. Сепак овој приод не ги прикажува сите страни. За да се види дали избраната стратегија е добитна или не, потребни се повеќе резултати. Тоа овозможува да се земе предвид и варијансата, за која спомнувавме во првата точка.
- Оценувајте ја тековната ситуација. Кога почетникот започнува да поставува облози на спортски натпревари тој не гледа толку на претходната статика на игрите, кондицијата на спортистите или други важни фактори како што се еминенцијата на екипата или спортистот. Овие облози влегуваат во субјективна веројатност. Сепак, шансата за добивика на овие облози на почеток е помала отколку при користење на други приоди за пресметување на веројатноста.
- Обложувалниците не се казино. Не треба да се изедначува дејноста на обложувалниците и казината. И едните и другите нудат услуги поврзани со игрите на среќа. Сепак, веројатноста на настаните во многу игри на среќа се знае порано и може да се пресмета поточно. Во спортот е многу покомплицирано. Овде треба да се обрне внимание на нијансите и да се земат предвид при поставувањето на облози.
Како заклучок препорачуваме да обрнете внимание на теоријата на веројатност во спортот. Таа игра важна улога заедно со анализата на натпреварите. Правилното користење на тие два инструмента на почетникот му дава можност да се приближи кон главната цел, а тоа е да стане искусен играч.
Читај исто така
Кога треба да се зголеми висината на спортските облози?
Време за зголемување на висината на облогот Во претходните лекции ги замоливме читателите да бидат…
Како да се анализира дневникот за спортски облози?
Зошто дневникот за облози е важен за играчот? Ако играчот сака да стане искусен типувач,…
Што претставува ROI во обложувањето и како да се пресмета?
Што претставува ROI во спортските облози? На секој играч кој поставува спортски облози ќе му…
Психологија на обложувањето: кои чекори ќе му донесат успех на играчот?
Што влијае на успехот во обложувањето? Во текот на целата наша школа стануваше збор за…
Каква улога има психологијата за спортското обложување?
Психологија на спортски облози Многу играчи кон обложувањето се однесуваат како кон некој вид хоби…
Преднатпреварски и лајв облози: каде се подобри коефициентите?
Преднатпреварски спортски облози Како што беше забележано претходно, почетникот треба да ја усвои теоријата и…